Пејачот Амар Исмани е убиен во претстрелка на Пластичарска, ранети уште две лица

Едно лице загина ,а две се  ранети во престрелката со огнено оружје која синоќа околу полноќ се случи на булеварот „Никола Карев“, познат како пластичарска,потврди МВР. 

Лицето кое почина е 29 годишениот скопјанец, пејачот Амар Исмани, кој заедно со уште едно лице на 19 годишна возраст, исто така од Скопје биле хоспитализирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ .

По укажаната помош 29 годишниот Исмани кој бил примен во тешка состојба им подлегнал на повредите.

На вооружената престрелка со смртни последици и претходела масовна тепачка.

-Според соопштението на МВР, на 26.05.2024 околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје имало пукање, информираат од МВР. во 23.45 часот, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје. Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Назначени нови директори на ЈСП, ЈП Паркови и зеленило и ЈП Улици и патишта

Назначени тројца нови директори на јавните претпријатија Јавен сообраќаен превоз (ЈСП), ЈП Паркови и зеленило и ЈП Улици и патишта.

Како што информираат од Град Скопје, новиот директор на ЈСП е Драги Кушовски, на директорското место на ЈП Паркови и зеленило ќе седне Мартин Ангеловски, додека на ЈП Улици и патишта за нов директор е назначен Ванчо Умленски.

Од Град Скопје велат дека тројцата доаѓаат на позициите како професионалци од приватниот сектор, со повеќе од 15 години работно искуство на раководни позиции.

– Кушовски, Ангеловски и Умленски доаѓаат на позициите како професионалци од приватниот сектор, со поединечни портфолија секој повеќе од 15 години работно искуство на раководни позиции. Во следниот период ќе се посветат на отстранување и надминување на предизвиците, со кои јавните претпријатија се соочуваат континуирано во изминатите децении, унапредување на работата на претпријатијата и реализација на програмските активности и проектите, велат од Град Скопје.

Средба на претседателот Гаши со делегација на баварскиот Парламент

 Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со делегацијата од баварскиот Парламент.

Тој на средбата, како што што соопшти неговиот Кабинет, изрази големо задоволство за континуираниот германски интерес за унапредување на соработката на сите нивоа, вклучително и на парламентарно ниво.

Сојузна Република Германија, рече претседателот на Собранието, е наш силен поддржувач во изминатите децении за остварувањето на нашите стратешки цели – претходно членството во НАТО и актуелно, напорите за наше што поскоро зачленување во Европската Унија, за што сме особено благодарни.

Гаши, исто така, се осврна и на трговската размена.

-Германија е наш најголем трговски партнер, рангирана на прво место, со кој остварувaме најголем обем на трговска размена со светот во последните 10 години. Високата трговска размена е резултат на значајни германски инвестиции, истакна Гаши.

Членовите на Делегацијата изразија благодарност за приемот и на Гаши му посакаа успех на неговата нова функција како претседател на Собранието.

Тема за дискусија беше и образовниот систем, при што беа разменети мислења за дуалното образование. Гаши нагласи дека таа тема е многу важна за нашата држава и дека, благодарение на интересот на германските компании да инвестираат во нашата земја и проектот за поврзување на образовниот систем со дел од компаниите, дуалното образование е вклучено во седум средни училишта во земјава.

Двете страни се согласија за продлабочување на парламентарната соработка, како и и за соработката на сите други нивоа.

Министерот за одбрана Мисајловски во посета на Командата за операции

Мисајловски беше брифиран за мисијата и задачите кои ги остварува оваа команда.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска беше во посета на Командата на операции во Касарната „Боро Менков“ во Куманово, каде оствари средба со командантот, бригадниот генерал Бесник Емини, началникот на штабот бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски и најодговорните офицери во командата.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за одбрана, за време на денешната посета министерот Мисајловски беше брифиран за мисијата и задачите кои ги остварува оваа команда, главниот двигател на Армијата во чиј состав се најголемиот број на армиски единици од сите родови и служби кои заеднички придонесуваат за заштитата на територијалниот интегритет и суверенитет на државата и во операции за поддршка на мирот и безбедноста предводени од НАТО, Обединетите нации и Европската Унија.

Мисајловски на денешниот брифинг упатил огромна благодарност до сите припадници на командата за сето она што го направиле досега и порачал дека максимално ќе ги поддржи сите активности и потреби кои ги има оваа Команда и единиците од нејзиниот состав.

-Сакам да ги запознам нашите припадници, чувари на мирот и безбедноста од блиску, да се запознам со вашите потреби и состојби и да направиме се што е потребно вашата работа да ја извршувате беспрекорно. Во мене имате сојузник на кој можете да се потпрете, порачал министерот Мисајловски.

На денешната средба министерот Мисајловски беше брифиран за идните чекори на Командата за операции, опремување и модернизација, обуката и вежбите и прифаќањето и имплементацијата на НАТО стандардите.

притисни ентер