3Петкоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаМицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиранПрес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.ВМРО-ДПМНЕ е убедливо прва, и има огромна победа во првиот круг на изборите за избор на градоначалник во општина Брвеница. Нашиот кандидат Стојанче Радичевски освои огромно мнозинство на гласови, а разликата во однос на нашите конкуренти од СДС е поголема од 4 спрема 1. На повторените избори за градоначалник на општина Маврово и Ростуше тогаш победивме со разлика поголема од 2 спрема 1, а денес победата во Брвеница е поголема од 4 спрема 1. Иако само пред неколку дена раководството на СДС најавуваше убедлива победа во Брвеница, сепак СДС е декласиран од граѓаните и тоа е важна порака од граѓаните до нивното раководство. Честитки за граѓаните на Брвеница што се одважија и овозможија уште една голема победа пред се за нив а потоа и за Македонија, што е јасен показател дека народот е со ВМРО-ДПМНЕ и дека народот одбира прогрес, единство и исправна борба за иднината. Со оглед на тоа дека имаше повеќе кандидати во изборот за градоначалник, многу веројатно е дека ќе има втор изборен круг, каде што како фаворит влегува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, со освоени околу 3.000 гласа, втор е според нашите анализи е кандидатот на ДУИ, со нешто повеќе од 2.100 гласа, а трет е кандидатот на Влен односно Вреди, а четврт е кандидатот на СДС. Независниот кандидат којшто беше поддржан од политичката партија Левица освои околу 50тина гласови. Од волјата на народот нема бегање и тој е неприкосновен судија. Сакам најнапред да им се заблагодарам на сите граѓани кои денеска го остварија своето право на глас. Благодарност и до сите кои беа вклучени во организацијата и спроведувањето на изборниот процес. Демократијата подразбира натпревар на различни идеи, програми и кандидати. Но, кога ќе заврши гласањето, останува една обврска која важи за сите: да се почитува волјата на граѓаните. И токму од таа волја произлегува политичката порака на денешните избори. Сакам да му честитам на нашиот кандидат, на сите кои работеа посветено во изминатите недели и, пред сè, на граѓаните коишто ни ја дадоа својата доверба. Оваа поддршка за нас има големо значење. Резултатот од денешните избори има и пошироко политичко значење. За нас, ова е уште една потврда дека граѓаните ја препознаваат и ја поддржуваат политиката што ја водат ВМРО-ДПМНЕ и Владата. Политиката на конкретни проекти, на исполнување на ветувањата и на преземање одговорност за преземените обврски. Оваа доверба за нас претставува дополнителен поттик да продолжиме уште посилно. Свесни сме дека граѓаните имаат големи очекувања. Дека има проблеми што сè уште чекаат решение. Дека има многу работа пред нас. И затоа, како претседател на Владата, сакам да испратам јасна порака. Владата ќе продолжи да вложува во развојот на општините. Во патишта, водоводи, училишта, комунална инфраструктура и во создавање подобри услови за живот. Тоа важи и се разбира за Брвеница. Ќе продолжиме посветено, со јасни приоритети и со уште поголема одговорност. Тоа е политиката зад која стоиме. И тоа е политиката со која ќе продолжиме и понатаму да функционираме. Почитувани, Сакам вечерва да изразам почит и кон сите останати кандидати кои учествуваа на овие избори. Секој од нив имаше можност да ја претстави својата визија за Брвеница. И секој граѓанин имаше право слободно да одлучи кому ќе му ја даде својата доверба. Таа различност треба да ја почитуваме. Брвеница е дом на луѓе од различни националности, вери и политички убедувања. Тоа заедништво е вредност која мора да се чува. И затоа верувам дека, независно од исходот на политичкиот натпревар, најважната обврска на идниот градоначалник ќе биде да работи за сите. Драги пријатели, Пред Брвеница е уште една важна одлука. На 1 ноември граѓаните повторно ќе имаат можност да одлучуваат за иднината на својата општина. Ќе побараме поддршка од сите граѓани на Брвеница. Во овој изборен процес влеговме со јасна програма, со конкретни проекти и со цврста определба да ја продолжиме започнатата работа. И со тие цели продолжуваме и понатаму. Брвеница има потреба од нови инвестиции. Од подобра инфраструктура. Од решавање на комунални проблеми. Од повеќе можности за младите и подобри услови за живот во сите населени места. Сакам да нагласам уште нешто. Политичките натпревари доаѓаат и поминуваат. Но, луѓето остануваат да живеат заедно. Остануваат нивните семејства, нивните соседи, нивните пријателства и заедничките потреби. Затоа, нашата обврска е јасна. Да се грижиме подеднакво за сите населени места. Да ги решаваме проблемите на секој граѓанин. Да ги исполнуваме преземените обврски. Нашата посветеност кон Брвеница продолжува. Победата е огромна, но и нашите обврски за оваа општина се огромни. Со конкретни проекти. Со одговорност. Со почит кон секој човек. За една Брвеница за сите. Да ја сочуваме силата на единството. Одиме на вкупна победа! