Заев: СДСМ не калкулира со политичкиот рејтинг кога се работи за националните интереси

Во воведот во своето обраќање на 26. Конгрес на СДСМ, претседателот Зоран Заев, се осврна на постигнатите успеси во последните четири години, но и потсети каде беше нашата држава во 2017 година.

„Во изминатите речиси четири години, од последниот изборен конгрес во 2017 година СДСМ носи државнички успеси.

И ќе додадам, тоа се историски успеси на нашата татковина, гордо исправена, слободна, економски силна и развојна, која чекори напред, по вистинскиот пат – тоа е нашата Македонија, и мајка и татковина на нашиот македонски народ, на нашите сограѓани Албанци, на Турците, на Власите, на Ромите, на Србите, на Бошњаците и на сите други со кои тука живееме заедно. Успесите во овие четири години се заеднички, наши и на граѓаните, на нашиот народ.

СДСМ е државотворната партија на независна Република Македонија и гарантот за сигурна иднина на нашата современа Македонија.

Tој епитет „државотворна партија" сме го потврдувале многупати и пред 2017 година, а во последниве четири години одново, повторно, повеќе пати. Не беше лесно, знаеме. Пред нас стоеја натрупани, сериозни предизвици. Но заедно со вас, со поддршката и волјата на социјалдемократите и со мнозинската волја на граѓаните - успеавме! СДСМ наш, СДСМ мој, ти си гордост, а ние сме горди што те имаме, што те развиваме. Горди сме сите што сме дел од државотворна, демократска, одговорна, модерна, европска партија посветена пред се на граѓаните и на државата. Граѓаните и државата, нема ништо поважно!" порача претседателот Заев.

Заев истакна дека во 2017 година државата беше опустошена, меѓународно изолирана со поделено општество и суспендирана правда со погазени слобода и демократија, но граѓаните ја препознаа чесната понуда на СДСМ и ја дадода довербата, режимот беше срушен.

„Сите знаеме во какви услови ја добивме честа и довербата од граѓаните да ја водиме државата. Единаесетте години под режимот на ВМРО-ДПМНЕ оставија огромни, несогледливи последици во тоа време.

Државата ни беше опустошена. Додека граѓаните страдаа, државата одеше во погрешен правец, кон провалија.

Во таков амбиент се исправивме, кренавме глас, ја покажавме Вистината и заедно со граѓаните одлучно газевме по улиците, во борба за слобода и правда.

Излеговме со чесна понуда, со јасен „План за обезбедување нормален живот во Македонија". Со нов концепт: враќање на парите кај граѓаните, со сите сили на прав пат, кон интеграција, со постојана борба со режимските наследници, со одлучност за воспоставување на правна држава.

Тоа граѓаните го препознаа и се приклучија! Го срушивме режимот на ВМРО-ДПМНЕ кој цела деценија ја држеше земјата во заложништво. Нашата татковина тргна напред, економски, политички, демократски, на секое можно поле.

За нас, за мене, немало мирен мандат, немало мирно море. Не сум го ни очекувал тоа. Имало само пoстојана битка за доброто на нашата земја, за нашиот народ.

Ние од почеток се боревме на два фронта истовремено: на надворешен план, мораше да се решаваат наследени децениски проблеми, прашања за кои никој не собрал храброст да ги решава речиси 30 години, од осамостојувањето на нашата држава.

Решававме и решаваме прашања за кои популизмот носи брзи политички поени, но истовремено и ќор сокак за идните генерации.

Преку храброст, визија и одлучност го решивме спорот со Грција и денес нашиот сосед е еден од нашите најсилни поддржувачи и сојузници. Ја обезбедивме сигурната иднина на државата и народот, и го потврдивме македонскиот идентитет заедно со македонскиот јазик!

На внатрешен план, од првиот ден кога почнавме да ја водиме Владата, ние сме соочени со целосно деструктивно водство на опозицијата, со истата режимска матрица која прави се` за да ги спречува реформите, која прави се' за да нема правда, да нема напредок, која блокира, кочи и го поткопува секој чекор кон подобро живеење.

Три големи борби водевме и се уште водиме во ова наше заедничко време:

Борба против режимот и неговите остатоци!

Борба за подобар живот, за повеќе пари кај граѓаните, за европски стандарди дома!

Борба за безбедна и сигурна иднина, за НАТО и ЕУ!

Со многу трпение и прецизно планирање, со мудри одлуки, со посветеност и над се' со борбеност, ги добивме сите битка во изминатите четири години„ заклучи претседателот Заев.

На 21 март годинава Зоран Заев со 59.240 гласа „за", 865 „против" и со 277 неважечки ливчиња беше избран за претседател на СДСМ на првите непосредни внатрепартиски избори.

Мицкоски за спортските ваучери: Граѓаните ќе бидат шокирани што се случувало

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред црквата Свети Спас, по одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев, одговарајќи на новинарско прашање  во врска со обвинителниот предлог за спортските ваучери во Агенцијата за млади и спорт.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред црквата Свети Спас, по одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинителниот предлог за спортските ваучери во Агенцијата за млади и спорт, истакна дека ова е само мал дел од тоа што ќе излегува на површина и по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе дознаваат се што се случувало изминативе 6 и половина години.

- Тоа е само мал дел од тоа што очекувам во периодот што следи да излегува на површина, овој процес е наследен во оваа техничка влада во МВР и морам да признаам дека истрагата според оние информации со кои располагам е почната пред неколку месеци. Каде што јасно стои пратеник и портпарол на владејачката СДС, заедно со директор на агенцијата биле директно длабоко вмешани во корупција и во криминал, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ова е само мал дел од тоа што јавноста ќе сведочи по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија.

- Ќе бидат шокирани граѓаните што се случувало изминативе 6 и половина години, изјави Мицкоски.

Мицкоски: Се поклонивме на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување

Најпрвин ќе ми дозволите на сите православни христијани да им го честитам Христовото воскресение, да им посакам на сите граѓани во Македонија и насекаде во светот благосостојба, мир, љубов, хармонија во нивните домови, во нивното семејство. 

Ова се денови кога православните христијани го слават Христовото воскресение, нешто што за нас многу значи, за сите семејства. И уште еднаш ќе потенцирам дека ова се денови кога треба да ги минеме во хармонија и во обединување.

Истовремено ќе ми дозволите да истакнам дека денеска се поклонуваме на ова место, за нас посебно, традиционално, на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување, општествено обединување. Нешто што ќе ни биде потребно после осми мај. Нешто што треба да биде императив после осми мај. Да ја вратиме надежта. Да ја вратиме надежта дека Македонија и граѓаните на Македонија ќе успеат.

Така што уште еднаш ќе ми дозволите да изразам моја најдлабока лична почит кон македонскиот великан Гоце Делчев од мое име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, и од името на Коалицијата „Твоја Македонија“.

Скандал во Франција: Фудбалери со факели ги гаѓаат своите навивачи (ВИДЕО)

Натпреварот од 36. коло на француската Лига 2 Троа - Валенсиен беше прекинат и заврши во 89. минута, по немирите кои настанаа меѓу домашните навивачи и играчите.

Домашната екипа е во грчевита борба за опстанок и повеќе не зависи само од себе, па победа против фенерите и веќе видениот патник во Националната лига беше императив. Сепак, работите не тргнаа во посакуваната насока.

Симон Елисор му донесе водство на тимот во сопственост на „Сити груп“, но Ник Фенема израмни за Валенсија. Минутите поминаа, а надежите на Троја избледеа. Нерешениот резултат би им оставил само теоретски шанси.

Во 89. минута, домашните навивачи со факели го прекинаа натпреварот, што ги налути некои играчи, особено резервниот Жуниор Олаитан, кој на полувремето влезе во игра наместо Лука Илиќ.

Тој не беше среќен што симпатизерите го прекинаа натпреварот во важни моменти, па со факел им возврати на навивачите, што подоцна го повтори откако повеќе од нив паднаа од трибините со уште повеќе пиротехнички средства.

Неговиот пример го следеа и некои соиграчи, кои дополнително ги испровоцираа навивачите и го принудија судијата да ја прекине играта и да им зададе многу работа на дисциплинските органи...

притисни ентер