Трамп планира нов удар врз образованието, Харвард повторно настрада - Канал 5

Трамп планира нов удар врз образованието, Харвард повторно настрада

Американскиот претседател Доналд Трамп се заканува дека ќе го намали државното финансирање во вредност од уште една милијарда долари за Универзитетот Харвард, овој пат во областа на здравствените истражувања, објави The Wall Street Journal.

Трамп планира нов удар врз образованието, Харвард повторно настрада

Администрацијата на Трамп веќе делумно ја задржа државната помош од Харвард, Колумбија и други универзитети поради нивната толеранција кон пропалестинските демонстрации.

Харвард одговори на таа критика минатата недела, отфрлајќи ги барањата за контрола врз студентското тело, факултетот и наставната програма, тврдејќи дека тоа би значело предавање на контролата на универзитетот на владата.

Набргу откако Харвард го зазеде овој став, администрацијата објави дека замрзнува 2,3 милијарди долари федерално финансирање за институцијата, а следниот ден се закани дека ќе ги одземе даночните олеснувања на Харвард.

Волстрит џурнал, повикувајќи се на извори, наведува дека плановите за отстранување на дополнителни 1 милијарда долари, првично наменети за финансирање на истражување, дојдоа откако претставници на администрацијата оценија дека долгата листа на барања испратени „приватно“ до Харвард на 11 април е прв чекор во преговорите, но беа изненадени кога Харвард го објави меморандумот јавно.

Претставниците на администрацијата на Трамп првично планираа да заземат помек став кон Харвард отколку кон Колумбија, но сега сакаат да го зголемат притисокот врз институцијата, пишува весникот.

Белата куќа и Харвард не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар.

Откако ја презеде функцијата во јануари, Трамп го засили притисокот врз водечките американски универзитети, обвинувајќи ги за лошо справување со пропалестинските протести минатата година и дозволувајќи антисемитизмот да се зголеми на кампусите.

Протестните групи, вклучително и некои еврејски организации, тврдат дека нивните критики на Израел поради ситуацијата во Газа погрешно се поврзани со антисемитизмот.

Администрацијата претходно, на 3 април, му испрати на Харвард список со барања со цел образовната институција да продолжи да добива федерално финансирање.

Овие барања вклучуваа забрана за маски, елиминација на програмите поврзани со различноста, еднаквоста и вклученоста и поголема соработка со органите за спроведување на законот.

Писмото од 11 април, потпишано од официјални лица од Министерството за образование, Одделот за здравство и човечки услуги и Управата за општи услуги, ја прошири листата на барања, барајќи од Харвард да престане да признава одредени пропалестински групи и да ги пријави странските студенти кои ја прекршуваат политиката на универзитетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот

Ужасен случај на сексуална злоупотреба на деца ја потресе Аргентина откако лекарите утврдија дека 10-годишно девојче е бремено шест месеци. 

Десетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот

Полицијата го уапси нејзиниот очув (33), кој е осомничен дека сексуално ја злоупотребил.

Девојчето и нејзината мајка дошле во болницата во Колонија Дора, во аргентинската покраина Сантијаго дел Естеро, жалејќи се на болки во стомакот. За време на прегледот, лекарите откриле дека детето е во напредна фаза од бременоста.

Според австрискиот Krone, девојчето рекло дека нејзиниот очув ја злоупотребувал додека нејзината мајка била отсутна.

Медицинскиот персонал ги известил властите, по што е започната истрага.

Според аргентинските медиуми, полицијата уапсила 33-годишен маж во вторник во рурална област на департманот Авеланеда.

За време на операцијата, му бил запленет мобилен телефон, кој ќе биде предмет на вештачење.

Истрагата ја води обвинителот Гилермо Фаријас, а властите се обидуваат да ги утврдат сите околности на злоупотребата и евентуалната кривична одговорност на осомничениот.

Според медиумските извештаи, мајката на девојчето има 25 години и е исто така бремена со уапсениот маж. Двајцата се запознале преку интернет и почнале да живеат заедно пред околу една година.

Семејството има и уште три малолетни деца.

Аргентинските медиуми известуваат дека истражителите продолжуваат да собираат докази, додека конечната одговорност на осомничениот ќе биде утврдена на суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)

Денеска се случи сериозен инцидент пред Земјоделското училиште во Панчево, каде што се наоѓа гласачкото место, кога група маскирани мажи се судрија со неколку млади мажи. 

Тежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)

За време на тепачката, беа употребени и пиротехнички средства, а најмалку едно лице е повредено, објави Телеграф.

Како што објави на социјалните мрежи локалниот портал „Панчево си ти“, група маскирани мажи нападнаа неколку луѓе на улицата пред училиштето, додека снимки од насилството набрзо се појавија на социјалните мрежи.

Снимките покажуваат физичка конфронтација, при што некои учесници користеа пиротехнички средства. Еден млад човек беше удрен во лицето, по што беше снимен со видливи повреди и крв на лицето.

Според извештаите на локалните медиуми, за време на инцидентот беа употребени и стапови, а некои од учесниците носеа маски и качулки.

Набрзо на местото на настанот пристигнаа полицајци, кои интервенираа по конфронтацијата.

И покрај инцидентот пред Земјоделското училиште, гласањето на гласачкото место продолжи непречено, објавува „Блиц“.

Во моментов нема официјални информации за бројот на евентуално приведени лица, ниту пак се познати сите околности што доведоа до конфликтот. Снимките од инцидентот се споделуваат на социјалните мрежи.

Погледнете ги снимките од инцидентот:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф.

Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок.

Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер