СветСи и Стармер се залагаат за продлабочување на соработката помеѓу Пекинг и Лондон- Одамна јасно ставив до знаење дека Велика Британија и Кина имаат потреба од долгорочно, конзистентно и сеопфатно стратешко партнерство, наведе Стармер.Како постојани членови на Советот за безбедност на ОН и важни светски економски играчи, Кина и Велика Британија треба да ги интензивираат дијалогот и соработката, изјави кинескиот претседател Шји Џјинпинг на средбата во Пекинг со британскиот премиер Кир Стармер. Британскиот премиер повика на продлабочување на односите и соработка со Кина за глобалната стабилност, климатските промени и други прашања. - Одамна јасно ставив до знаење дека Велика Британија и Кина имаат потреба од долгорочно, конзистентно и сеопфатно стратешко партнерство, наведе Стармер. Британскиот премиер е во посета на Кина до 31 јануари, а е придружуван од голема бизнис делегација. Тие покрај Пекинг ќе го посетат и Шангај. Тоа е прва посета на британски премиер на Пекинг од 2018 година – последното патување во Кина беше на Тереза Меј. Тагови: Британија Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПратеничката Славјанка Петровска учествува на Националниот молитвен појадок на Украина во КиевПратеничката во Собранието на Република Македонија, Славјанка Петровска, учествува на Националниот молитвен појадок на Украина, кој се одржува 23 август 2026 година во Киев.Националниот молитвен појадок претставува значаен духовен и дипломатски настан кој ги обединува политичките, верските, граѓанските и меѓународните лидери околу напорите за мир, единство, правда и иднината на Украина. На настанот присуствуваат високи украински претставници, меѓународни партнери, пратеници, верски лидери, припадници на вооружените сили, семејства на загинатите борци, хуманитарни и добротворни организации, како и младински лидери. Националниот молитвен појадок на Украина се одржува под покровителство на Претседателот на Украина и ja продолжува традиција започната во Соединетите Американски Држави во 1953 година. Годинешното издание на Молитвениот појадок има посебно историско значење, бидејќи се совпаѓа со одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Во рамките на состанокот, пратеничката Славјанка Петровска оствари средба со Игор Жовква, заменик шеф на Кабинетот на Претседателот на Украина. На средбата, Петровска ја потврди силната и недвосмислена поддршка на Република Македонија за Украина и ја реафирмираше посветеноста кон напорите насочени за постигнување праведен и траен мир. Во оваа прилика, на пратеничката Славјанка Петровска и’ беше врачен орденот “Принцеза Олга”, прв степен, што на 4 септември 2023 година и’ го додели Претседателот на Украина, за нејзиниот личен придонес во зајакнувањето на одбранбените способности на Украина. Учество на Петровска на Националниот молитвен појадок на Украина претставува израз на солидарноста и поддршката од Република Македонија кон украинскиот народ и укранските институции, во време кога земјата продолжува да го брани својот суверенитет, независност и територијален интегритет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревозниците најавија протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје на 31 августМакедонските превозници на 31 август најавуваат протест поради проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната на 90 дена во рамките на 180 дена. Од асоцијацијата „Макам-Транс“ информираат дека одлуката за двочасовен протест следниот понеделник била донесена пред неколку дена. Простестот според најавите ќе биде пред седиштето на делегацијата на ЕУ во земјава, со минимум 20 возила, како и присуство на сошственици на компании, возачи и други врбаотени од сите градови низ државата, велат од асоцијацијата и додаваат дека ваков протест во иститот временски преиод од 12 до 14 часот ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и истите ќе се одржат ден пред состанок во Брисел на кои работна група ќе разговара за ова прашање. Доколку на состанокот не се донесе преодно решение за престој на возачите во шенген зоната, предложено е да се одржи протест на граничните премини на секоја држава поодделно со почеток на 14 септември.... За овој вид на протест потребно е согласност од превозниците на секоја држава, но и добивање на одобрение од надлежните органи, особено што се планира ист протест како и во јануари оваа година, кој може да трае подолго и од 10 дена, се вели во соопштението на макам трнас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби По пола година од враќањето во земјава, денеска во Кривичниот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска ќе седне на обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба за Државна лотарија. Освен правните перипетии што го следат случајот, судењето го привлекува вниманието на јавноста и поради политичките импликации што може да произлезат од процесот.. Во кривичниот суд е Михајло Видимлиски.. Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Груби кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter