За нас секако најзначаен беше дуелот во Талин, каде селекцијата на Естонија го победи Косово со 76-50 во рамките од Ц групата, во која настапува и македонската репрезентација, која во сабота во Скопје ќе игра против Косово. На табела лидер е Естонија со 4 бодови, пред Косово кој сега има 3, а Македонија има 2 бода.

На натпреварите од другите групи беа постигнати следниве резултати:

А група: Словачка – Шведска 68-59 и Босна и Херцеговина - Ерменија 98-85.

Табела: БиХ 5 бодови, Ерменија 5, Шведска 4, Словачка 4.

Б група: Холандија - Албанија 91-77.

Табела: Холандија 4, Австрија 3, Албанија 2.

Д група: Белорусија – Португалија 78-75

Табела: Бугарија 4, Белорусија 3, Португалија 2.

Натпреварите од 4.коло на програмата се в сабота. /МИА

Датум на објава: четврток, 10 август 2017 во 10:01
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар