Ова беше последниот дуел од 13.коло, а „металците“ ја постигнаа 10.та победа и се наоѓаат на третото место зад лидерот Работнички (13-0 победи/порази) и Блокотехна (11-2).
Убедливата прва четвртина во која играчите на МЗТ Скопје постигнаа 33 поени, а примија 12 ја навести победата.

Најефикасен кај победникот беше Бојан Трјковски со 17 поени, додека 16 реализираше Андреј Настовски. На овој дуел тренерот на првакот Жељко Лукајиќ, шанса им даде и на 17-годишните играчи Настовски и Дамјан Миса.

Датум на објава: среда, 24 јануари 2018 во 16:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар