Извор од MЗ: Првите 100.000 вакцини на Aстра Зенека на 31 март и 15 април !

Канал 5 штотуку дозна од извори во Министерството за здравство на Македонија дека првата пратка на вакцини од КОВАКС системот доаѓа на 31 март,а втората на 15 април...

Според информациите, првата пратка ќе има 40 илјади, а втората 60 илјади дози на вакцини од АстраЗенека...

Од нашиот извор на Министерството за здравство се чека уште една финална потврда за овие термини, но бројот на дозите не е спорен.

Хакиран сајтот на весникот „Илинден"

Хакиран е сајтот на македонскиот весник „Илинден", кој е гласило на истоименото македонско друштво во Албанија.

- Почитувани читатели на македонски весник "Илинден", во моментот нашиот сајт е хакиран. Се надеваме дека за брзо време ќе биде вратен. Се истражува кој го нападнал, објави на фејсбук Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник.

Тој не сакаше да шпекулира кој би можел да го стори хакерскиот напад.

Весникот „Илинден" е единствен весник на македонски јазик, а е достапен и во печатена форма и електронски. Во изминатите над 13 години отпечатени се најмалку 60 броеви на весникот.

МОН: Од денеска ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Министерството за образование и наука информира дека од денеска ќе почнат да се исплаќаат паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци.како што соопштија од МОН.

На првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука Весна Јаневска ги задолжила надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски по секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право.

Врз основа на доставениот извештај, бил направен план со динамика на исплата којa започнува денеска.

МОН: Од денеска ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Де Брујне: Во наредните месеци ќе биде дефинирана мојата иднина во Манчестер сити

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне го сподели своето мислење за неговата иднина во премиерлигашот.

-Ќе имам мирно лето. По Европското првенство ќе уживам во одморот, а потоа ќе се вратам во Манчестер сити. Може да има преговори со клубот во наредните месеци, го цитира играчот новинарот Кристоф Тере.

Денеска, 1 јули, репрезентацијата на Белгија ќе игра против Франција во осминафиналето на Европското фудбалско првенство 2024. Средбата во Диселдорф е закажана за 18 часот.

Договорот на 33-годишниот Белгиец со Манчестер сити е со важност до летото 2025 година.

притисни ентер