Канал 5 дознава: Човек кој се поврзува со убиството на Вања е скопјанецот Љ.П. со прекар ПА...

Според извори на Канал 5 вмешаност во грозоморното убиство на 14- годишната Вања Ѓорчевска има и  екс градежен претприемач од Скопје.

Според извори на Канал 5 најверојатниот извршител на грозоморното убиство на 14- годишната Вања Ѓорчевска е градежен претприемач од Скопје со иницијали Љ.П. ,кој неодамна беше во притвор во Хрватска. Тој е еден од петтемина , осомничени за убиството на Вања, чие тело беше пронајдено вечерва во околината на скопското село Орман. За убиството на Вања и на велешанецот Панче Жежовски (74) се товарат истите петмина, од кои тројца се во притвор, едно е во бегство во странство , а едно е во полициска станица.

Вања била убиена истиот ден кога е пријавено нејзиното исчезнување на 27. Ноември во понеделникот во 7.35 часот. Ја убиле во 10.00 часот.

Сообраќај по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Матурантите се натпреваруваа во примена на микропроцесорски системи на ФЕИТ

Матурантите се натпреваруваа во примена на микропроцесорски системи на Факултетот за електроника и информациски технологии.

Средношколци од десет средни училишта за техничко образование од земјава, на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје се натпреваруваа во практична примена на знаењата преку употреба на развојни микропроцесорски системи.

Натпреварот беше во рамките на проектот „Технологија за тебе“ организиран од ФЕИТ-ФАБЛАБ и Логинг Електроникс, кој вклучи и работилници, каде средношколците претставуваа проекти на кои работеле во текот на училишна година, додека нивните професорите следеа обуки и предавања организирани од ФЕИТ. Целта е промоција на електротехниката преку обезбедувањетехничка и професионална поддршка на учениците и професорите, информираат од ФЕИТ.

„Технологија за тебе“ годинава се одржа по петти пат. Оваа традицијата ги спојува потенцијалните студенти со Факултетот и со бизнис заедницата и успешно ги промовира условите за студирање на ФЕИТ.

Деканот на ФЕИТ проф. д-р Владимир Атанасовски на настанот гледа како можност да ги мотивираат матурантите да одберат студии на ФЕИТ. Атанасовски информира дека преку промоција на овие активности Факултетот ги презентира лабораториските капацитети и можностите за практична работа пред заинтересираните матуранти.

-Со учество на „Технологијата за тебе“ младите се запознаваат со современата опрема во ФЕИТ-ФАБЛАБ и практично преку интердисциплинарен пристап нивната идеја да ја развиваат во прототип.Имаме одлична соработка со стопанството, а со настанот и практично ги спојуваме наставата, науката и нејзината апликација во развојот на прототипови, појаснува Атанасовски.

Директорот на Логинг електроникс Златко Крстевски, кој е партнер на проектот од неговото основање пред 7 години потенцираше дека проектот е отворен за нови партнери кои ќе сакаат да вложат во знаењето на средношколците кои покажуваат големи знаења и разбирање за технологијата.

-Верував во знаењето што го имаат учениците и знаев дека нема да биде проблем да ја совладаат технологијата, која последните години стана лесно достапна. Ако претходно ја имаа само на факултетот, сега оваа технологија овозможивме да е достапна и во средните училишта. Во соработка со ФЕИТ обезбедивме и поддршка за наставниците, и еве седум години подоцна, денес имавме презентација на ученици кои развиле проекти од паметен град,паметен автомобил, паметна градина. Целта ни е да ги задржиме овие деца тука, да дознаат дека тука има услови да ги творат идеите и да ги реализираат во корист на сите. На нас е да им обезбедиме достапност на опрема, а на професорите да ги заинтересираат да одат на вежбите, и гледаме дека тоа дава резултати, вели Крстевски.

За натпреварувачкиот тим Андреј Даневски и Матеј Стојчески од СЕТУ на ГС „Михаило Пупин“ натпреварот отвора нови видици за нивните идни можности.

-Натпреварот ми овозможува да ги употребам моите вештини и знаења за забава и натпревар во категории за кои немаме многу можности во нашата држава. Ми овозможи и предвреме да го искусам студентскиот живот на овој кампус и ме убедува сериозно да ја размислам шансата за продолжување на моето образование на овој факултет,потенцира Матеј Стојчески.

Тимовите работеа на развој на протипови на автономни возила кои сами се движат и распознаваат бои.

-Работите кои ни се дел од натпреварот веќе ги имаме совладано во нашето училиште и од тој аспект ние сме подготвени за ФЕИТ или друг сличен факултет, додава Андреј Даневски.

ФЕИТ е единствен факултет во земјава со германска акредитација на додипломските студии и најголем број на научно истражувачки проекти во државата.а

ФИА и Ф1 развиваат нов стратешки план

Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) и Формула 1 издадоа соопштение поради тензиите во последните месеци.

Постојат разлики меѓу двете организации. Конкретно, страните имаат различни ставови за обидите на Марио Андрети да влезе во серијата како 11-ти тим.

- Светскиот шампионат во Формула 1 никогаш не бил посилен, тој расте низ целиот свет и ФИА и Формула 1 се посветени на постигнување најдобри резултати за мотоспортот во целина. За таа цел, двете страни развиваат нов стратешки план за искористување на можностите и дополнително развивање на потенцијалот на Ф1 во наредните години“, се вели во соопштението.

ФИА и Ф1 не објаснија што точно е планот.

притисни ентер