Британецот ја освои 11. пол-позиција оваа сезона и вкупно 72. во кариерата по најбрзо извозен круг (1:34.822 минути) ноќеска во квалификациите.
Од првиот ред, веднаш до Хамилтон ќе стартува Себастијан Фетел од Ферари.
Третото стартно место е за Валтери Ботас од Мерцедес, а четвртото за Даниел Рикардо. Првите 10 во квалификациите ги пополнија: Кими Раиконен, Макс Ферстапен, Естебан Окон, Карлос Саинц, Фернандо Алонсо и Серхио Перез.
Почетокот на трката е во 21 часот по македонско време.
Евентуална победа на Хамилтон, а пласман на Фетел под петтото место ќе значи нова титула за Британецот./МИА

Датум на објава: недела, 22 октомври 2017 во 11:09
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар