Во составот на Турција најголема ѕвезда моментно е Арда Туран од Барселона, но има уште дузина исклучително квалитетни играчи. Тие ќе играат со Косово во Скадар исто така на 11 јуни, па и за нив пријателскиот натпревар со Македонија ќе биде добра проверка.

Досега Македонија имаме одиграно седум натпревари против Турција и има биланс од една победа, едно реми и пет порази. Во 1994 и 1995 година „црвено-жолтите“ двапати загубија во пријателски натпревари, со 0:2 и 1:2, а потоа следеа поважните мечеви.

Во квалификацискиот циклус за Мундијалот во 2002 година Македонија дома загуби со 1:2, а на гости беше 3:3. Тие два меча се играа во 2001 година. Во следниот циклус квалификации за ЕП 2004, Турците два пати победија (1:2 и 3:2). Единствената победа во седумте меѓусебни дуели македонските фудбалери ја остварија во 2006 година, кога во пријателски меч славеа со 1:0 на гостински терен.

Турција во Скопје доаѓа по цели 15 години. 

Датум на објава: вторник, 16 мај 2017 во 12:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар