3Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна
Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
2Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
МакедонијаСтраотна сообраќајка во Влае, преполовен шевролет, тешко повредена скопјанка и уште две лица32 годишна жена е тешко повредена а уште две лица поминале со телесни повреди во синоќешната страотна сообраќајка во близина на мостот Влајко во Скопје.. Во стабилна состојба е 32-годишната жена која беше тешко повредена во страшната сообраќајна незгода, која се случи во близина на мостот Влајко во населбата Влае. Според извори на Канал 5, жената била хоспитализирана на Клиниката за дигестивна хирургија и по повеќечасовна операција и била извршена спленектомија. На местото на несреќата, утринава се уште можеа да се видат остатоци од оштетените возила, кои по неколку часа од сообраќајката беа отстранети од булеварот Партизански одреди. „Непочитувањето на сообраќајните знаци и возењето со прекумерна брзина се едни од најчестите причини за тешките сообраќајни несреќи во Македонија.“ Според МВР, несреќата се случила околу 2.25 минути по полноќ на крстосницата од булеварот Партизански одреди и улицата „Ангел Динев“. Истрагата е уште е во тек .. до сударот дошло откако моќното ауди, удрило во шевролетот, во момент кога возилото се приклучувало на булеварот. 27 годишниот возач на аудито од Сарај и неговиот 32-годишен совозач од селото Љубин се здобиле со полесни повреди, констатирани во билницата „8 Септември“ и градската болница „Св. Наум Охридски“ по што и двајцата биле пуштени на домашно лекување. Граѓаните велат, дека луѓето се помалку ги почитуваат сообраќајните правила и сметаат дека со почести полициски контроли, може да се стави во ред, како што велат, беснеењето по булеварите. Од почетокот на месецов, ова е трета тешка сообраќајка на македонските патишта. Во несреќа на патот Радовиш-Штип загинаа две лица, а пред два дена на експресниот пат Штип-Кочани загина 39-годишен скопјанец, а неговата сопруга и двете деца биле повредени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
БалканМал авион падна во Хрватска Мал авион со едно лице се урна нешто по 10 часот претпладне во Роковци, во близина на Винковци, Хрватска.Според неофицијални информации, пилотот е повреден, а авионот завршил во поле со пченка покрај пистата. На местото на несреќата се упатени сите служби за итни интервенции. Испратен е и хеликоптер за итна медицинска помош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ким Кардашијан повторно ги истакна облинитеАмериканската старлета Ким Кардашијан е фотографирана на улиците на Париз во провокативно издание, таа самоуверено чекореше по улица, а нејзиниот целокупен изглед потсети на славната Мерилин Монро.Провокативната Ким повторно го спои модерното со класичното и самоуверено зачекори во провокативен фустан што го истакнуваше секој милиметар од нејзината препознатлива фигура. Таа лежерно ја заокружи смелата комбинација со кратка бела кожна јакна-бомбер префрлена преку рамениците, големи црни очила за сонце и интересни чевли со високи, тенки потпетици. Кројот на фустанот беше она што најмногу ја потсети Ким Кардашијан на култната русокоса и секс-симбол, а овојпат таа не „заборави“ ниту да го истакне своето деколте и својата препознатлива фигура. Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеОпштина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувањаОпштина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“, ги поканува сите заинтересирани граѓани на едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“.Настанот е посветен на подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања, а ќе се одржи оваа сабота, 19 септември 2026 година, со почеток во 13:00 часот во „Паркот на бранители“ во населбата Драчево. Присутните ќе имаат можност да слушнат корисни совети и лични искуства преку излагањата на Наташа Бабулова, која ќе ја сподели својата борба како лице со рак на дојка и членка на „ХЕМА-ОНКО“, како и низ обраќањата на стручните лица: спец. д-р Албина Чресловник Пупакоски, на медицинската сестра Јасмина Јовческа од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, и д-р Славица Чалчевска, радиолог, супспецијалист и интернист од ГОБ „8 Септември“. Ги повикуваме сите граѓани да присуствуваат, да се информираат и заеднички да ја дадеме нашата поддршка, бидејќи превенцијата и навремената дијагностика се најважни во битката за животот. Со овој настан се означува почетокот на кампањата „Розев Октомври“ која стартува од општина Кисела Вода, а ќе заврши со голем РОЗЕВ ПИКНИК на Школка во Градскиот парк. Активностите посветени на оваа важна тема ќе продолжат, па така, по трибината во Драчево, ќе се одржи уште една на 26 септември во околината на општината. Ве очекуваме!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter