Левица поднесе претставка до Уставен за оспорување на уставноста на донесениот Закон за попис

Димитар Апасиев одржа прес-конференција каде ги презентира четирите основи по кои Левица го спори овој закон.

Ја известуваме јавноста дека политичката партија Левица до Уставниот суд на Република Македонија, поднесе ИНИЦИЈАТИВА – ПРЕТСТАВКА за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за попис.

По тој повод, претседателот Димитар Апасиев одржа прес-конференција каде ги презентира четирите основи по кои Левица го спори овој закон.

„Прво, сметаме дека спроведување на попис во време на пандемија е спротивно на позитивното кривично право кое предвидува кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија", како и членот 39 од Уставот кој вели дека должност на секој граѓанин е да го чува и унапредува како сопственото, така и здравјето на другите.

Вториот основ по кој што го спориме овој закон е тоа што тој е спротивен на задолжителните норми на меѓунарното право и на стандардите на Еуростат. Имено, со цел да се шверцува во собраниска процедура му беше ставено европско знаменце, но сите пет ЕУ регулативи кои се наведени, во суштина се лажно фингирани. Нема законски дефиниции, нема утврдена методологија, нема образец на прашалник, нема резидентно население.

Трето, сметаме дека е спротивно на неповредливоста на домот и ја повредува приватноста гарантирана во Европската конвенција за човекови права, со тоа што дава можност да се даваат лични податоци кои се законски заштитени за отсутен член на домаќинството.

Четвртиот основ по кој што го спориме овој закон е владеењето на правото. Имено, Законот за попис е во директна колизија со дури три специјални закони кои се однесуваат на Системот на кризен менаџмент, кој е веќе покренат. Имено, до 30-ти јуни имаме прогласено кризна состојба и до овој датум не е возможно правно да се спроведе попис. Тие закони се: Законот за управување со кризи, Законот за заштита на населението од заразни болести и Законот за заштита и спасување.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

Нова Алтернатива: Сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Во изминатите две години на место каде имаше дива депонија од над 50 илјади метри квадратни направивме мега парк во Ѓорче Петров, исчистивме над 280 диви депонии, каде некој трупа отпад, загадува и заработува.

Први поднесовме кривична пријава против еден од најголемите загадувачи во Македонија и без компромис се бориме против секој што се обидува да ги труе нашите сограѓани.

Затоа за обезбедување услови за Македонија во која ќе живееме здраво и во чиста животна средина мора да се пристапи кон:

-Кривично гонење на сите кои ќе се утврди дека извршиле дело против животната средина и здравјето на граѓаните

-Да се донесе Закон за комунална полиција

-Спречување на заадувањето од големите индустриски капацитети

-Нема да дозволиме рестартирање на рудниците и мора да се изврши ревизија на сите долгорочни договори за концесии за експлоатација на минерални суровини

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

НБА кошаркар дивее на теренот- намерно со топка ги гаѓа навивачите (ВИДЕО)

Милвоки Бакс се прости од оваа сезона во НБА со пораз во првото коло од плејофот на Источната конференција од Индијана Пејсерс.

Серијата ѝ припадна на екипата на Индијана со вкупни 4:2, а додека се уште траеше последниот натпревар, кошаркарот на Бакс, Патрик Беверли, на непримерен начин го исфрли бесот и фрустрацијата.

Во последните минути од натпреварот кој отиде на страната на Пејсерси со 120:98, Беверли седеше на клупата за резерви. Тој стана од неа и со топка удри навивачка на ривалскиот тим во глава. Потоа побарал да му ја вратат топката, а потоа со неа го удрил човекот кој му ја фрлил. Играчите на Бакс, стручниот штаб и обезбедувањето ја смируваа ситуацијата.

притисни ентер