Како да се надмине стресот од непосакувани ситуации? - Канал 5

Како да се надмине стресот од непосакувани ситуации?

Дојава за бомби, поплави, земјотреси, пожари колку учениците во основните училишта може да бидат подготвени за реакција како да реагираат, а да не се создаде чувство на паника?

Како да се надмине стресот од непосакувани ситуации?

Пред една недела Македонското научно здружение за аутизам го промовираше проектот за едукација за подигање на свеста кај децата со нетипичен развој како што се аутизам, даунов синдорм и интелектуална попреченост. Но токму ваквите вежби и едукација може да бидат применети и објаснети на сите деца и со пречки во развојот но и децата со типичен развој.

Филиповска е дефектолог но и специјален едукатор во ова здружение таа со апел дека и родителите дома со своите деца треба да разговараат за состојбата со дојавата за бомби смирено и реално дека тоа се случува.

Од здружението велат дека сите едукативни материјали може да се најдат на линкот и истите да ги ги користат и училиштата, бидејќи се готови материјали со многу едноставна содржина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп исвиркан при доделувањето на пехарот на Шпанија- Инфантино го тргна од бината (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се обиде да биде во центарот на вниманието за време на вчерашното финале на Светското првенство во Њу Џерси.

Трамп исвиркан при доделувањето на пехарот на Шпанија- Инфантино го тргна од бината (ВИДЕО)

Поради самото доаѓање на Трамп на натпреварот, беа воведени ригорозни безбедносни мерки, поради што илјадници навивачи на Шпанија и Аргентина чекаа со часови на влезот, додека припадници на полицијата и тајната служба циркулираа на самиот стадион.

Беше исвиркан неколку пати

Трамп беше исвиркан неколку пати на стадионот, речиси секој пат кога се појавуваше на екранот и за време на доделувањето на трофејот. Неодамна беше исвиркан на финалето на американската НБА во Медисон Сквер Гарден во Њујорк.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му го врачи трофејот на Трамп, кршејќи го нормалниот протокол, а потоа Трамп му го предаде трофејот на новиот светски шампион Шпанија. Сепак, американскиот претседател, како и на минатогодишното финале на Светското клупско првенство, не сакаше да се симне од сцената.

На крајот, Инфантино се обиде да го одвлече, но Трамп изгледаше доста посрамено додека Шпанците продолжија да слават.

Интересно е и тоа што Трамп постојано ја критикуваше политиката на премиерот на Шпанија, Педро Санчез, со кого се ракуваше во церемонијалната ложа синоќа.

Жесто ги критикуваше Шпанците, па затоа не сакаше да се оддалечи од нивната прослава

Трамп ја нападна владата на Санчез за, како што рече, недоволните трошоци за одбрана, ја нарече Шпанија „изгубена кауза“ и се закани со трговски мерки, додека Санчез одговори дека Шпанија е сигурен сојузник што ги исполнува своите меѓународни обврски.

Пред натпреварот, Санчез изјави за шпанската јавна телевизија TVE дека ќе му честита на Трамп за 250-годишнината од американската независност и рече дека „многу работи ги поврзуваат“ шпанското и американското општество.

„Пред нас е финале од соништата. Нека победи најдобриот, и се надевам дека тоа ќе биде Шпанија“, рече Санчез.

Игнорирањето на Инфантино кон Трамп

Ова не е прв пат Трамп да се обиде да биде во центарот на вниманието за време на големи спортски настани. На ждрепката за овогодинешното Светско првенство во декември минатата година, Инфантино му ја врачи наградата за мир на ФИФА, која Трамп гордо ја прифати, само за неколку месеци подоцна да нареди воена интервенција во Венецуела и да започне војна со Иран, на чиј тим американската влада му го направи престојот на ова првенство што е можно погорчлив.

YouTube video

Додворувањето на Инфантино кон американскиот претседател трае веќе долго време, кулминирајќи со скандалозната одлука за поништување на црвениот картон на американскиот играч Фоларин Балогун, откако Трамп се пофали дека му се јавил на Инфантино и побарал реакција од ФИФА, што е историски преседан.

И министерот за трговија Хауард Лутник, кој лично учествувал во разговорите, развил близок однос со Инфантина. На почетокот на јуни, тој присуствувал на вечера со претседателот на ФИФА, а седел до него на натпреварот каде што Балогун добил црвен картон.

Политико напиша дека одлуката следела по четиридневна лобистичка кампања координирана од Белата куќа и дека обидот за поништување на суспензијата на Балогун започнал само неколку минути по црвениот картон. Ендру Џулијани, извршен директор на Работната група за Светското првенство во Белата куќа, веднаш го предупреди Трамп за казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РКЕ денеска со нова пресметка за цените на горивата

Денеска Регулаторната комисија за енергетика ги прави новите пресметки за цената на горивата, откако нафтата на светските берзи драстично поскапе.

РКЕ денеска со нова пресметка за цените на горивата

Од друга страна, премиерот Христијан Мицкоски завчера истакна дека очекува зголемување на цената на горивата со оглед на ситуацијата на Блискиот исток, но најави и намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива.

- Немаме правено калкулација за покачувањата, но ќе има секако бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа изминатава недела, а и курсот на доларот е малку посилен во споредба со претходната недела. Како Влада ја продолживме кризната состојба уште три месеци, цените се такви што сигурно ќе имаме намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива, изјави Мицкоски.

Инаку, според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), ова се актуелните максимални малопродажни цени на нафтените деривати во Македонија:

Гориво

Актуелна цена (по литар/килограм)

ЕУРОСУПЕР БС - 95

87,00 денари / литар

ЕУРОСУПЕР БС - 98

89,00 денари / литар

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)

88,00 денари / литар

Екстра лесно масло (ЕЛ-1)

86,00 денари / литар

Мазут М-1 НС

42,168 денари / килограм

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 20. јули 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 20. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 20. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе одработите уште некои работи од минатото , за да можете посмело да тргнете натаму. Нема да ви биде лесно , но ќе бидете доследни.

Кариера

Ќе ви обрнат внимание и ќе може да си го изразите своето мислење. Вашите идеи ќе бидат разгледувани , но за нив ќе нема мислење.

Здравје и совет

Премногу се грижите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Денеска малку ќе ве измачуваат стари мечти и неисполнети надежи , па затоа најдобро е да се повлечете и смирите. Не инсистирајте на ништо.

Кариера

Иако ќе работите посветено и без застој , денеска ќе ви изгледа како да работите недоволно.

Здравје и совет

Поработете на вашето трпение.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво на пријателите. Тие ќе бидат вистибнски мелем за вас.

Кариера

Конечно ќе ви стане јасно дека она што го работите вреди повеќе отколку што мислевте . Со тоа сознание полесно ќе работите.

Здравје и совет

Бидете искрени кон сите.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е убав ден за дружење , било да се решите за излегување со саканата личност , било да се прошетате и се напиете кафе со познаници.

Кариера

Денеска лесно ќе излегувате на крај со обврските доколку работите со колеги , но ако сте сами на работното место , ќе ви недостига некој за да поразговарате.

Здравје и совет

Радувајте се на она што е добро.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Можно е решение на некој семеен проблем , што долго ве измачуваше. Веројатно ќе најдете заеднички јазик.

Кариера

Успешно ќе завршите една деловна фаза и ќе свртите нов лист.Ќе биде тоа чекор напред за вас.

Здравје и совет

Не се сомневајте ,туку работете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска е ден кога во љубовните теми ќе помешате скромност со високи идеали. Резултатот ќе биде збунетост на другата страна.

Кариера

Соработниците ќе ве подржат и ќе ви изразат симпатии , но кога станува збор за стручноста , никој нема да ви прогледа низ прсти.

Здравје и совет

Сѐ е во ред.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашиот љубовен шоу ќе продолжи со поврзување со личност од надвор. Некои ќе добијат љубовен меил или порака од странство.

Кариера

Својата стручна способност денеска ќе ја надувате до крајни граници , но никој нема да ви замери , зашто ќе бидете уверливи.

Здравје и совет

Почнете да спортувате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе имате вистински баланс за уживање и љубов , апосебно во конкретни ситуации.Оние во врска ќе бидат многу задоволни.

Кариера

Денеска исправно ќе се поставите , зашто ќе знаете да ги испочитувате не само строгите правила, туку и човечките потреби.

Здравје и совет

Мала главоболка.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Мал чекор ве дели до помирување и поквалитетни односи , но потребно е само малку трпение.

Кариера

Веројатно ќе добиете добар договор за спонзорирање на еден проект за што се сомневавте.

Здравје и совет

Имајте малку повеќе верба.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Преодна несигурност би можела да биде поврзана со погрешно изразување или недоразбирање. Не навлегувајте во расправија.

Кариера

Вашите претпоставени денеска ќе бидат полни со елан и нови планови за развој на работата , а вие ќе имате помалку енергија. Издржете.

Здравје и совет

Одете чекор по чекор.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако имате лични проблеми , прифатете еден неврзан повик на кафе , зашто така ќе си ја олесните душата.

Кариера

Можеби ќе ви предложат да одите на кусо деловно патување за да ја согледате состојбата и да донесете нови информации од терен.

Здравје и совет

Средете го ритамот на работата и одморот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

За некои овој ден ќе биде за паметење , а особено вториот дел.Оние кои бараат сродна душа , секако треба да излезат.

Кариера

Ќе биде одлично , координирани и со вистинско чувство за секоја задача. За вас денеска нема препреки.

Здравје и совет

Уживајте во секој момент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер