Бројот на егзопланети, потврдени од НАСА, достигна 6.000 тела - Канал 5

Бројот на егзопланети, потврдени од НАСА, достигна 6.000 тела

Бројот на егзопланети откриени и потврдени од американската Национална воздухопловно-вселенска администрација (НАСА), достигна 6.000 далечни вселенски тела. 

Бројот на егзопланети, потврдени од НАСА, достигна 6.000 тела

Тој подвиг е постигнат по само три десетлетија истражување на светови надвор од нашиот Сончев Систем.

„Само пред три години, тој број беше 5.000. Барем по номинална вредност, стапката на откривање изгледа експоненцијална - што е добра работа, бидејќи теоретски треба да има уште милијарди светови што можат да се пронајдат. Влегуваме во следното големо поглавје од истражувањето, а тоа се светови надвор од нашата имагинација. Бараме планети што би можеле да содржат живот - наши космички соседи... Универзумот сè уште има светови што чекаат да бидат пронајдени“, се вели во соопштението на НАСА.

Егзопланета е планета којашто орбитира околу друга ѕвезда, различна од Сонцето, т.е. се наоѓа во друг планетарен систем. Со други зборови, тоа е планета надвор од нашиот Сончев Систем.

Веста беше објавена во среда, 17 септември, што речиси се совпаѓа со 30-годишнината од кога научниците ја потврдија првата егзопланета околу ѕвезда слична на Сонцето, имено - „51 Пегаси б“. Таа е откриена на 6 октомври 1995, благодарение на астрономите Мишел Мејор и Дидие Ќелоз, а се работи за гасовит џин со маса којашто е 64 отсто од онаа на Јупитер. Планетата се наоѓа на приближно 50 светлосни години од Земјата.

„Потврдените планети ги додаваат научници од целиот свет континуирано, така што ниедна планета не може да се смета за 6.000-ти запис. Постојат повеќе од 8.000 планети кандидати коишто чекаат потврда“, соопшти агенцијата.

Всушност, во мигот на оваа, се вели, технички, бројот е 6.007 егзопланети на листата на НАСА. Така, едно „ново откритие“ претставено од НАСА е „КМТ-2023-БЛГ-1896-Лб“ - планета слична на Нептун, со маса 16,35 пати поголема од масата на Земјата. НАСА е одговорна за поголемиот дел од откриените егзопланети, а нејзиниот „Транзитен сателит за истражување егзопланети (Transit Exoplanet Survey Satellite) - „ТЕСС“ откри 693 тела. Сега веќе „пензионираниот“ вселенски телескоп „Кеплер“ има пронајдено повеќе од 2.600 егзопланети.

Секоја од досегашните 6.007 планети претставува свет споредлив со планетите на нашиот Сончев Систем, коишто научниците ги проучуваат со векови. Тој број вклучува 2.035 тела слични на Нептун или Уран. Тие обично имаат „атмосфери доминирани од водород и хелиум со јадра од карпи и потешки метали“, според НАСА. Сепак, вреди да се напомене дека „метали“ не мора да значат метални елементи. Тоа е малку збунувачко, бидејќи во астрономијата се однесува само на елементи потешки од водородот и хелиумот.

- Секој од различните видови планети што ги откриваме ни дава информации за условите под коишто можат да се создаде планета и, на крајот - колку се чести планетите слични на Земјата и каде треба да ги бараме? Ако сакаме да откриеме дали сме сами во универзумот, сето ова знаење е од суштинско значење, рече Дон Гелино, менаџер на Програмата за истражување на егзопланети на НАСА, со седиште во Лабораторијата за млазен погон во Јужна Калифорнија (САД).

Сепак, видеообјавата на агенцијата го споменува и егзистенцијалниот аспект на потрагата по егзопланети.

„Постои една што не сме ја пронашле - планета слична на нашата. Барем не засега“, се истакнува.

Во таа смисла, постојат 1.984 гасовити џинови и 1.761 супер-Земји. Инаку, овие супер-Земји се егзопланети што се малку поголеми од Земјата, но сепак помали од Нептун и Уран. Во ова множество егзопланети на НАСА се вклучени и 700 „копнени“ или карпести планети, како и седум „непознати“ типови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер