Николоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка
2Николоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка
ЗдравјеИма ли лек за „болните“ апарати и чињањето на резултати за онколошките пациенти?Министрите се менуваат, ама проблемите на болните од канцер остануваат. Нема термини за снимање, откажуваат апарати, а кога работат и пациентите конечно ќе отидат да го завршат неопходниот чекор од кој зависи понатамошниот тек на лекувањето, пак чекаат со недели или месеци, овој пат за резултати. Нема радиолог за да ги прочита резултатите, це-де со снимката не може да добиете бидејќи не ни работи режачот на комјутерот. Вакви одговори тврдат дека добиваат дел од пациенти кои имаат метастази, а се обратија до Канал 5, но од страв за понатамошниот третман сакаа да останат анонимни. Во последно време се повеќе и повеќе се чека за резултати, еве јас чекам еден месец, има пациенти што чекаат и по повеќе месеци. Проблемот највеќе е кај пациентите со метастази и кај кои мора да се контролира состојбата на време, за да се реагира на време, соодветно со терапија. Овој проблем е многу голем бидејќи ситуацијата може да биде многу влошена, а ние продолжуваме со терапијата од претходно бидејќи онкологот нема право да ја промени се додека не стигнат иследувањата од комјутерот или пет-скенот, или од било кое снимање, -пациент. И по чекањето на резултатот голготата не завршува, вели друг пациент од Охрид. Некогаш не даваат ни це-де, а друг пат, кога ќе побараш второ мислење, дознаваш дека резултатот не е точен, бидејќи има испуштено метастази. -Во Скопје не можеме да се изначекаме. Право да ви кажам првичните резултати што ни ги дадоа воопшто не беа погледнати убаво снимките. Кога ги однесов на второ мислење излезе дека се гледаат уште жлезди, а извештајот од нивна страна беше дека се е во ред. Лично не сум задоволна како ги читаат снимките. За мене е подобро да ми кажат дека има нешто него дека нема, бидејќи јас ќе останам без терапија, за мене тоа што значи, дека за една година може и ќе ме нема. Вториот случај барав це-де да ми дадат за да го однесам на второ мислење, ми кажаа, едноставно не работел печатачот, баш од тој комјутер јас каде што се снимав. -пациент. Откако дел од пациентите деновиве го кренаа гласот и пред медиумите ги кажаат проблемите, особено за дијагностиката бидејќи за пет-скен чекале и по 5 до 6 месеци, снимање кое на приватно чини околу 1200 евра, од Министерството соопшија дека почнувајќи од овој продолжен викенд, ПЕТ центарот ќе биде отворен и ќе работи и во саботите и неделите со цел пациентите да не чекаат долго време за снимање. Дополнително посочуваат дека од денес е ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје, и се организираат снимања во две смени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
Шоу бизОдложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција Парни ваљак објави дека ги одложува сите концерти планирани за октомври и ноември. Причина е операцијата на гласните жици на која треба да се подложи пејачот Игор Дрвенкар, по што му треба време да се опорави. Пораката на бендот до публиката Бендот се обрати до публиката преку социјалните мрежи. „Поради оперативната интервенција на гласните жици на која мора да се подложи нашиот Игор и потребното време за закрепнување, принудени сме да влеземе во состојба на мирување во текот на 10-тиот и 11-тиот месец од оваа година и да ги одложиме сите концерти во тој период“, се вели во соопштението. View this post on Instagram A post shared by Parni Valjak (@parnivaljak) „Здравјето на Игор е наш прв приоритет, а сега најважно е што има доволно време за целосно закрепнување. Ви благодариме за разбирањето, поддршката и трпението. Се надеваме дека наскоро сите ќе се вратиме на сцената заедно, веќе во 12-тиот месец, каде што сите сме најсреќни - заедно со вас!“ Дрвенкар: Се надевам дека ќе се вратам во декември Самиот пејач Игор Дрвенкар се обрати до јавноста со својата порака. „Драги мои, за жал, дојде време да престанам засега и да се посветам на моето здравје и целосно закрепнување. Знам колку сите се радувавме на концертите што нè очекуваат и верувајте ми, не ми е лесно што ќе мора да ги одложиме“, напиша тој. „Да бидам на сцената, да пеам и да ги споделувам сите тие моменти со вас е нешто што навистина ме исполнува, и затоа оваа пауза ми е уште потешка. Но, здравјето сепак е на прво место и верувам дека ова е само кратка пауза по која ќе се вратиме уште посилни. Се надевам дека во декември повторно ќе бидеме заедно, ќе пееме со сета сила и ќе надоместиме за сè што пропуштивме. Ви благодарам од дното на срцето за вашето разбирање, поддршката и сите убави зборови. Се гледаме наскоро!“ Информации за билетите Одложените концерти се настапот на 17 октомври во Домжале во Словенија (Спортска сала) и 7 ноември во Цирих (Stadthalle Dietikon). Бендот вели дека за сите информации за претходно купени билети и нови датуми, треба да ги контактирате организаторите.Тагови: Парни ваљак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаШасивари - Нгефа: Меѓународниот дијалог отвора нови перспективи за соработкаМинистерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со министерот за правда на Демократска Република Конго, Гијом Нгефа, во Истанбул, каде што двајцата учествуваат на Меѓународниот самит за правда.Средбата беше можност за непосреден разговор за состојбите во правосудството, институционалните искуства и предизвиците со кои се соочуваат државите во обезбедувањето ефикасна и достапна правда. Различните правни системи и институционални искуства нудат можност за размена на гледишта за улогата на правосудството и значењето на владеењето на правото во современите општества. Соговорниците ја истакнаа вредноста на отворениот дијалог и меѓусебното разбирање како основа за развивање контакти и разгледување можности за идна институционална соработка.Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработкаЗаменик-претседателот на Владата, Александар Николоски во рамки на работната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со Филип Ивановиќ, заменик-претседател на Владата на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи.На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, продлабочување на добрососедските односи и можностите за интензивирање на соработката во областите од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на европската интеграција на земјите, регионалната соработка и значењето на заедничката посветеност на европската перспектива на регионот. Беше заклучено дека на регионот му се потребни партнерства, регионална повраност и економска соработка. Македонија е подготвена да биде активен партнер во создавањето таков регион, истакна на средбата вицепремиерот Николоски. Соговорниците ја потврдија важноста на отворениот дијалог и континуираната комуникација, како основа за зајакнување на партнерството меѓу двете земји како и унапредување на стабилноста и просперитетот на регионот.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter