- Ова не ми се допаѓа. Не е исто да се игра на 40 и 15 степени. Постојат ситуации и услови на кои секој играч се прилагодува на секој турнир и секој натпревар. За такви работи отсекогаш сме имале судија. Мислам дека овој часовник не може да придонесе за одличен натпревар. Се разбира, ако не сакате големи натпревари, тогаш тоа е прилично добра идеја, вели Надал.

За време на мечевите часовник ќе го одбројува времето да не се надминат дозволените 25 секунди за сервис меѓу два поени.

Ќе се мери и дозволеното време од една минута за влез на теренот, пет минути загревање и една минута подготовка за почеток на мечот.
За тенисерите кои нема да се придржуваат до овие времиња ќе следуваат парични казни кои можат да достигнат до 20 илјади долари.

Датум на објава: среда, 22 ноември 2017 во 10:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар