Дебата: Дали евентуалниот ветинг може да продуцира политички реваншизам?

Потребно е големо внимание при евентуално спроведување на ветинг во судството – ова е клучната порака од дебатата посветена на ова прашање, а на која учествуваа голем број на судии и правници.

Дел од нив велат дека во земјава веќе постои законска и институционална рамка која треба да овозможи редовност во правилниот избор и одговорност на судиите, а иако спроведувањето на ветингот не е проблематично само по себе, може да е во судир со уставноста и со праксата на Европскиот суд за човекови права. Малинка Ристевска од институтот за европски политики вели дека и покрај тоа што веќе има спротивставени ставови за можното спроведување на ветинг во земјава, се уште не се познато за каков вид на ветинг би станало збор.

Ристевска предупредува и дека при спроведување на ветингот, дополнителна опасност може да се појави и во тоа што тој лесно може да премине во политички реваншизам.

Со порака за прочистување на судството денеска повторно се огласија од владејачката СДСМ. Од таму велат дека доколку победат на изборите, ќе обезбедат и целосна проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите.

Претходно, лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави процес на ветинг за судовите и обвинителствата кој го нарече неопходен процес за подобрување на состојбите во судството. Заев најави електронско следење на предметите, а доколку се утврди дека судија од било кој суд во земјава намерно застарува предмет, ќе следи негово разрешување од функцијата по автоматизам.

Сите приоди кон Бањска се уште се блокирани, На Косово денеска мирно, но тензично

На Косово денеска мирно, но тензично. 

Ден по вооружениот судир во кој загинаа најмалку тројца напаѓачи и еден припадник на косовската полиција, сите приоди кон селото Бањска се уште се блокирани од силни полициски сили, а во околината се распоредени голем број на полицајци со оклопни возила. Косовските власти соопштија дека на шест лица е одреден 48 часовен притвор, а тие се осомничени за четири дела, меѓу кои за „подготовка за терористички напади“ и “напад врз уставниот поредок на Косово“.

Во Косово е прогласен ден на жалост, а косовските власти на посебна церемонија посмртно го одликуваа полицаецот Буњаку со орден, за како што посочија, неговата одрбана на законот и територијалниот интегритет на Косово.

Властите во Белград и Приштина и денеска упатуваат меѓусебни обвинувања за нападот. Српските власти тврдат дека инцидентот е поради како што велат, теророт на косовскиот премиер Албин Курти. Српскиот Претседател Вучиќ пак, по вчерашното обраќање на јавноста, денеска на средба со рускиот амбасадор во Белград преку социјалните мрежи пренесе дека го информирал за етничкото чистење кое се спроведувало на Косово, со како што наведе, поддршка на целата меѓународна заедница.

-Иако секој ден и во Брисел и во Њујорк предупредував дека до ова може да дојде, ретко која сакаше да слуша. Срби, не од централна Србија, како лажеа приштинските медиуми, туку од Косово и Метохија се побунија, не сакајќи да го трпат веќе теророт на Курти.- -Александар Вучиќ – Претседател на Србија.

-Претседателот Вучиќ предупредува дека сосема можно и многу извесно да дојде до ваков (вооружен) судир на Косово и Метохија. Секако, единствениот виновник за ова е Аљбин Курти, ова е неговиот животен сон, тој сака оружени судири. Тој ќе направи се што е потребно за да се испровоцираат тие вооружени судири. Но, на крајот некој на него му го дозволува ова. -- Ана Брнабиќ – Премиерка на Србија.

Косовскиот премиер Курти пак, прстот за нападот го впери директно кон Белград. Според него, вооружената група била директно финансирана и поддржувана од српските власти.

-Од она што досега го дознавме, станува збор за терористичка и криминална формација, професионалци. Не станува збор за банда на криумчари, туку се работи за платеничка структура која била поддржана политички, финансиски и логистички од официјален Белград. - Албин Курти – Премиер на Косово.

Повици за деесакалација на ситуацијата пристигнаа од целата меѓународна заедница. Посебниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак рече дека ќе се фокусира на изнаоѓање на решение.

Дополнително според српските медиуми за денеска во Брисел најавен е состанок на Лајчак, со посебниот претставник на Стејт Департментот Габриел Ескобар, како и претставници на земјите – членки на Унијата, а тема на разговор би била состојбата во Косово.

Заврши изградбата на четири детски катчиња во Куманово

Заврши изградбата на четири детски катчиња во Куманово, објавија денеска надлежните. - Поставени се четири нови детски катчиња кај локалитет „Водовод“, улиците „Лесковачка“ и „Есперанто“ и во Черкези, објави градоначалникот Максим Димитриевски.

Граѓаните во неколку наврати бараа да се постават детски катчиња во населбите и во поширокото централно градско подрачје. Претходно беше предвидена изградба на нови шест детски катчиња. Сепак, по проценка на финансиските планови општината одлучи да изгради четири. Општината од буџетот одвои 4.735.812 денари со вклучен данок на додадена вредност. На тендерот беше избрана кумановската компанија „Арс Дизајн дооел“.

Во Куманово има неколку детски катчиња, но урбаната опрема, речиси секаде е уништена, особено на градскиот кеј и кај Соколана каде пак во тек е изградба на паркот. Надлежните велат дека размислуваат за различни можности за зачувување на опремата која постојано е мета на вандали.

Пронајдено телото на уште еден припадник на групата која изврши напад во северно Косово

Пронајдено телото на уште еден припадник на групата која изврши напад во северно Косово, четврто досега.

Обвинителството на Косово потврди денеска дека го пронашло мртвото тело на уште еден од осомничение напаѓачи на северот на земјата, со што бројот на убиените од редовите на вооружената и маскирана група која вчера изврши напад врз косовски полицајци во селото Бањска во северно Косово, се искачи на четири, јави дописникот на МИА од Приштина.

Мртвото тело на напаѓачот е пронајдено на околу 1,5 километар од местото на инцидентот, еден ден откако група од десетици вооружени лица ја нападна косовската полиција.

Веста за Радио Слободна Европа ја потврди обвинителот Наим Абази, кој рече дека на местото на настанот е пронајдено уште едно возило полно со оружје.

- Се обидуваме да го легитимираме бидејќи во моментот немаше никакви документи за идентификација со себе, рече Абази.

притисни ентер