Суперавтомобилот направен на 3D печатач чини 1,3 милиони фунти

„Czinger 21C“ кој е настанат од „3D“ печатач е направен во 80 примероци и ќе чини 1,3 милиони фунти.

Фантастичен автомобил кој излезен од „3D“ печатач, но за да го купите ќе мора да потрошите 1,3 милиони фунти и ќе станете еден од 80 сопственици на „Czinger 21C“ суперавтомобилот.

„Вака изгледа производството во 21 век. Секој дел е склопуван од посебен тим и јасно е дека постои одреден квалитет. Се е на врвно ниво од неговиот прецизен дизајн, преку рачно изработената каросерија од карбонски влакна до врвната боја,“ наведуваат произведувачите.

Кога станува збор за перформансите на овој модел јасно е дека станува збор за вистински ѕвер кој може да развие брзина од 400 км/ч за 29 секунди. Неговиот мотор е хибриден и креира 1250 коњски сили.

притисни ентер