Охридскиот аеродром доби меѓународен здравствен сертификат за аеродроми - Канал 5

Охридскиот аеродром доби меѓународен здравствен сертификат за аеродроми

Според правилата на Програмата за здравствена акредитација на аеродроми на ACI, здравствениот сертификат, односно акредитацијата за Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид важи во следните 12 месеци, по што следи процес на ресертификација.

Охридскиот аеродром доби меѓународен здравствен сертификат за аеродроми

ТАВ Македонија доби здравствен сертификат од Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International World) за Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, којашто претставува нов меѓународен репер за спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот. Програмата на ACI е креирана за да се увери патувачката јавност дека аеродромските објекти остануваат безбедни и дека се преземаат мерки на претпазливост за да се намали ризикот по нивното здравје.

„По разгледување на доказите презентирани во текот на процесот на евалуација, вашиот аеродром покажа дека нуди безбедно аеродромско искуство за сите патници, што е во согласност со препорачаните здравствени мерки утврдени во упатствата на ACI за рестартирање и закрепнување на деловните активности во воздухопловството и препораките на работната група за закрепнување на воздухопловството на Советот на ICAO, заедно со најдобрите практики во индустријата", вели Луис Фелипе де Оливеира, Генерален директор на ACI World, во официјалната честитка за акредитацијата до Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

Според правилата на Програмата за здравствена акредитација на аеродроми на ACI, здравствениот сертификат, односно акредитацијата за Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид важи во следните 12 месеци, по што следи процес на ресертификација.

„Чест ни е што го добивме сертификатот за здравствена акредитација на аеродорми од ACI за охридскиот аеродром, откако веќе истиот го добивме за скопскиот аеродром во октомври 2020 година. За аеродормот во Охрид аплициравме на Програмата за здравствена акредитација на аеродроми на ACI, во ноември 2020 година, а целиот процес на ревизија траеше досега, април 2021 година. Сите наши процеси беа предмет на ревизија и инспекција, вклучително и аеродромскиот план за подготвеност при јавно-здравствена вонредна состојба и Планот за дезинфекција, како и Протоколот на ТАВ за работење на аеродромот при пандемија кој се имплементира секојдневно на охридскиот аеродром во време на пандемија. Здравствената акредитација на аеродроми на ACI е глобално признание дека Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид нуди безбедни патувања за нашите патници", изјави Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

ТАВ Македонија ги заврши првите три месеци од 2021 година со 64% пад во патничкиот сообраќај на двата аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, споредено со истиот период во 2020 година. Истовремено, бројот на летови на двата аеродрома заедно е намален за 44%.

Во рамки на летниот ред на летање за 2021 година (март-октомври), 44 дестинации со 11 авиокомпании се најавени од скопскиот аеродром, додека од охридскиот аеродром иако во моментов има само 2 авиолинии, од крајот на јуни се очекуваат 13 редовни дестинации и 6 сезонски чартер летови.

Меѓутоа, ТАВ Македонија, апелира, до сите патници, дека постои можност за измени во честотата на летовите до најавените дестинации, како и евентуални откажувања на летовите до некои од дестинациите, поради екстремната неизвесност што постои во воздухопловната индустрија, што е пак резултат на брзите промени во политиките на различни држави за влез на нивно тло, поради КОВИД-19.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер