По кошаркарскиот турнир, одржан изминатата сабота (25 декември) како и настапот на полувремето од натпреварот помеѓу Македонија и Швајцарија во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2021, Специјалната Олимпијада денес ќе одржи семинар за мини-баскет за лица со интелектуална попреченост.

Семинарот ќе биде одржан во конференциската сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток во 10 часот.

- Овој семинар (обука) е дел од 14. Европската кошаркарска недела која се одржува во 35 земји низ Европа со учество од 19.000 спортисти и истата е поддржана од ФИБА. Целта е промоција на кошарката и мини-баскет во инклузивните училишта со што ќе се овозможи преку моќта на спортот, лицата со посебни потреби да развијат нови вештини, способности, да доживеат успех и да другаруваат со своите врсници на спортските терени и пошироко, информираат од Македонската кошаркарска федерација.

„Да бидеме дел од инклузивната револуција и да создаваме нови генерации на кошаркари и кошаркарки“ е мотото на денешниот настан организиран од Специјална Олимпијада на Македонија. /МИА

Датум на објава: недела, 03 декември 2017 во 09:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар