Јавно обвинителство: Нема пријави за изборни нерегуларности

Рано утринава е пријавен настан кој се случил во 03,20 часот  во ПО Галате каде дошол претседателот на месната заедница од село Дебреше и пријавил кршење на предизборен молк од страна на две лица од село Дебреше. 

До овој момент, од почетокот на гласањето во oсновните јавни обвинителства, како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса [email protected] нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности поврзани со настани од процесот на гласање, соопштија од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Во текот на ноќта и предизборните денови, стои во соопштението, пристигнати се неколку известувања. Во голем дел од пристигнатите известувања не се утврдени елементи на сторени кривични дела за кои гонењето се презема по службена должности и кои се предвидени во Глава 16 од Кривичниот законик. За останатите известувања, се подвлекува, јавните обвинители преземаат дејствија во предистражна постапка за да се утврди постоењето на кривичното дело и сторителот.

– Рано утринава е пријавен настан кој се случил во 03,20 часот во ПО Галате каде дошол претседателот на месната заедница од село Дебреше и пријавил кршење на предизборен молк од страна на две лица од село Дебреше. Лицата со автомобил низ селото растурале пропаганден материјал-флаери на една од коалициите. При што биле забележани и физички нападнати од друго лице. Од настанатите повреди едно од лицата кои делеле пропаганден материјал е пренесен во Ургентен центар -Гостивар. Сите иволвирани во моментот се во ПО Галате. Се работи на расчистување и документирање на случајот, се наведува во соопштението од ЈО на Република Северна Македонија.

За овие настани, како и за сите останати информации и известувања кои евентуално би пристигнале во обвинителствата, се подвлекува во соопштението, надлежните јавни обвинители, како и Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности, итно и со приоритет во работењето ќе ги преземат сите потребни дејствија за расчистување на настаните.​

ЈО: Истрага за разбојништво со автоматска пушка во казино во Лешок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Бројот на Австријци кои живеат во сиромаштија се зголеми за повеќе од 50 проценти

 Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е зголемен за повеќе од 50 отсто, од 201.000 во 2022 година на 336.000 минатата година, соопшти Заводот за статистика на земјата.

Според бројките презентирани од Статистика Австрија, погодените луѓе не можеле да си дозволат многу секојдневни работи како кирија, греење или храна.

Децата и младите се релативно почесто погодени од сиромаштија отколку возрасните.

Во опасност од сиромаштија се 41 отсто од самохраните родители и 31 отсто од семејствата со најмалку три деца.

Според податоците, процентот на жители во ризик од сиромаштија би изнесувал дури 42 отсто без државна социјална помош.

Универзитетот Колумбија го одложи рокот што им го даде на демонстрантите против војната во Газа

Американскиот универзитет Колумбија го одложи рокот, кој истекува на полноќ, што им го даде на пропалестинските студенти да го расчистат кампусот, каде што протестираат против војната во Газа.

- Преговорите напредуваа и продолжуваат според планираното, соопшти кабинетот на претседателот на Универзитетот во Њујорк Минуш Шафик, негирајќи дека била побарана полициска интервенција.

- Не нарекуваат терористи, нè нарекуваат насилници. Но единствената алатка што ја имаме е нашиот глас, рече еден од студентите на собирот.

Пропалестинските студентски демонстрации во САД, кои се проширија на неколку универзитети, почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од најпрестижните универзитети во светот, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.

притисни ентер