Терористот од Германија на 24 страници објасни зошто мразел муслимани и жени

Мотивот на нападот во Ханау е ксенофобија и дека 43-годишниот напаѓач Тобијас Р. и неговата мајка биле пронајдени мртви со прострелни рани во неговиот дом, изјави министерот за внатрешни работи на сојузната држава Хесен Питер Беут.

Во Ханау, град источно од Франкфурт, осум лица загинаа вчеравечер кога напаѓачот извршил два вооружени напади во барови каде се пуши наргиле .

Еден од повредените починал во болница , со што крвавниот биланс изнесува деветмина жртви. Меѓу убиените имало најмногу Турци и Курди.

Тобиас Р. остави зад себе манифест од 24 страници и неколку видеа во кои го опишува неговиот живот. Делови од манифестот ги објавија германските медиуми, покажувајќи дека напаѓачот бил екстремен десничар кој имал психолошки проблеми.

Стручњакот за тероризам Перет Р. Нојман го опиша како личност што ги мрази сите странци и се бори за правата на белата раса.

„Дури и кога директно не се споменува исламот, манифестот повикува на уништување на разни држави во Африка, Блискиот исток и Азија (кои претежно муслимански)“, се наведува во деталите за манифестот.

Напаѓачот напишал дека е роден 1977 година и студирал деловна администрација во Бајројт. Ги мразел сите мигранти, без оглед од каде потекнуваат.

Тој ги оправда своите постапки со образложение дека „науката докажува дека некои раси се супериорни во однос на другите“ и често споменувал целосна елиминација на некои етнички групи, особено оние од Африка, Азија и Блискиот исток. Манифестот има и список на луѓе кои мора да бидат уништени, претежно муслимани.

"Ако сакате да го решите проблемот со странските криминалци, не треба да ги напаѓате надворешните непријатели, туку да ги победите внатрешните . И тоа може да биде вашиот народ", се вели во манифестот, додавајќи: "Не секој што има германски пасош денес е чистокрвен, треба да се елиминира половина од населението".

Тобијас Р. исто така ги мразел жените. Според манифестот, тој немал врска со жена веќе 18 години и тврди дека тоа било единствено негова одлука.

Во манифестот се вели дека тој никогаш немал девојка затоа што таа не би била доволно добра за него. "Никогаш не беше добра идеја да бидам со многу жени, да бидам во врска со некој кој не е убав и со кого не се разбирам . Само сакав да го имам најдоброто или ништо", пишува убиецот.

Покрај тоа, Тобиас Р. бил параноичен и убеден дека бил следен од „специјална тајна служба“ уште од дете. Во манифестот се вели дека тоа му станало јасно на 11 септември 2001 година, денот кога бил нападнат СТЦ. Тој исто така тврди дека Доналд Трамп и Јурген Клоп, фудбалски тренер, му ги украле идеите.

Стивен Спилберг откри за кој филм жали

Иако денес важи за еден од најуспешните режисери кои некогаш живееле, Стивен Спилберг зад себе има филмови за кои и денес жали.

И покрај тоа што работел на хорор филмовите „Jaws“ и „Poltergeist“, Спилберг смета дека вториот филм од серијата Индијана Џонс, „Indiana Jones and the Temple of Doom“, е премногу мрачен и не се гордее со тоа.

- Не бев задоволен од „Temple of Doom“. Беше премногу темно, премногу таинствено, премногу застрашувачко. Мислам дека беше пострашно од „Poltergeist“ – изјави Спилберг, пренесе „LADbible“ и додава „Нема ни зрнце мои чувства во „ Temple of Doom “. Проблемот со правењето продолженија е што не можеш да им угодиш на сите“.

Извор: Аваз

САД ќе инвестираат милиони долари да се спречи ширењето на птичјиот грип кај стоката и луѓето

Американската сојузна влада планира да потроши милиони долари за спречување на ширењето на птичји грип во стадата и фармите за млеко за да се спречи вирусот да мутира и се прошири меѓу луѓето, изјави денеска службено лице.

Според експертите, вирусот моментално циркулира низ пилешките фарми и говедата меѓутоа неодамнешното префрлање на вирусот и кај млечните крави е причина за узбуна бидејќи постои загриженост дека колку подолго се шири меѓу животните може да ги инфицира и луѓето.

-Нашата мисија е да го запреме ова како настан исклучиво поврзан со животните. Конечно, сакаме да го елминираме вирусот во индустријата и со текот на времето да развиеме вакцина за да спречиме уште една појава на N5H1 во стоката, изјави денеска министерот за земјоделие Том Вилсак.

Инвестицијата доаѓа по критиките од страна на јавните здравствени експерти до владата дека не се тестира доволно стока или работници изложени на инфицираните стада, со што се загрозува способноста на САД брзо да одговори на мутациите на вирусот. Според новиот план, владата ќе ги компензира оштетените фармери за трошоците поврзани со вирусот и ќе ги финансира напорите за негово лоцирање и следење.

Досега е забележан само еден случај на човек заразен од птичји груп, и тоа во Тексас, каде првпат беше регистрирана епидемија меѓу млечни крави.

Сега, со новите напори за лоцирање на вирусот Министерството за земјоделие (УСДА) објави дека четири дополнителни стада во Мичиген и едно во Колораде се тестирани позитивни за птичји грип со што сега се инфицирани се вкупно 42 стада во девет држави. /МИА

Белгија: Помош од 9 мил. евра за санирање на оштетената енергетска инфраструктура на Украина

Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да помогне во санирањето на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, објави денеска белгиската министерка за развојна соработка Каролин Женез.

„Со помош на ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воената поддршка, и овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина", рече министерката.

Според нејзините зборови, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, што е специјализирана за економски развој. /МИА

притисни ентер