МакедонијаИницијативата на ДУИ за преименување на улиците не е на дневен ред пред утрешната седница на советотДа не се политизираат одлуките на судиите, судот нема да подлегне на политички притисоци, влијанија или обиди за дискредитација- уставен со остра критика кон партиите по последните реакции за преименување на улиците во Тетово. По синоќешниот протест таму во организација на ДУИ, порачуваат дека наместо да ги повикуваат граѓаните на улица и да се против владеење на правото, партиите треба да покажат вистинска посветеност за европските вредности. -Посебно сакаме да нагласиме дека за Судот нема никаква релевантност какви и кои се имињата на улици, школи, инфраструктурни објекти и слично. Тоа се политички одлуки кои ние не ги цениме, но она што е важно за Судот и за граѓаните е дали тие одлуки се донесени во законски пропишана постапка. На синоќешниот протест учесниците носеа пароли „Историјата не се брише и улиците зборуваат албански“, Ова е Тетово, а не Белград“, „Титовлен“, пораки кои на крајот ги залепија на влезот од општинската зграда. Сега пред советот на Тетово е нова иницијатива од ДУИ за преименување на улици, прашање кое се очекуваше да биде на утрешната седница, но не е ставено на дневен ред. Во неа повторно се предлагаат имињата кои беа во осопорената одлука на Уставен, но дел се сосема други улици, па затоа тие предлогот го третираат како целосно нов и очекуваат да биде прифатен од советниците. Од партијата на Ахмети за Канал 5 велат дека тој потег не би предизвикал распуштање на советот, иако според Законот за локална самоуправа, тој се распушта ако повторно го донесе прописот кој претходно бил поништен или укинат со одлука на Уставниот суд. Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи оценува дека на оваа тема ќе калкулираат и ДУИ и Вреди. -И истите се обидуваат од тоа да профитираат, односно ДУИ што ја има направено грешката во минатото, да се обидат да ја поправат но за политичка цел. Но од тоа што вчера видовме дека имаше многу мал број кои излегоа на тој протест, се разбира дека двете структури ќе тактизираат за одлуката утре, но топката е во Влен кои ќе одлучуваат дали ќе одат на предвремени избори за советот на Тетово или не. - Љуљзим Фаризи – политички аналитичар Освен во Тетово, иницијатива за промена на улици со имиња на борци на ОНА има и во Чаир, Командант Тели и Зекирија Хасани. Советот дал согласност, но засега нема одговор дали имало и Бадентерово мнозинство, како што налага законот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода вкупно осум лица во, кај нив при преглед е пронајдена дрогаЛишени од слобода вкупно осум лица во Скопје, Струга и Кичево, кај нив при преглед е пронајдена дрога.На 11/12.07.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Е.Б.(23), С.Б.(26), М.С.(33), Л.Д.(29), Е.М.(37) сите од Скопје и М.С.(18) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја. На 11.07.2026 полициски службеници од ОВР Неготино извршија службен разговор со Н.К.(26) од село Бистренци, демиркаписко, затоа што при преглед од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Известен бил јавен обвинител. На 12.07.2026 во 01:00 часот, на ул.„Нико Нестор“ во Струга, лишен од слобода е Н.М.(18) од струшкото село Мислодежда кај кого, полициските службеници при извршен преглед, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. На 12.07.2026 во 01:00 часот, кај месноста „Китино кале“ во Кичево, лишен од слобода е И.Ѓ.(48) од Белград, Република Србија кај кого, при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа непозната бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД погодија 140 цели во Иран, Техеран повторно го затвори Ормускиот теснецАмериканските сили погодија околу 140 воени цели во Иран во третиот бран напади извршени во текот на оваа недела, соопшти централната команда на САД – ЦЕНТКОМ.Во нападите биле употребени проектили и оружје лансирано од борбени авиони, беспилотни летала и воени бродови. Меѓу погодените цели биле позиции за ракети и дронови, поморски капацитети, складишта за муниција, комуникациски мрежи и крајбрежни системи за надзор. Причина за последните напади бил нападот врз товарен брод под кипарско знаме од страна на Иран. Техеран соопшти дека бродот се движел по неодобрена маршрута и дека бил погоден откако не ги почитувал иранските поморски инструкции. Новата размена на оган следи по неуспехот за постигнување финален мировен договор меѓу двете страни.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Глишиќ свечено осветен големиот крст, на осветувањето присуствуваше градоначалникот ЈанчевДенес во Глишиќ свечено беше осветен големиот крст, кој ќе остане како траен симбол на верата и духовноста за жителите на Глишиќ и целиот наш крај.На чинот на осветувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и претседателот на Советот др Стојанчо Рамов. Овој значаен проект е реализиран благодарение на иницијативата и посветеноста на Месната заедница Глишиќ, со поддршка од Општина Кавадарци, ЈП „Комуналец“, општествено одговорни компании и физички лица кои несебично помогнаа во неговата изградба. Крстот, висок 15 метри со распон од 10 метри, ќе биде место на молитва, благослов и духовно собирање, сведоштво за силната вера и заедничката желба да оставиме нешто вредно за идните генерации. „Благодарност до сите кои дадоа свој придонес во реализацијата на ова дело. Нека овој свет христијански симбол носи мир, љубов и благослов за сите жители на Глишиќ и Кавадарци.“- објави Јанчев на Фејсбук Тагови: Општина Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter