Нашите кадетки го искористија домашниот терен и останаа во борбата за првата позиција во групата.
Македонија ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 24:20. Најефикасни во нашиот состав беа: Марија Тасевска и Јована Кипријановска со по 7 голови, додека одична во завршницата беше голманката Јована Мицевска.
На вториот дуел од А групата Полска ја победи Швајцарија со 30:23. Утре Македонија против Полска ќе игра натпревар за првото место во групата.
По 4.коло Македонија и Полска имаат по 6 бодови, Швајцарија 4, Фарски Острови 2, а Грција е без бод откако е исфрлена од шампионатот.
Во Б групата денеска: исланд - Словенија 15:28 и Бугарија - Косово 41:30.
Табела Б група: Словенија 6, Бугарија 6, Израел 2, Косово 2 и Исланд 0. мн

Датум на објава: петок, 04 август 2017 во 21:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар