СДСМ: Извршителот Мицкоски свири како што диригентот од Будимпешта му диригира но очаен што не успеа да реализира ниту една негова нарачка

ВМРО ДПМНЕ и извршителот Мицкоски континуирано подолжуваат со валкана кампања и неосновани обвинувања, во отсуство на реални мерки и политики, реагираат од СДСМ.

Извршителот Христијан Мицкоски потонат во очај и без идеи свири како што диригентот Груевски му диригира но не погоди ниту една нота, не успеа да оствари ниту една нарачака од Будимпешта.

Извршителот Мицкоски седнат во Белиот дворец не успеа да го одбрани криминалот, не успеа да го спречи напредокот во ЕУ и НАТО и затоа продолжува да шири лажни вести и невистини.

ВМРО-ДПМНЕ и како власт и како опозиција освен за валкани кампањи за ништо друго и не знае.

Кршењето на Уставот од страна на Рашела Мизрахи, снимањето и притисоците пред камери на Цветан Трипуновски, вербалните напади на пратеничката Жаклина Пешевска кон нејзини колешки се само мал дел од низата деструктивни и валкани потези на ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски.

Таквото однесување ќе го ценат граѓаните и на 12 април повторно ќе го поразат извршителот Мицкоски и неговиот диригент Груевски и ќе порачаат: режим никогаш повеќе!, се наведува во реакцијата на СДСМ на изјавата на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Паника во британско село: Среде бара се појави голем крокодил

Приказните како оваа обично не доаѓаат од Велика Британија, особено не од руралните места како Челсбери во Бакингемшир.

По поплавите, мештаните ја алармирале полицијата и пријавиле неверојатна работа - крокодил демне во езерцето!

На местото на настанот веднаш пристигнале патроли и затекнале необична глетка, пренесува Метро.

Главата на опасен предатор ѕиркала од водата, но тоа била пластична играчка! Навистина, изгледала крајно реално, па не е чудно што владеела паника кај локалното население.

Детската играчка (во природна големина) била отстранета од езерцето, а останува мистерија кој и зошто ја оставил таму. Може да е нечија шега...

Надлежните го објавија необичниот случај.

„Не секој ден добиваме пријава за крокодил во поплавениот Челсбери. Не грижете се, Кроко е со нас во полициската станица“.

ДИК: Да се почитува правото на глас, да се прашаат гласачите за кои избори ќе гласаат

На прес конференција , потпретседателката на Државната комисија, Дитмире Шеху,  ги замоли членовите на изборните органи да се придржуваат кон сите правила и членови од Изборниот законик.

Од ДИК ги опоменуваат членовите на гласачките одбори задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори и тоа да го прават кон секој избирач.

Во спротивно се соочуваат со три години затвор.

Русија му се закани на НАТО

Испраќање трупи на НАТО во Украина би било „исклучително опасно“, соопшти Кремљ, додавајќи дека Москва внимателно ја следи украинската петиција со која се повикува на таква интервенција.

Во петицијата, објавена на веб-страницата на украинскиот претседател, се наведува дека Украина треба да побара од САД, Велика Британија и други земји да испратат војници за Украина да се бори против руската инвазија.

„Режимот во Киев е прилично непредвидлив“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Многу пати кажавме дека директната интервенција на армиите на земјите од НАТО во овој конфликт потенцијално претставува огромна опасност и сметаме дека тоа е ништо помалку од исклучително сериозна провокација и, се разбира, внимателно ја следиме“, додаде Песков. .

Засега не е познато дали петицијата ќе го собере потребниот број од 25.000 гласови, што ќе го обврзе претседателот Володимир Зеленски да одговори со одобрување или отфрлање. До денеска наутро биле собрани 1.594 гласови.

НАТО ѝ помага на Украина со испраќање повеќе оружје, вклучувајќи тенкови и ракети со долг дострел, но воздржувајќи се од директна интервенција со војници на теренот. И американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин предупредија дека тоа може да доведе до Трета светска војна.

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека прашањето за испраќање западни војници во Украина „легитимно“ би се поставило доколку Русија ги пробие украинските одбранбени линии и ако тоа го побара Киев.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека доколку Макрон испрати француски војници во Украина, тие ќе бидат легитимна цел на руската војска. „Ако Французите се појават во зоната на конфликтот, тие неизбежно ќе станат цел на руските вооружени сили“, рече Захарова.

притисни ентер