Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој
Отчет за една година мандат на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска: „Кисела Вода, заедно секој ден“
1Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој
2Отчет за една година мандат на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска: „Кисела Вода, заедно секој ден“
3ВМРО-ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка
МакедонијаШилегов: Не постои политички прифатлива цена за СДСМ, за Груевски да биде коалициски партнер Поранешниот градоначалник на Скопје и член на ИО на СДСМ, Петре Шилегов беше гостин на првата емисија „Само Интервју“ во новата сезона. Со Шилегов разговараше Гоце Михајловски.„Aко се одлучите да се занимавате со политика, треба да знаете дека граѓаните еднаш ви ја даваат а еднаш и ви ја одземаат довербата. Mислам дека граѓаните веќе по две години ја видоа разликата од тогашната и сегашната администрација што го води градот. Каде е бесплатниот јавен превоз и што е со градските превозници кои за прв пат во историјата излегоа на штрајк? Лесно е да ги давате ветувањата, за мене проблем е општо политиката кај нас, рече поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. „За прв пат Град Скопје доби престижна награда за културата, и не поради проектот скопје-2014 туку поради посветеноста на стратешки добрите цели во минатото кога аплициравме за проектите во културата, повикот беше во време во време на Коце Трајановски, но аплициравме јас и мојата администрација. „Секое менување на раководна структура особено во политичка партија на власт, носи ризици. Барам порадикално дејствување во СДСМ за да ги смениме процесите во државата. Дали височината на казните донесе успешни судски завршници изминатите три децении? Кога обезбедивме 70 милиони евра од ЕБРД за Брзиот Транспорт, во Собрание претседател на комисијата за финансирање беше Тимчо Муцунски, кој 8 месеци не ја ставаше точката на гласање. Ако се договориме за стратешките прашања, секој треба да си го прифати политичкиот ризик. Никому не му е мило поради „Францускиот предлог“, но, еднаш утврдените услови за преговори со ЕУ, не се менуваат. Неовластено прислушување е посебно кривично дело, не е злоупотреба на службена положба. Делото за 27 Април застарува за 40 години. И во редовите на СДСМ има луѓе што не ги заслужуваат функциите. Дали сите политички чинители се подготвени да поддржат закон за мораториум за вработување во јавен сектор наредните 5 години? Стратешкиот интерес на граѓаните и државата не може се користи за дневни политики. Мислам дека уставните измени ќе се гласаат во Ноември. Премногу ја исполитизиравме државата на сите нивоа, рече поранешниот градоначалник на Скопје и член на ИО на СДСМ, Петре Шилегов во вечерашното госрување во емисијата Само Интервју. Тој потенцира и дека не постои политички прифатлива цена за СДСМ Груевски во било каква форма да биде коалиционен партнер, а доколку се врати во Македонија, веднаш ќе биде затворен. Погледнете ја вечерашната емисија „Само интервју“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развојПродлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој на административните службеници.Во рамки на официјална посета на Атина, Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со високи претставници од Министерството за внатрешни работи и Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Република Грција (ЕКДДА), на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалната соработка и размена на знаења и експертиза во областа на јавната администрација. На средбата присуствуваа заменик-министерката за внатрешни работи на Република Грција, г-ѓа Параскеви Харламбојани, претседателот на ЕКДДА, г-дин Василис Егзархос, раководителката на Академијата за професионален развој на административните службеници, д-р Ангела Бурбули, раководителот на Националното училиште за јавна администрација, г-дин Анастасиос Хондројани, како и генералната директорка на „Reform Greece“, г-ѓа Адамантија Манта. По билатералната средба се потпиша и Меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација и Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Република Грција, со кој се воспоставува институционална рамка за долгорочно партнерство во областа на професионалната обука, истражувањето и иновациите во јавната администрација. Партнерство со ЕКДДА е од особено значење за развојот на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, чија цел е воспоставување современ и одржлив систем за континуирано професионално усовршување. Преку искуствата и експертизата на грчката Академија и Националното училиште за јавна администрација, се отвораат нови можности за унапредување на наставните програми, развој на современи модели на обука согласно европските стандарди и јакнење на професионалните компетенции на административните службеници. „Со продлабочување на регионалните и европските партнерства создаваме конкретна вредност за институциите и за граѓаните на нашата земја. Нашата цел е професионална, компетентна и ефикасна јавна администрација, а за тоа се потребни знаење, континуирана обука и силни институции. Грчкото искуство е значајно во развојот на нашата Академија и во изградбата на современ систем за професионален развој на административните службеници“ истакна министерот Минчев. Ова партнерство претставува уште еден значаен чекор во продлабочувањето на билатералната соработка меѓу двете земји, заснована на меѓусебна доверба, институционално поврзување и размена на добри практики. Преку ваквите иницијативи, Министерството за јавна администрација ја потврдува посветеноста за континуирано јакнење на административните капацитети и унапредување на јавните институции во интерес на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОтчет за една година мандат на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска: „Кисела Вода, заедно секој ден“Под слоганот „Кисела Вода, заедно секој ден“, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес го презентираше отчетот за сработеното во првата година од нејзиниот мандат. Како што истакна таа, уште од првиот ден нејзиниот основен принцип на работа е општината да не се раководи од изолирана канцеларија, туку директно од терен, низ постојан, отворен и искрен дијалог со граѓаните. Нејзиното управување, цврсто се темели на целосна законска издржаност, апсолутна транспарентност и брзо, ефикасно решавање на проблемите кои произлегуваат директно од секојдневните потреби на жителите. Во својот отчет, градоначалничката посочи дека изминатиот период Општина Кисела Вода се зацврсти како ефикасен сервис кој испорачува реални резултати, без да маргинализира ниту една населба и населено место. Како клучни достигнувања во делот на инфраструктурата, беа посочени реализацијата на над 10 километри нов асфалт, поставувањето на 4,5 километри нова водоводна мрежа, како и изградбата на 1.200 метри атмосферска и 800 метри фекална канализација. Дополнително, на целата територија се заменети 4.900 стари светилки со ново ЛЕД осветлување. Целосно се реконструирани сообраќајниците „Ѓорѓи Димитров“, „Саса“ со сите нејзини краци во Пинтија, „Томе Арсовски“, „Жил Верн“, улиците „527“, „Герника“, „Речиште“ и дел од „Киро Фетак“. Во делот на подземната инфраструктура, изградена е нова водоводна мрежа на улицата „Речиште“, додека еден од најзначајните проекти е почетокот на изградбата на новиот водовод со резервоар во населбата Каменик. Нов крак од фекалната канализација е изведен во Пинтија, во тек е изградба на фекална мрежа во Бабин Дол, додека нова атмосферска канализација е поставена на улицата „Томе Арсовски“, паралелно со капиталната реконструкција на атмосферскиот „Црн Канал“ во Драчево. Се прави темелна реконструкција на објектите на месната заедница Пинтија и месната заедница Драчево, кои се наоѓаат во завршна фаза на реализација. Особено внимание е посветено на воведувањето нови стандарди во комуналната хигиена. Системски се исчистени над 100 диви депонии од кои се собрани повеќе од 150 тони отпад, а воведено е и континуирано подигнување на кабастиот отпад директно од домовите на граѓаните. За првпат се поставени специјализирани контејнери за селекција на текстилен отпад пред месните заедници, основните училишта и градинките, каде веќе се собрани над 10 тони. Во однос на грижата за најмладите, Стаменкоска Трајкоска информираше дека се отворени две нови градинки, „Верверичка“ и „Ѕвездички“, додека изградбата на третата нова градинка во Расадник е во завршна фаза. Паралелно се реализира и доградба на нови училници во основните училишта „Невена Георгиева Дуња“ и „Кирил Пејчиновиќ“. Континуирано се модернизираат сите училишта, па така во ООУ „Партенија Зографски“ комплетно се реновирани тоалетите, вклучувајќи и нов тоалет за инвалидни лица и поставена е нова интернет мрежа; во ООУ „Круме Кепески“ целосно е реновирана училишната кујна и трпезарија; а во подрачното ООУ „Рајко Жинзифов“ во Пинтија е реализирана целосна енергетска реконструкција. За поддршка на семејствата, општината обезбеди 5.500 бесплатни комплети училишни униформи за сите основци и 550 целосно опремени ранчиња за сите првачиња. На планот на спортот, како круна на заложбите се издвојува целосната обнова на култната спортска сала „Расадник“, која по децении запоставеност им е вратена на граѓаните, проект реализиран преку Министерството за спорт. Покрај ова, пуштена е во употреба и новоизградената спортска сала во подрачното училиште „Круме Кепески“ во Припор, а паралелно, во соработка со Министерството за образование и наука, се гради новата сала во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ и се врши темелна реконструкција на спортските сали во централните училишта „Круме Кепески“ и „Кузман Шапкарев“. Општина Кисела Вода покажа и силен капацитет во социјалната заштита преку исплата на 12.000 денари за секое новороденче, финансиска поддршка од 10.000 денари за возачки дозволи за матурантите, како и преку воведувањето на системски бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки услуги за децата во соработка со Асоцијацијата „ГАСПАР“ и Здружението „Ајнштајн“. Дополнително, грижата за граѓаните и за енергетската ефикасност се потврдува преку редовните субвенции за набавка на пелети, печки на пелети, како и субвенции за обнова на фасади. Културниот живот беше издигнат на високо ниво преку првиот детски музички фестивал „Киселко“ и домаќинството на меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, во двете кино сали на територија на општина Кисела Вода отворени во соработка со “Киноверзум”. Во сферата на културното наследство, при археолошките ископувања во соработка со Националниот археолошки музеј и Конзерваторскиот центар - Скопје, откриен е доцноантички полихромен мозаик на локалитетот Пеленица кај Драчево. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска упати особена благодарност за институционалното партнерство и поддршката, нагласувајќи дека ваквиот интензивен развој бара вистинска соработка. Таа изрази искрена благодарност до Советот на Општина Кисела Вода и до претседателката Светлана Колариќ, до сите советници кои недвосмислено го поддржаа растот на општината и застанаа зад добрите проекти, како и до општинската администрација, чиј труд и секојдневна посветеност ги реализираат овие процеси. Беше истакнато дека огромен дел од овие капитални проекти се изведени благодарение на силната и безрезервна поддршка од премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и Владата на Република Македонија, како и од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Градот Скопје. Но, пред и над сè, како што е наведено во отчетот, најголемата благодарност им припаѓа на граѓаните, бидејќи сите овие дела се директен резултат на предлозите и заедничката работа со нив.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банкаПаника, страв и очај се виде во очите на пратеникот Венко Филипче кој беше матиран со вистината од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски. РЕАКЦИЈА НА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Лагите на Венко Филипче и СДС околу Алта банка се срушија како кула од карти и вистината излезе на виделина. Иако тие ја свикаа надзорната расправа за Алта банка, на којашто присуствуваат сите надлежни претставници на институциите и одговараат на нивните поставени прашања, тие веднаш бараа паузи и ја прекинуваа расправата, со една единствена цел, да ја избегнат вистината, којашто оди на штета на Филипче и СДС. Во своето излагање, претседателот Мицкоски, јасно презентираше документ, а тоа е извадок од Нацрт записникот од 194 седница на Владата одржана на 24 октомври 2023 година. Тогаш претседател на Владата бил Димитар Ковачевски и на самата седница на Владата се отворила темата за Алта Банка АД Белград, односно тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими излегува со информација во која бара од Владата да му одобри на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка- Србија. Уште во 2023 година владата на СДС и ДУИ на владина седница му дала насока на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка со истиот овој сопственик, Давор Мацура. Затоа Филипче и СДС се гласни, затоа што им се открија нивните задни намери поврзани со Алта банка во Македонија. П.С. Филипче да одговори дали и какви сметки имаат тој и неговите сопартијци во Алта банка? Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16