Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија
2Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија
МакедонијаДејан Давидовски- Дешо се предаде на Деве Баир, седум години е во бегство поради „27 април“По седум години во бегство, на граничниот премин “Деве Баир” на влез во Македонија од Бугарија на македонските власти се предаде Дејан Давидовски-Дешо.По седум години во бегство, на граничниот премин “Деве Баир” на влез во Македонија од Бугарија на македонските власти се предаде Дејан Давидовски-Дешо кој беше баран со меѓународна потерница за настаните со упадот во Собранието од 27 април. Тој е осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Давидовски пред пет години беше уапсен во Шведска, но потоа и ослободен од шведскиот Врховен суд кој го одби барањето на Македонија за негова екстрадиција. Ексклузивно видео и повеќе детали во Вестите во 15 часот на Канал 5 телевизија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска во Собранието ќе биде промовиран кодексот за етичко однесување на пратеницитеДенеска во Собранието ќе биде промовиран кодексот за етичко однесување на пратениците, документ со кој се утврдуваат принципите и стандардите за однесување на избраните претставници во законодавниот дом.Кодексот беше усвоен на 15 јуни годинава, а според претседателот на собранието, Африм Гаши, неговата цел е да воспостави јасни правила за етичко постапување и одговорност на пратениците во извршувањето на нивната функција. На промотивниот настан воведни обраќања ќе имаат претседателот на собранието Африм Гаши, амбасадори и пратеници во рамки на настанот ќе се одржи и дискусија на тема „Од усвојување до примена – следни чекори“, посветена на практичната примена на новите етички стандарди во работата на пратениците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалОфицијалните канали на белгискиот тим со порака до Трамп и Инфантино: -„Поништи го ова!“Фудбалската репрезентација на САД во осминафиналето го заврши својот мундијалски сон за висок пласман на првенството на кое е кодомаќин. Репрезентација на Белгија во осминафиналето синоќа ги совлада САД со убедливи 4:1 и обезбеди место меѓу осумте најдобри селекции на 23 Светски шампионат. За Белгијците овој успех и триумф е уште посладок, ако се замат во предвид контроверзиите кои го следеа овој дуел уште пред неговиот почеток. ФИФА под притисок на американскиот претседател Трамп му го поништи црвениот картон на напаѓачот на САД, Фоларин Балогун, кој го доби против БиХ и му дозволи да игра во осминафиналето. Молбата од Трамп која првиот човек на ФИФА, Инфантино ја прифати предизвика без низ целиот свет кај скоро сите искрени љубители на буба-марата. Секако успехот на Белгија во овој контроверзен меч предизвика хаос и на социјалните мрежи. Официјалните канали на белгискиот тим на социјалните мрежи брзо испратија порака откако беше потврдена нивната победа од 4-1. „Поништи го ова!“, пишуваше во објавите, по четвртиот гол кој го постигна Лукаку.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаЦелосно реновирани две детски игралишта во КарпошВо рамки на проектната активност за санација и реконструкција на урбаната опрема, Општина Карпош направи замена на старите и оштетени реквизити на уште две детски игралишта.На детското игралиште кое се наоѓа на ул. Никола Парапунов обновени се клупите, поставени се нови лулашки и санирана е останатата урбана опрема во склоп на ова катче. На детското игралиште кај Адреналинскиот парк, во близина на кејот на реката Вардар, се изврши фарбање на урбаните елементи, се зацврстија подлогите на лулашките, се реновирааа клацкалките, лизгалките, а се заменија и старите дотраени дрвни конструкции. Општината продолжува со засилено темпо на реконструкција и реновирање на претходно мапирани оштетени детски игралишта, сè со цел да им се обезбеди пријатен и безбеден престој за дружба, забава и игра на карпошани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter