1Ристовски: ФНЦ во Скопје е можност за промоција на спортот и на Македонија како спортска дестинација
3Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
МакедонијаСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?Инспектори на Државниот Санитарен и Здравствен инспекторат ја проверуваат медицинската документација на Ива Михаилова на Клиниката за неврологија каде се лекувала по сообраќајната несреќа, потврди директорот на клиниката, Јован Божиновски .Инспектори на Државниот Санитарен и Здравствен инспекторат ја проверуваат медицинската документација на Ива Михаилова на Клиниката за неврологија каде се лекувала по сообраќајната несреќа, потврди директорот на клиниката, Јован Божиновски кој лично побарал да се провери нејзиното здравствено досие. Михаилова на клиниката се јавила еден и пол месец по сообраќајката во која е обвинета дека ја предизвикала и таму била задржана три дена. Лекувањето го извршил доктор Иван Барбов кој констатирал дека Михаилова има скршен пршлен што ѝ предизвикало проблеми со движењето. Барбов за Канал 5 појаснува дека таа немала здравствено осигурување во Македонија, а методот на лекување што ѝ го препорачал најблиску го имало во соседна Бугарија. Тврди дека не знаел за обвинението на Михаилова како учесник во сообраќајна несреќа. Михаилова втор ден е во клиниката Пирогов во Софија на лекување. Од таму за Канал 5 потврдуваат дека таа е хоспитализирана таму, но не откриваат каква дијагноза утврдиле кај неа. Министерот за здравство Сашо Клековски, пак, во актуелната ситуација не гледа здравствен случај. Се сомнева дека Михаилова се решила на бегство по најавите дека ќе дојде лекарски конзилиум од Бугарија за со македонските колеги заеднички да ја констатира нејзината состојба. Михаилова побегна во Бугарија само два дена откако министерот Муцунски по средбата со бугарската колешка Петрова Чамова во Софија соопшти дека како гест на добра волја, Македонија е подготвена да дозволи тим бугарски доктори да дојдат и да се запознаат со нејзината здравствената состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаРистовски: ФНЦ во Скопје е можност за промоција на спортот и на Македонија како спортска дестинацијаОрганизатор на овој настан е Македонската ММА федерација со поддршка од Министерството за спорт. Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на прес конференцијата и изрази поддршка за првиот настан на најголемата ММА организација во Европа, „FNC 34 Fight Nation Championship “ што ќе се одржи на 24 октомври во СЦ „Т-Арена/Борис Трајковски“ во Скопје. Организатор на овој настан е Македонската ММА федерација со поддршка од Министерството за спорт. „Министерството за спорт секогаш ќе дава поддршка на вакви проекти кои го промовираат спортот и Македонија. Мислам дека ова ќе биде голем и убав спектакл и ќе гледаме квалитетни борби кои ќе го промовираат спортот, но ќе ја провомираат и Македонија како спортска дестинација“ - истакна министерот Ристовски. ФНЦ за прв пат доаѓа во Македонија, но со оглед на се растечката популарност на ММА борбите нјавена е долгорочна соработка и организација и на други настани во иднина. „По повик од многубројни фанови од Македонија, ФНЦ доаѓа по првпат во Скопје. Многу веројатно не сме последен пат овде. Доаѓаме со сериозни борби, ние сме во подем, растеме секој ден. Гледачите ќе можат 4-5 часа да уживаат во спектакуларни борби“ - изјави Дражен Форгач, основач и претседател на „ФНЦ“. На „FNC 34 Fight Nation Championship“ Македонија ќе биде застапена со пет борачи. Македонската ММА Федерација ќе ја претставуваат: Даниела Алексовска, Марко Трајановски, Тоше Цветков, Ален Амедовски и Дино Старчевиќ. На шампионатот ќе има 11 борби, а во главната борба на вечерта, Лом-Али Ескиев ја брани титулата во лесна категорија против Марко Бојковиќ. Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска во Брисел: Со заеднички сили до стратегија за чиста енергијаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е членка на Управувачкиот комитет на Мрежата на жени лидери во јавниот сектор за климатски прашања (Women Public Sector Climate Leaders Network). Со ова членство, таа директно се вклучува во утврдувањето на стратешките насоки на Мрежата и во европскиот дијалог за климатските политики, чистата енергија и одржливите инвестиции. Божиновска денеска во Брисел учествува на основачкиот собир на Мрежата, посветен на спроведувањето на климатските цели, забрзувањето на енергетската транзиција и поврзувањето на јавните политики со инвестициите и технолошкиот развој. Управувачкиот комитет ги утврдува стратешките приоритети на Мрежата и придонесува во подготовката на високите политички дијалози. За Македонија, учеството на министерката претставува можност за размена на искуства и воспоставување контакти за идна соработка во развојот на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и модернизацијата на инфраструктурата. На дневен ред се и климатската отпорност, заштитата на водните ресурси, циркуларната економија и примената на дигиталните технологии и вештачката интелигенција. Посебен акцент се става на соработката меѓу владите, европските институции, финансискиот сектор и бизнис-заедницата во реализацијата на климатските цели. Мрежата е основана од Women Political Leaders (WPL) во партнерство со Мрежата на жени лидери за климата на Групацијата на Европската инвестициска банка, со цел да се зајакне придонесот на жените на раководни позиции во јавниот сектор во креирањето и спроведувањето на климатските политики. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Серафимовски се сретна со кинеската амбасадорка Џијанг СјаојанМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски оствари работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски оствари работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан, на која се разговараше за можностите за унапредување на трговијата со земјоделски и прехранбени производи, како и за размена на знаење и искуства во земјоделството. Во делот на трговската размена, посебно внимание беше посветено на можностите за пласман на македонското вино на кинескиот пазар. Органското производство беше издвоено како дополнителен сегмент со потенцијал за воспоставување нови деловни врски меѓу производителите и компаниите од двете земји. Соговорниците ги разгледаа можностите за соработка во примената на напредни земјоделски техники, паметното производство и користењето обновливи извори на енергија во земјоделските стопанства, со цел подобрување на продуктивноста и поефикасно користење на природните ресурси. „Модерното земјоделство го гледам како спој на образованието, науката и земјоделската практика. Научните достигнувања ја добиваат својата вистинска вредност кога производителот може да ги примени и да ги почувствува придобивките во својата работа. Во таа насока гледаме простор за продлабочување на соработката со Кина и за споделување знаење приспособено на потребите на нашите земјоделци“, истакна министерот Борче Серафимовски.Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00