Јакимовски: Секој вработен, освен Лукровски добива отказ ако неоправдано три дена не се појави на работа - Канал 5

Јакимовски: Секој вработен, освен Лукровски добива отказ ако неоправдано три дена не се појави на работа

Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски по користење на лажното боледување имаше обврска да се јави на работа на 30ти Мај. До денес тој не е појавен на своето работно место. 

Јакимовски: Секој вработен, освен Лукровски добива отказ ако неоправдано три дена не се појави на работа

Законот за работни односи член 82 е јасен и вели: “Ако работникот отсуствува од работа три последователни дена и не го оправда своето отсуството му следува отказ без отказен рок. Сотир Лукровски може да отсуствува од работа доколку е на службен пат, годишен одмор или доколку е на боледување.

Тој ниту е на службен пат, не е на годишен одмор ниту пак докторите повеќе сакаат да му дадат боледување. Значи со никаков документ не го оправдал своето отсуство од работа. Законот за работни односи член 82 важи за 500.000 вработени во оваа држава, само на другарот на премиерот Мицковски не може да се применува. За Сотир Лукровски не важи овој туку законот на премиерот Мицковски кој вели дека градоначалникот на Карпош после боледувањето требал да се одмори од лежење. Бараме државниот инспекторат за труд да дојде и да констатира победа на граѓаните на општина карпош врз безаконието на Христијан Мицковски и Вмро Дпмне.

Карпош не заслужува ваков потценувачки однос кон своите граѓани и ова е флангрантна навреда на интелегенцијата и достоинството на Карпошани од нивниот сограѓанин – Мицковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џо Бајден во тешка состојба, ракот на простатата метастазирал и на коските

Сопругата на екс претседателот на САД, Џо Бајден откри страшни детали за состојбата на поранешниот претседател: Болеста е во четврта фаза.

Џо Бајден во тешка состојба, ракот на простатата метастазирал и на коските

Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, изјави дека нејзиниот сопруг Џо Бајден има рак на простата во четврта фаза кој се проширил на неговите коски и прима специјализирана терапија.

Џо Бајден боледува од рак на простата во четврта фаза, кој метастазирал на коските, и ќе живее со оваа болест до крајот на животот, изјави неговата сопруга Џил Бајден.

Според неа, поранешниот американски претседател, и покрај здравствените проблеми, продолжува со своите секојдневни активности и јавни ангажмани. Зборувајќи за време на промоцијата на книгата од политичката аналитичарка Ана Наваро, Џил Бајден истакнала дека не очекувала здравствените проблеми на нејзиниот сопруг да доведат до дијагноза на рак на простата, објави Фокс њуз.

Според неа, откако ја напушти Белата куќа на почетокот на 2025 година, поради долготрајни заболувања, Бајден отишол на преглед кај уролог, по што дополнителните анализи потврдиле присуство на рак.

- Џо ќе мора да живее со рак до крајот на животот - изјави Џил Бајден, додавајќи дека поранешниот претседател прима специјализирана терапија и поминал низ повеќенеделен циклус на зрачење. Таа изјави дека 83-годишниот Бајден продолжува да патува и да учествува во јавни настани, но дека поради возраста, болеста и терапијата, тој забавил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На различни локации во Скопје пронајдени тројца починати

Во Скопје вчера на три локации се пронајдени починати три повозрасни лица, соопшти полицијата.

На различни локации во Скопје пронајдени тројца починати

Според полицискиот билтен, вчера било пријавено дека во својот дом во Центар бил пронајден починат Б.О.(69). Истиот ден во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата, а во село Кучково, под патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од с.Волково.

Лекари на итна помош констатирале смрт кај трите лица без траги на насилство, а телата на починатите се дадени на обдукција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барселона и Челзи во трка за дефанзивец од Јувентус

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус ја одреди цената за својот разноврсен дефанзивец Андреа Камбијасо, за кого интерес покажуваат богатите европски великани Барселона и Челзи.

Барселона и Челзи во трка за дефанзивец од Јувентус

Според италијанските медиуми, клубот од Торино нема намера да го пушти за помалку од 30 милиони евра.

Според „Скај Спорт Италија“, Барселона во последните денови активно се распрашува за можноста за доведување на Камбијасо.

Во исто време, „Калчомеркато.ком“ пишува дека Јувентус е подготвен да ги слушне понудите, но дека нема да го продадат 26-годишниот италијански репрезентативец за помалку од 30 милиони евра.

Камбијасо претходно беше поврзуван со Комо и Интер, но Јувентус во моментов не е во напредни преговори со ниту еден од заинтересираните клубови.

Камбијасо, кој може да ги покрива двете бековски позиции, има договор со Јувентус до јуни 2029 година. Поранешниот играч на Џенова и Болоња имаше успешна сезона во Јуве , во која одигра 47 натпревари за „бјанконерите“ во сите натпреварувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер