„Единствена Македонија“ и ФРОДЕМ со заеднички настап на изборите на 12 април - Канал 5

„Единствена Македонија“ и ФРОДЕМ со заеднички настап на изборите на 12 април

Јанко Бачев и Јове Кекеновски се здружија под слоганот „Никогаш Северна, само Македонија“.

„Единствена Македонија“ и ФРОДЕМ со заеднички настап на изборите на 12 април

Двајцата ќе ја предводат коалицијата што на изборите на 12 април, ќе настапи со печат на Единствена Македонија, а која ја сочинуваат уште и ФРОДЕМ, Тврдокорните, Демократска фракција на ВМРО – ДПМНЕ, Унијата на ветерани на ВМРО од 1990 година и здружението на македонските друштва од Швајцарија..

Кекеновски упати и повик до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што вели конечно да го изнесе својот став за промената на името и двојазичноста.

Претседателот на ФРОДЕМ кажа дека коалицијата на изборите ќе се бори во сите шест изборни единици, најавувајќи дека носителите на листите ќе ги соопштат во текот на утрешниот ден.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија

Шестмина се приведени вчера во полициските станици низ Скопје на информативен разговор во врска со пораките кои се ширеа со тврдење дека во водата во скопје е пронајдена бактеријата ешерихија коли, дознава Канал 5. 

Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија

Сите се повикани по претходна пријава од градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој на прес конференција оцени дека станува збор за оркестрирано ширење дезинформации и паника, за што очекува да има и одговорност.

Дека водата согласно последните испирувања е и хемиски и микробиолошки исправна уверуваат и од ЈП „Водовод и канализација, а покрај градските власти, информациите дека скопската вода е неисправна ги демантираа и од АХВ, ИЈЗ и од Министерството за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

25 години од Охридскиот договор

Македонија денеска одбележува 25 години од потпишувањето на Охридскиот  мировен договор потпишан меѓу тогашните најголеми политички партии во присуство на специјалните претставници од Европската унија и САД, Франсоа Леотар и Хавиер Солана и Пит

25 години од Охридскиот договор

Договорот беше потпишан за време на конфликтот во 2001 година меѓу македонските вооружени сили и албанската ОНА со кој се стави крај на воениот конфликт.

Преговорите траеја во периодот од јули до август и се одвиваа во вилата „Билјана“ во Охрид од каде и потекнува неговото име – Охридски договор.

Во нив учествуваа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски, тогашниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски, тогашниот претседател на ПДП Имер Имери и тогашниот претседател на ДПА Арбен Џафери.

Во очи на годишнината вчера Министерството за односи со заедниците организираше панел дискусија од која беа испратени пораки за продолжување на реформите, зајакнување на децентрализацијата, владеење на правото и европската интеграција.

Одбележувањето продолжува и денес, а Демократската унија за интеграција предводена од Али Ахмети организира посебна прослава насловена „25 години од Охридскиот мировен договор – наследството, предизвиците и иднината“ во хотелот Александар Палас во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно време со сончеви периоди, наместа нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Променливо облачно време со сончеви периоди, наместа нестабилно со пороен дожд

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Времето во наредните денови

Денеска и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер