- Ги молам навивачите веќе да не ни свират. Ние секогаш даваме максимум, а јас ќе се трудам да гледам само позитивни работи. На овој натпревар создадовме многу шанси, а Баерн покажа дека е одличен тим. Сепак подобри сме, постигнавме вкупно шест гола и заслужено одиме понатаму, изјави Роналдо.

Португалецот синоќа на реваншот постигна три гола и е првиот фудбалер со 100 погодока во Лигата на шампионите. Тој на првата средба во Минхен ги постигна двата гола за неговиот тим и тогаш стана првиот фудбалер со 100 гола во евро-куповите (ЛШ и Лига Европа заедно). /МИА

Датум на објава: среда, 19 април 2017 во 10:13
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар