Во конкуренција за признанието Спортист на годината 2017 во Република Македонија (мажи) се петмина и тоа: ракометарот Стојанче Стоилов кој со екипата на Вардар ја освои Лига на шампиони и обезбеден пласман на ЕП во Хрватска 2018, Евгениј Поп Ацев пој беше победник на годинашното издание од Гран-при серијата во Светскиот куп во далечинско пливање, каратистот Берат Јакупи носител на сребрен медал на ЕП во карате Кочели, Турција, фудбалерот Енис Барди кој со младата репрезентација (играчи до 21 година) на Македонија за прв пат настапи на завршницата на Европскиот шампионт во Полска, како и Димитар Ѓорѓиев кој на СП Будимпешта, во кик-кокс го освои бронзен медал.

Кај дамите, за ова признание номинирани се: Сара Ристовска - ракомет (2.место во Лига на шампиони, квалификации за СП 2017г., Бараж за СП 2017г. Квалификации за ЕП 2018 г. и), Јована Ѓорѓиева – карате (3.место на ЕП во Кочели, Турција), Нина Балабан - спортско стрелаштво (остварена норма за учество на ОИ на ЕП во Марибор, Словенија), Анастасија Богдановски - пливање (остварена норма во дисциплината 100м. слободно-жени на СП во пливање во Будимпешта, Унгарија) и Анџелика Митрашиновиќ (учество на квалификации за Еуробаскет за 2017г., најдобар поентер во националниот тим).

Покрај овие ќе бидат доделени и признанија уште во седум категории за кои се номинирани:

1. Млад спортист на годината: Петар Заборски – карате, Елиф Елмас – фудбал и Филип Кузмановски – ракомет.
2. Млада спортистка на годината: Сара Радичевска и Симона Симовска - карате, Берна Шерифовска – џудо.
3. Најуспешен машки национален тим: Ракометен национален тим У-21, Фудбалскиот национален тим У-21, Одбојкарскиот национален тим сениори.
4. Најуспешен женски национален тим: Кошаркарски национален тим - сениорки, Ракометен национален тим - кадети, Штафетниот тим во атлетика (Тимчевска, Јосифовска, Халили и Селими).
5. Најуспешен спортист на лице со инвалидитет: Андреј Стојаноски - пливање (4.место во дисциплината 400м. мешано на 23-ти Летни Олимписки игри за глуви во Самсун, Турција)
6. Најуспешен тренер/селектор: Петар Белистојаноски – карате, Раул Гонзалес – ракомет мажи , Драган Атанасовски - кик-бокс, Игор Ангеловски - фудбал Марјан Лазовски - кошарка жени
7. Најуспешна национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија, Карате федерација на Македонија , Фудбалска федерација на Македонија, Кик-боксинг федерација на Македонија и Одбојкарска федерација на Македонија

Во изборот право на глас имаат сите електронски и печатени медиуми, односно нивните спортски редакции, кои своите гласови треба да ги испратат најдоцна до 18 декеври со Агенцијата за малди и спорт.

Свеченоста ќе се одржи во „Драмкскит тетар“ во Скопје на 26 декмври 2017 година. /МИА

Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 18:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар