МОН: Промовирана нова иницијатива за спречување на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем
1МОН: Промовирана нова иницијатива за спречување на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем
3Тошковски: Не смееме да дозволиме насилството од домот да се пресели во училиштата, тоа мора да се препознае и спречи
МакедонијаВершуц: Нон-пејпер на крајот стана „Нон-пејпер“ кога бугарската страна се врати во Софија!Канал 5 вечерва сними ексклузивно интервју токму со реномираниот новинар Кристијан Вершуц, кој го обелодени фамозниот нон-пејпер ставен на маса пред Скопје и Софија во Берлин под покровителство на канцеларката Меркел..Игор Манасиевски разговараше со долгогодишниот дописник на Австриската телевзија ОРФ.. ,,Се разбира јас не сум бил присутен на тој состанок, но тоа јас сум го слушнал дека тој Нон-пејпер беше компромис кој практично го прифатија двете страни под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел а таму бил присутен и германскиот министер за надворешни работи. Но се работи за Нон-пејпер и тоа значи дека тоа не е договор туку нешто околу намерите за тоа да се почитува и очигледно тој Нон-пејпер на крајот стана Нон-пејпер кога бугарската страна се врати во Софија, од тоа нема ништо, вели новинарот Вершуц. ,,Јас лично мислам дека сите се уморни од историските прашања во врска со Македонија. Тоа го видовме во случајот со Грција кога никој во ЕУ не ја разбра суштината на спорот и ако сега ги гледаме овие барања од Бугарија тоа е уште помалку разбирливо. Единствено јас не можам да оценам колку Германија, пред се, и другите земји се подготвени да вложат енергија да извршат притисок врз Бугарија и Софија да го прифати овој Нон-пејпер и оваа рамка за да почнат преговорите. Тоа не можам да го оценам. ,,Јас лично мислам дека тоа е многу малку веројатно за тоа да се има разбирање ако ја погледнеме само историјата на сите овие спорови, од Пиранскиот залив помеѓу Хрватски и Словенија до спорот околу коњаникот Александар. Мене ми се чини дека голем дел од земјите на ЕУ немаат разбирање за тоа каков корен има некој јазик, тоа да биде пречка за почеток на преговори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
МакедонијаМОН: Промовирана нова иницијатива за спречување на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем„Прекинување на циклусот на насилство - системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“ е новиот проект на Министерството за образование и наука.„Прекинување на циклусот на насилство - системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“ е новиот проект на Министерството за образование и наука кој треба да генерира трајно системско решение за превенција на семејно насилство врз деца преку образовните установи и спречување на натамошна трансформација во врсничко насилство во училишните клупи. Станува збор за иницијатива која обединува повеќе институции, граѓански организации и училишта, а ќе се спроведува во период од една година. На денешната промоција во Владата, министрите за образование и наука, за социјална политика, демографија и млади и за внатрешни работи, заедно со претставници на Комората на психолози посочија дека семејното и врсничкото насилство се предизвици кои веројатно е дека ќе постојат и во иднина, но обврска на институциите и сите општествени чинители е да одговорат на најдобар можен начин за негативната статистика да биде сведена на најниско ниво. Министерката Јаневска рече дека проектот е насочен директно кон сузбивање на најголемиот причинител на врсничкото насилство - тоа е семејното насилство, што го потврдуваат бројни релевантни организации и стручни лица. Факт е, како што нагласи, децата не стануваат агресивни во училиште, туку најчесто тие доаѓаат агресивни од дома. „Ќе работиме на воспоставување одржлив механизам за рано препознавање, превенција и соодветно постапување при семејно насилство врз деца или нивно занемарување, преку поврзување на образовниот систем, институциите и семејствата во заедничка мрежа за заштита и поддршка“, рече Јаневска додавајќи дека освен кампањски дел со порака преку медиумите, ќе има и теренски. Следната недела започнуваат обуки за сите училишни психолози, педагози и социјални работници во основното образование, за јакнење на компетенциите за препознавање деца жртви на семејно насилство преку нивното однесување и преземање мерки за спречување и понатамошно ширење. Детето, како што рече Јаневска, мора да биде препознаено, слушнато и заштитено навреме. „Ќе организираме и дискусии со наставниците и семејствата на учениците за подигнување на свеста за овој проблем и за зајакнување на меѓусебната доверба и соработка, вклучително и соработката со институциите. Во дискусиите очекувам да се вклучат и учениците. Ќе ги повикаме заради јакнење на информираноста, поттикнување глас - за насилството да не се молчи. Од споделените искуства и практики, и од сугестиите што ќе ги добиеме за време на обуките и панел дискусиите, ќе изработиме и унифициран протокол за постапување при сомнеж за насилство, со алатки за проценка на ризик“, додаде Јаневска. На прес конференцијата се обратија и министрите Фатмир Лимани и Панче Тошковски. Дадоа целосна поддршка на спроведувањето на проектот преку вклученост на полицијата и центрите за социјална работа. „Врсничкото насилство е сложена општествена појава која не се појавува изолирано. Често зад него стојат подлабоки проблеми – нарушени семејни односи, изложеност на семејно насилство, недостаток на емоционална поддршка, несоодветни модели на однесување, но и негативни влијанија од дигиталниот простор. Затоа нашата обврска е да не реагираме само кога ќе се случи инцидент. Мора да делуваме многу порано – во семејството, во градинката, во училиштето, во локалната заедница и во дигиталната средина. Нашата визија е јасна – училишта без страв, семејства во кои се негува почит и разбирање, дигитален простор во кој младите се заштитени и општество во кое насилството нема место“, рече Лимани. Министерот Тошковски посочи дека бројките што ги има Министерството за внатрешни работи покажуваат дека во истиот период во кој расте семејното насилство, расте и насилството меѓу учениците. „Не можеме со сигурност да кажеме дека секој конкретен случај е поврзан, но криминолошките аспекти на проблемот укажуваат дека изложеноста на насилство во домот е еден од најсилните ризик-фактори за подоцнежна агресија. Тоа е доволна причина Министерството за внатрешни работи да биде дел од овој проект од самиот почеток“, рече Тошковски. Нагласи дека цврстата кривично-правна реакција е неопходна, но сама по себе не е доволна. Полицијата секојдневно е прва линија на контакт со семејства во кои се случува насилство и токму затоа размената на информации меѓу полицијата, училиштата и центрите за социјална работа е клучна. Ако дете е сведок на насилство во домот, тоа треба да биде препознаено пред да се претвори во насилство во училишниот двор. Според Емилија Бошковска од Комората на психолози, многу често агресивното дете е дете кое научило дека агресијата е единствениот јазик преку кој може да ја изрази својата болка. „ Кога едно дете е агресивно, нашата прва реакција мора да биде да го запреме насилството, но нашата професионална одговорност е и да разбереме од каде тоа насилство доаѓа.Ако ја третираме само последицата, а не и причината, ризикуваме циклусот на насилство да продолжи трансгенерациски“, рече Бошковска, додавајќи дека заедничката цел е да се создадат училишта кои не само што пренесуваат знаење, туку препознаваат болка, обезбедуваат поддршка и стануваат безбедно место за секое дете. Министерство за образование и наукаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајкова: Доста со „шурење“ на граѓаните – во државава мора да има социјална одговорност„Три години по ред, ЛДП ја води оваа битка во Собранието, а три години по ред сведочиме како мнозинството гласа против граѓаните, а за профитите на банките. “„Додека државата се задолжува и ја полни новата буџетската дупка од 150 милиони евра заради светската криза со нови кредити во име на граѓаните, банките најавуваат нови поскапувања на провизиите за цели 30%. Ова е класично 'шурење' и насилство над народот“, вели во изјава за медиумите претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. Зајкова вели дека недозволиво е во време кога секој студент, секој пензионер и секој социјален случај се бори за леб, банките да го гледаат само сопствениот енормен профит. Додека европските семејства уживаат во придобивките од еврозоната, каде многу банкарски услуги се бесплатни, нашиот граѓанин е казнет затоа што има сметка во банка. „Мојата порака до колегите во Собранието е кратка: Кому му служите? На граѓаните што ве гласале или на лоби-картел за профит? ЛДП повторно го поднесува законот за укинување на банкарските провизии. Овој пат нема простор за политички игри. Математиката е сурова: Секое бебе, секој пензионер, секој работник минатата година им подариле на банките суми кои реално значат една 'тринаесетта пензија' или 'зголемена плата'. Тие пари наместо во приватни недостапни сефови, мора да останат во семејните буџети“, посочува претседателката Зајкова. „Нема повеќе 'на добра волја'. Ако еднаш дозволивме Гувернерот да ги слушне аргументите на ЛДП и да ги намали трошоците, тогаш Собранието мора законски да го финализира тоа. Бараме едногласно усвојување на законот. Секој пратеник што ќе гласа 'против' или ќе се воздржи, директно им порачува на граѓаните: 'Твојот џеб не ми е важен, профитот на банката ми е приоритет. ЛДП нема да запре“, заклучува Зајкова и дополнува дека ова е борба за достоинство, а не за политика и редно време е да се стави крај на осиромашувањето на народот за богатењето на неколкумина. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски: Не смееме да дозволиме насилството од домот да се пресели во училиштата, тоа мора да се препознае и спречи Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот по повод почетокот на проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот по повод почетокот на проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“, организиран во Владата на Македонија. На настанот учествуваа и министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и претставници на стручната јавност, меѓу кои и Комората на психолози. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека податоците со кои располага Министерството за внатрешни работи укажуваат на сериозен раст и на семејното и на врсничкото насилство, нагласувајќи дека изложеноста на насилство во домот претставува еден од најзначајните ризик-фактори за подоцнежно агресивно однесување кај децата и младите. „Во периодот од 1 јануари до 28 мај оваа година се регистрирани 768 кривични дела поврзани со семејно насилство, наспроти 460 во истиот период минатата година, што претставува зголемување од 67 проценти. Само во првите две недели од јуни регистрирани се уште 89 нови кривични дела од оваа област“, истакна министерот Тошковски. Тој посочи дека Министерството за внатрешни работи реагира брзо и одлучно во случаите на семејно насилство, при што годинава се поднесени 601 кривична пријава, а мерки на кривичен прогон се преземени против 609 лица. Осврнувајќи се на состојбите со врсничкото насилство, министерот информираше дека годинава се регистрирани 93 инциденти во 64 училишта, што претставува зголемување во однос на минатата година. „Особено загрижува фактот што насилството врз деца е повеќе од двојно зголемено, а кривичното дело силување на дете под 15 години е регистрирано шест пати, наспроти еден случај во истиот период минатата година. Ова се податоци кои не смеат да останат без реакција“, нагласи Тошковски. Министерот истакна дека кривично-правната реакција е неопходна, но дека долгорочно решение може да се постигне само преку навремена превенција, рано препознавање на ризиците и координирана институционална акција. Тој ја нагласи важноста од размената на информации меѓу полицијата, училиштата и центрите за социјална работа, со цел навремено препознавање на децата кои се изложени на насилство и спречување на понатамошни негативни последици. Министерството за внатрешни работи целосно ја поддржува изработката на унифициран протокол за постапување при сомнеж за насилство и ќе продолжи со континуирани обуки на полициските службеници за рано препознавање на знаците на семејно насилство, особено кога жртви или сведоци се деца. На крајот од своето обраќање, министерот Тошковски упати благодарност до Министерството за образование и наука, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Комората на психолози за заедничката посветеност во градењето системски пристап за спречување на насилството и заштита на децата и младите, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20