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПовторно гори во теснецот (ВИДЕО)Иранската војска денеска соопшти дека два нафтени танкера се запалиле откако удриле во поморски мини во Ормускиот теснец.Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) наведе дека два нафтени танкера – кои ги прекршиле прописите – ги исклучиле своите системи за навигација и идентификација и се обиделе да го напуштат Ормускиот теснец преку неовластена рута, под закрила на американските воени сили. Притоа, тие удриле во поморски мини и се запалиле, пренесува агенцијата ИРНА. Во соопштението се додава дека, и покрај напорите на американскиот воен персонал да ги изгаснат пожарите, пловилата остануваат зафатени од пламени и се напуштени. JUST IN: 🇮🇷🇺🇸 Oil tankers continue to burn in the Strait of Hormuz. Iran revealed a new footage where two oil tankers were targeted by two mines last night to stop their attempt to cross the Strait https://t.co/vtQFsp1hBd — Megatron (@Megatron_ron) November 11, 2026 Во соопштението, упатено до сопствениците на бродовите, се напоменува дека за безбедно поминување низ Ормускиот теснец е неопходна „координација со иранските вооружени сили“.Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоциМВР апелира на внимателностМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“. Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба. МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки. Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.Тагови: пораки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПеткоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значењеНавременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење за националната и финансиската безбедност.На денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „ Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска која истакна дека во услови на сложени и променливи безбедносни, политички и економски околности од особено значење е институциите да постапуваат одговорно, транспарентно и навремено, особено кога станува збор за прашања кои директно влијаат врз стабилноста и довербата во финансискиот систем и посочи дека утврдувањето на причините за одредени институционални постапки, како и јасното дефинирање на одговорноста на надлежните органи се неопходни за заштита на јавниот интерес и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите. „Во услови на динамични геополитички промени и се посложени безбедносни предизвици навременото препознавање на ризиците и правилната процена на нивното влијание врз националната безбедност се од особено значење за секоја држава. Сведоци сме дека безбедносната состојба во Европа и поширокиот регион е под влијание на повеќе паралелни процеси. Нашата држава како членка на НАТО има дополнителна одговорност но и обврска активно да допринесува за колективната безбедност, а тоа подразбира следење на состојбите и ефикасна размена на информации, координација и навремено информирање на институциите кои носат одлуки“, посочи Петкоска. Петкоска постави прашање во областа на регионалната и националната безбедност, со фокус на следењето на безбедносно-стратешките појави од страна на Агенцијата за разузнавање, навременото информирање на државниот врв и размената на информации со НАТО партнерите. „Во таа насока би сакала да ви го поставам следното прашање: Кои тековни регионални и безбедносно стратешки појави што може да имаат ефект на прелевање кон Македонија ги следи Агенцијата за разузнавање и со која динамика го известува државниот врв за истите? Дополнително, ме интересира како се одвива текот на информирање на државниот врв за безбедносните предизвици од една страна и размената на информациите со НАТО партнерите од друга страна? Дали станува збор за редовно и систематско известување или динамиката се приспособува согласно интензитетот и сериозноста на конкретните безбедносни случувања. Колку е важно во овој процес навременото споделување на информациите особено кога станува збор за појави кои во почетната фаза можеби не претставуваат директна закана за нашата држава, но доколку не се препознаат навреме можат да прераснат во сериозен безбедносен предизвик“, рече Петкоска, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter