МакедонијаЗаев: Со ДУИ решивме крупни прашања, првпат очекувам предизборна коалиција со партии од албанскиот блокПретседателот на СДСМ Зоран Заев денеска од Виница најави предност на својата партија во однос на коалициското договарање за претстојните избори со сите партии, а особено со оние од албанскиот политички блок.– Со ДУИ ги решивме крупните прашања во Владата, а ние сме единствена партија која има лепеза на избор за соработка со албанските партии, така што очекувам дека ќе најдеме сили првпат да направиме предизборна коалиција со партии од албанскиот блок. Коалициите ќе бидат задржани и малку проширени, а тоа нема да биде подоцна од 9 март, кога е закажан конгресот на СДСМ. Тоа ни дава за право да бидеме фаворити на овие избори. Ги завршивме разговорите со досегашните коалициски партнери, а веќе разговараме и со нови. Ќе продолжиме до крајот на следната недела, кога ќе го објавиме заокружувањето на процесот на коалициското договарање, а имаме околу 27 политички субјекти. Лично сум задоволен од преговорите, затоа што зборуваме за вредности, за програми, за давање збор, нешто што мора да нè спои, како и за преземање одговорност и во парламентарната и во извршната власт, истакна Заев. Во врска со подготовката на листите за пратеници, претседателот на СДСМ истакна дека завршило предлагањето на можни кандидати во месните одбори и општинските организации на партијата. – Извршните одбори ги прават конкретните одлуки согласно критериумите, за потоа да поминат во следната фаза, кога имињата на сите кандидати ќе бидат доставени до Централниот одбор. Таму ќе ги пречека сериозна комисија за селекција составена од меѓународни и домашни експерти, а на крајот преку анкети ќе ги слушнеме граѓаните за тоа кој е оној кој најдобро би ги претставувал. Морам да споменам дека имаме нов квалитет, овојпат ќе имаме машко-женски листи како еден патент модел, односно 50 отсто мажи и 50 отсто жени. Ова е сериозен и храбар чекор што го правиме и е вреден затоа што ќе го вклучиме недоволно искористениот женски потенцијал во државата, истакна Заев. Во врска со најавите од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за преземање на досегашни коалициски партнери на власта, Заев рече дека оваа партија треба да се реформира во однос на градењето на политики, ставови и стратегии, зошто во спротивно уште долго ќе остане во опозиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
ЕвропаВо Романија е уапсен опасен руски шпион: Целта му биле воздухопловните и приморските бази Романските власти објавија дека уапсиле руски државјанин обвинет за собирање стратешки информации за саботажни операции во земјата-членка на ЕУ и НАТО од февруари до јули.Романската разузнавачка служба во соопштението наведува дека „во соработка со домашни и меѓународни партнери спречила“ операција „координирана од Русија“, следејќи го моделот што се гледа во Европа. Четириесетгодишниот шпион е осомничен за фотографирање и снимање опрема во неколку поморски и воздухопловни бази што ги користат сојузниците на Романија, особено во главниот град Букурешт. Тој ги документирал движењата на персоналот и борбената опрема, вклучувајќи ги и „украинските товарни авиони Антонов“. Romania has arrested a Russian man for spying on its military bases, thwarting an attempted sabotage plot. Find out more about the suspect 👇https://t.co/oRmoSdxoE2 pic.twitter.com/X9sgGIWVM7 — The Telegraph (@Telegraph) September 9, 2026 Според соопштението од обвинителството, кое побарало негово апсење, рускиот државјанин дејствувал по наредба на друго лице кое ги координирало операциите преку шифрирани услуги за пораки. Романските власти изјавија дека веќе спречиле слични обиди во 2024 и 2025 година. Европската унија го осуди зголемениот број руски хибридни напади на почетокот на септември. Москва постојано негира вмешаност во овие операции. Од друга страна, молдавската полиција објави дека 49-годишен маж од азербејџанско потекло е приведен поради сомнение за „неовластено собирање информации во име на претставници на специјалните служби на Руската Федерација“.Тагови: Романија шпион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
ФудбалЗејнеп има 22 години и стана главен тренер на турски фудбалски клуб (ФОТО)Турскиот фудбал доби една од поинтересните приказни во последните денови. Тургутлуспор, клуб од градот Тургутлу во покраината Маниса, ја назначи 22-годишната Зејнеп Местан за тренер на првиот тим. Со тоа, Местан стана првата жена на клупата на сениорскиот тим во историјата на тој клуб. Иако е клуб кој денес игра во пониските рангови на турскиот фудбал, Тургутлуспор има побогата историја отколку што може да се заклучи од неговиот сегашен статус. Клубот е основан во 1984 година со спојување на Топракспор и Тукашспор, а својот најголем успех го постигна во текот на 90-тите и почетокот на 2000-тите. Во неколку наврати, тој играше во втората лига на турскиот фудбал, тогашната ТФФ 1. Лига, и беше блиску до влегување во највисоката лига. Тургутлуспор е стабилен член на професионалните лиги со години, но во последните години доживува тежок пад. По испаѓањето од професионалниот фудбал и борбата со финансиски проблеми, клубот заврши во аматерските редови, а минатата сезона доживеа историски пад во Маниса Супер Аматоер Лиг, шестата ранг-лига во турскиот фудбал. Прва голема тренерска работа Во обид да се направи нов почеток, клубот одлучи да ѝ даде можност на многу млад тренер. Местан е родена во 2004 година, а пред да ја преземе улогата на тренер, таа беше активна фудбалерка. Настапуваше за неколку женски аматерски клубови во Турција, меѓу другите за тимови од Измир и околината. View this post on Instagram A post shared by TURGUTLUSPOR ® (@turgutluspor_kulubu) „На Зејнеп Местан, која ќе ја предводи новата структура и професионална организација на нашиот клуб, ѝ посакуваме многу успех под нашиот црвено-црн грб. Се надеваме дека овој нов период ќе донесе добро за нашата заедница, клубот и сите наши навивачи“, објави Тургутлуспор по нејзиното назначување. View this post on Instagram A post shared by Zeynep Mestan (@zeynepmestn) Ова ќе биде првиот голем тренерски предизвик на Местан, а пред неа е задачата да го врати клубот во професионалните лиги. Тургутлуспор имал неколку познати играчи и тренери во својата историја, вклучувајќи го и поранешниот турски репрезентативец Јусуф Шимшек, кој го водеше клубот како играч-тренер на почетокот на 2010-тите. Нејзиното назначување привлече внимание бидејќи жените во машкиот фудбал се уште се реткост, особено на позицијата главен тренер на сениорскиот тим.Тагови: тренер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
СветМААЕ ќе го пријави Иран во Советот за безбедност на ОН Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), кој го сочинуваат 35 земји, гласаше за резолуција со која Иран, за прв пат по 20 години, поднесува извештај до Советот за безбедност на ОН за кршење на своите обврски.Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), кој го сочинуваат 35 земји, гласаше за резолуција со која Иран, за прв пат по 20 години, поднесува извештај до Советот за безбедност на ОН за кршење на своите обврски за неширење на нуклеарно оружје, соопштија денес дипломати. Оваа резолуција е продолжение на претходната, изгласана на 12 јуни минатата година, еден ден пред Израел да започне со бомбардирање на нуклеарните постројки на Иран, по што набрзо потоа следеа и САД, и која утврди дека Иран не ги почитува гореспоменатите обврски. Пријавувањето на тоа кршење до Советот за безбедност бараше дополнителна резолуција. Иако Советот за безбедност веројатно нема да преземе конкретни мерки против Иран, со оглед на тоа што неговите сојузници Русија и Кина се постојани членки со право на вето, овој потег е чекор напред во дипломатскиот конфликт меѓу Иран и западните сили. Иран предупреди завчера дека ќе возврати доколку резолуцијата биде прифатена. Русија, Кина и Нигер гласаа против Текстот предложен од САД, Велика Британија, Франција и Германија беше усвоен со 23 гласа „за“, три „против“ и осум „воздржани“, изјавија дипломати на состанокот зад затворени врати на Меѓународната агенција за атомска енергија. Русија, Кина и Нигер гласаа „против“, рекоа тие. „(Комитетот) бара од генералниот директор на МААЕ да ја извести оваа резолуција и претходно усвоените резолуции... до сите членови на Агенцијата, Советот за безбедност и Генералното собрание на Обединетите нации, во согласност со релевантните одредби од Статутот на МААЕ“, се вели во резолуцијата. Иако наводното непочитување датира од пред војната меѓу САД и Иран и се однесува на неуспехот на Иран да го објасни потеклото на трагите од ураниум пронајдени на непријавени локации што агенцијата ги истражува со години, сега постои нов конфликт околу пристапот на агенцијата (МААЕ) до тие локации што Израел и САД ги бомбардирале.Тагови: Иран МААЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter