На „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед е фаворит во дуелот со белгискиот претставник Андрелехт, особено што првиот натпревар пред седум дена заврши нерешено 1:1.

Втората белгиска екипа Генк во реваншот е домаќин на Селта, која оствари победа на првиот дуел со 3:2.

Минимална предност од 2:1 од првиот дуел на гостувањето во Истанбул ќе има и Олимпик Лион против Бешикташ. Негатива од два гола ќе треба да „брка“ Шалке против Ајакс откако холандската екипа победи со 2:0 на првиот натпревар.

Почетокот на сите натпревари е во 21:05 часот. /МИА

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 13:41
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар