Украинец во солзи се разделува од ќеркичката за да замине на фронт,снимка што го потресе светот

На Твитер од попладнево се шири шокантна снимка на која Украинец се збогува со ќеркичката и сопругата како заминуваат со автобус на безбедно.

Неименуваниот Украинец плаче додека ја гушка ќерка си и и ја мести капата, а плаче и девојчето кое се разделува од својот татко. Потресната сцена на влезот во автобусот ја снимил некој со мобилен телефон, а потоа стигнала и до Твитер, а ја објави Индипендент.

Илјадници луѓе го споделуваат тажното видео од таткото и ќерката, кои се збогуваат на Твитер, а досега е прегледано десетици милиони пати.

„Еве зошто оваа војна мора да престане“, „Не можам да замислам потешка ситуација во животот“, „Не можам да верувам дека сме сведоци на ова“, се само дел од коментарите. Засега не е познато каде е направена снимката и кои се таткото и ќерката.

Надал: Олимпијадата е најважниот спортски настан, се надевам ќе ја најдам потребната енергија

 Олимпијадата е најважниот спортски настан, се надевам дека ќе ја најдам потребната енергија.

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал проговори за претстојното учество на Олимпијадата во Париз каде ќе игра во двојки со Карлос Алкараз.

-Среќен сум што сум дел од тимот на олимписки спортисти и што ја претставувам Шпанија. Ова е најважниот настан во спортот, се надевам дека ќе ја најдам потребната енергија и ќе одработам добри тренинзи, изјави Надал за шпанските медиуми.

Тениските натпревари на Олимписките игри во Париз (Франција) ќе се одржат од 27 јули до 4 август.

Дваесет и двократниот победник на Грен слем во својата богата кариера има освоено 92 титули на АТП турнири.

Во Србија подарок од 5.000 евра за секој купувач на електричен автомобил

Властите во Србија синоќа најавија дека од буџетот ќе бидат издвоени по 5.000 евра за секој кој ќе купи нов електричен автомобил што ќе се произведува во фабриката во Крагуевац.

-Ако автомобилот чини 22 или 23 илјади, имате пет илјади од нас, секој клиент, најави српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Како што беше најавено, денеска и официјално ќе биде означена реализација на проектот во фабриката Стелантис во Крагуевац, што се однесува на почеток на производство на електричниот автомобил „Фиат Гранд панда“.

На церемонијата ќе присуствуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Карлос Таварес, главен извршен директор на Стелантис.

Нетанјаху ќе се сретне со Бајден

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во текот на неделата ќе се сретне со претседателот на САД, Џо Бајден во Белата куќа, изјави неименуван американски извор.

Средбата ќе се одржи како што е планирано и покрај повлекувањето на Бајден од претседателската трка, изјави анонимен американски функционер. Сè уште не е утврден точниот датум бидејќи Бајден заздравува од Ковид-19.

Нетанјаху на 24 јули треба да се обрати во Конгресот. Се очекува тој да се сретне и со потпретседателката Камала Харис.

притисни ентер