Без маска затекнати 1143 лица, казните се парични - по 20 евра

Полициски час нема, ама службеници контролираат на секој чекор.

Канал 5 направи обиколка низ скопските улици.

Владата ги задолжи полицајците и инспекторите засилено да контролираат и санкционираат непочитувачи на мерките поради пандемијата.

Од МВР прецизираат дека заштитните маски не мора да се носат на отворено, но само доколку може да се одржи меѓусебно растојание од два метри, кога возат велосипед и во возило, но само доколку се од исто семејство.

Кога се во затворени простории задолжително е носењето на маска, бо трговските центри, маркетите, во возило доколку се возите со човек кој не е од вашето семејство...

Сите граѓани што имаат решение за самоизолација задолжително треба да инсталираат и апликација СтопКорона за поголема прегледност и контрола со цел превенција на ширењето на коронавирусот.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за Канал 5 велат дека од денеска ваквата забелешка е наведена во секое решение кое го издаваат, но не вршат контрола за тоа дали граѓаните ја инсталираат апликацијата.

Само во последните 24 часа во самоизолација се 1025 лица во државава. Полицијата нефатила ниту еден граѓанин што ја прекршил ваквата мерка.

Тие што нема да ја почитуваат ќе бидат префрлени во задолжителен државен карантин. Вакава мерка во хотели низ земјава во моментов има за 180 граѓани, а владата вели дека располага со 1000 легла.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер