Жозефина како вдовица на 32 години и со две деца, го запознала Наполеон во 1795 година, кога тој имал 26 години. Нејзиниот маж бил погубен на гилотина.

Една од верзиите за љубовта на Наполеон и Жозефина е дека таа веднаш му се допаднала, но тој не и се допаднал нејзе. Сепак, навикната на живот на висока нога, се согласила да се омажи со него. 

Ни нејзината ни неговата фамилија не се согласувале со бракот. За неговите таа била подостарена вдовица со сомнителен морал и две деца, која не се знае дали уште може да раѓа, а за нејзините Бонапарта бил безначаен генерал со малку пари кој постојано е на бојно поле.

Вљубениот Наполеон бргу по склопувањето на бракот морал да замине и бил несреќен што ја остава сопругата. И пишувал писма со восхитување и убави зборови, а таа продолжила со својот живот полн со афери и секогаш наоѓала начин да не оди со него.

- Веќе не те сакам, те презирам. Ти си грозна, глупава, не ми пишуваш, не го сакаш својот сопруг. Ти знаеш какво задоволство ми прават твоите писма а не сакаш да ме удостоиш ни со шест реда најобични шкрабаници. Се надевам дека бргу ќе те прегрнам и ќе те опсипам со милиони врели бакнежи - стои во едно од писмата на Бонапарта до Жозефина.


Related image


Кога дознал што прави Жозефина додека тој не е дома, решил да го смени начинот на однесување кон неа - не ја оставил но почнал да ја игнорира. Тогаш таа решила да му се посвети само нему, престанала да го изневерува но тој се држел настрана од неа. Почнал да менува љубовници. Во писмата и натаму и пишувал дека ја сака само неа и не признавал дека има други жени.


Наполеон и Жозефина се развеле бидејќи таа не можела да му роди наследник. Останале во добри односи а тој останал вљубен во неа. Со новата сопруга, австриската принцеза матија Луиза добил син, но ја посетувал Жозефина во дворецот каде живеела и се грижел за нејзините деца.

Четири години по разводот Жозефина починала од воспаление на белите дробови, компликација наводно добиена од настинка добиена за време на прошетка со рускиот цар Александар. Во тоа време Наполеон веќе бил поразен а за нејзината смрт дознал на островот Елба каде бил протеран истиот месец кога Жозефин починала.

Наполеон наводно тогаш се заклучил во соба и два дена не сакал да види никого.

Тој починал 7 години подоцна а неговиот последен збор на смртната постела било името на Жозефина.


Датум на објава: среда, 11 јануари 2017 во 13:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар