Утре нова средба Заев – Гаши во Клубот на пратениците

Заев – Гаши утре попладне повторно на иста маса, потврдуваат од СДСМ за Канал 5.

Ќе си подадат ли рака за влез во Влада и како евентуално ќе се поделат министерските фотељи во новата Влада, останува неизвесно.

Од СДСМ не кријат дека се подготвени да го поделат владиниот колач со Алтернатива. Откако од партијата на Гаши, беа децидни дека ќе влезат во Владата доколку како што велат - коалиционите партии од владејачкото мнозинство се откажат од дел од моќта. Што би отстапило СДСМ конкретен одговор нема, од партијата велат дека поделбата на ресорите ќе зависи од преговорите.

„Нормално е дека во разговорите кои се водат за владино коалицирање поделби на одредени ресори или како што го кажувате поделбата на моќта е апсолутно секако возможно за да се продолжи напредокот. Тоа е најважно, не се важни ресорите, не се важни само позициите, битно е да имаме една заедничка цел а тоа е евроатланскиот пат, менаџирање на економската, енергетската и здравствената криза.“ изјави Стефан Васев, СДСМ

Во пресрет на преговорите Заев – Гаши, Мицкоски му порача на лидерот на Алтернатива кога ќе седне на иста маса со Заев, да го има на ум, како што вели фактот, дека станува збор за најкриминалната Влада во земјава досега.

„Нашиот став во однос на ова мнозинство веќе го знаете. Станува збор за најкриминалната Влада и најнеспособната Влада во овие 30 години. Претпоставувам раководството на Алтернатива го имала тој податок во предвид и претпоставувам претседателот на Алтернатива ќе ги има во предвид овие факти кога ќе биде на иста преговарачка маса со лидерите на СДСМ и ДУИ.“ кажа Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Кон што конкретно цели Алтернатива останува непознато, иако во јавноста се шпекулира дека апетитите се движат на ниво на едно до две министерски и повеќе директорски места..

ДУИ пак остануваат воздржани во однос на поделбата на владиниот колач со Алтернатива. Во меѓувреме, по СДСМ, и од партијата на Ахмети денеска тврдат дека мнозинството во законодавниот дом брои 61 пратеник, но кој е 61виот останува мистерија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи не откри дали можеби се работи за пратеник од Алијанса за Албанците.

„ Мнозинство има, тоа можам да го потврдам, очекуваме со овие разговори ова мнозинство да се зголеми дополнително и да да биде стабилно за да може во наредните месеци и години да се продолжи со овие сериозни активности на Владата. Мислам дека самите пратеници ќе кажат кои се дел од мнозинството и ќе ја поддржат оваа евроатланска Влада.“ истакна Бујар Османи, министер за надворешни работи

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кажа дека не знае дали постои и кој е 61от пратеник, за одговор ги упати медиумите во Владата.

Што прават скопјани на денот на избори?

Избори видени од сосема поинаков агол.. Што прават скопјани за време на денешниот неработен ден..

Иако за многумина денеска е неработен ден, занаетчијата Руфат Илијаз кој веќе 20 години чисти чевли на Скопскиот плоштад, денот ќе го мине работно. Вели занаетот е во изумирање, па стравува дека скулптурата на чистачот на чевли непосредно до неговиот штанд, ќе остане да ги потсетува луѓето на она што тој со години го прави. Илијаз вели дека и покрај денешните работни обврски, ќе го оствари своето право на глас.

„Моментално ја нема таа гужва, нема толку луѓе дека е неработен ден, луѓето коишто имаат обврски некои одат прво на гласање, па си ги завршуваат обврските, меѓутоа раздвиженост нема којзнае колку странци, туристи нешто има. Кога ќе одам дома ќе гласам со жената.“

Занаетот на Илијаз, како што самиот вели, најмногу ги привлекува странските туристи. Токму тие и беа најприсутни денеска на Скопски плоштад. Дел од нив пред камерата на Канал 5 кажаа дека прв пат ја посетуваат државата и се пријатно изненадени.

„Навистина ми се допаѓа, не е како што замислував. Ќе бидеме само во Скопје, но добро е, ми се допаѓа, се чувстутваме безбедно овде и е многу убаво.

„Прв пат сум во Македонија и ми се допаѓа. Ќе го шетаме градот, Кањонот и можеби ќе одиме во Охрид. Убаво, е топло, многу потопло од Шведска.

Најголемиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме, велат дека веќе го искористиле своето право на глас, а остатокот од неработниот ден ќе го минат на кафе и на прошетка со пријателите.

За непречено одвивање на изборниот процес, Владата донесе одлука двата изборни денови да бидат неработни. Учениците овие денови ќе ги обработуваат во текот на работната недела преку подолг престој во училиштата.

Репортажа од Војница, село кое пред секои избори добива по 1 километар асфалт на земјениот пат

Канал 5 и денеска го продолжува циклусот на приказни за избирачки места со симболичен број гласачи.. 

На 15-тина километри од Велес во општина Чашка е родното село на поетот Коле Неделковски селото Војница, револуцинерното јадро на македонските одреди кои се бореле за слобода. Симбол на борбеност решителност и слобода. Денеска селото Војница на избирачкиот список е местото со две избирачки места каде право на глас имаат 18 гласачи. Во избирачкото место 2237 и 2238 гласаат жителите на Војница и Крајници.

Гласичките места се во спомен куќата на поетот Коле Неделковски. Во малата соба стојат спомените за неговиот живот и борба. А на зидот стои и фотографијата каде Неделковски го дал својот живот за слобода. Дел од куќата е во лоша состојба ја одржуваат добронамерници од селото. До пладне имаше гласано еден гласач. Васка Мирчевска живее во селото. Да помине жештината и ќе гласа вели правото треба да се исполни но и политичарите треба да мислат на сите граѓани. А природата и историјата може да бидат место каде ќе живеат и луѓе ќе имаат и работа. Во селото има безброј куќи, но луѓе малку.

Голем дел ги користат како викенд куќи. А најголем дел од куќите сведочат за времето кога имало живот, а денеска останале само спомени.

Селото се наоѓа од левата страна на патот Велес Чашка и од овој пат до селото има седум километри. Од делот од асфалат скоро еден километар има земја. Токму за овој дел од патот веруваат дека до следните избори ќе биде асфалитран и ветувањата со години ќе бидат целосно исполнети.

За да се избере претседател, неопходна е излезност од 40%, односно да гласаат 725.727 граѓани

За да се добие претседател во вториот изборен круг неопходно е да излезат над 725 илјади граѓани..

Колку актуелната излезност е индикатор дека ќе се исполни цензусот, анализира Јован Ѓорговски, кој ќе направи и паралела за одѕивот на денешниот и поранешните циклуси од парламентарните избори..

Јован, што вели денешниот тренд, ќе ја имаме ли неопходната излезност за изборите за шеф на државата?

притисни ентер