„Пандорината кутија“ на Боки 13 остана затворена за јавноста

И покрај вчерашните најави за јавно презентирање на трите сними од УСБ-то на сега осудениот Зоран Милевски, обвинителката Вилма Русковска денеска се премисли и побара судот сепак да ја исклучи јавноста од рочиштето за „Рекет“.

Како причина за ова го наведе тоа дека во материјалите се слушале имиња на лица кои не се дел од постапката поради што можело да им се наруши угледот. Вчера пак, таа кажа дека нема ништо против да се слушаат снимките за да нема сомнежи во јавноста дека обвинителството не сака да прикаже одредени докази, но зошто Русковска го смени ставот не е познато. Таа денеска не сакаше да даде изјава за медиумите, а еве ешто кажа вчера...

На барањето на Русковска за исклучување на јавноста, кое беше прифатено од судијката Васка Николовска Масевска, жестоко се противеше одбраната.

Обвинетата екс обвинителка Катица Јанева кажа дека ги слушнала снимките и нема ништо загрозувачко во нив. Рече дека и со презентирањето на снимките од Ла Верита и тие на Камчев бил повреден нејзиниот углед, но јавноста ги слушнала. Со сличен став беше и обвинетиот Бојан Јовановски. Тој кажа дека јавноста треба да остане за да се спречат шпекулациите.

По рочишето, адвокатите на обвинетите кажаа дека Русковска не дала доволно причини зошто побара да се исклучи јавноста.Со овие материјали завршија доказите на обвинителството. Следни ќе бидат тие на Боки 13. Неговиот адвокат Сашко Дуковски кажа дека листата на сведоци е поднесена, но не откри кои имиња се предложени.

Следното рочиште е закажано за во четврток.

За да се избере претседател, неопходна е излезност од 40%, односно да гласаат 725.727 граѓани

За да се добие претседател во вториот изборен круг неопходно е да излезат над 725 илјади граѓани..

Колку актуелната излезност е индикатор дека ќе се исполни цензусот, анализира Јован Ѓорговски, кој ќе направи и паралела за одѕивот на денешниот и поранешните циклуси од парламентарните избори..

Јован, што вели денешниот тренд, ќе ја имаме ли неопходната излезност за изборите за шеф на државата?

Бајрами: Засега мирен изборен ден, се очекува пријава за поткуп во Охрид и Крива Паланка

Мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес – е првичната оценка на Јавното обвинителство во рамки на нивните постапувања за текот на изборниот ден. 

Привремената комисија во обвинителството за следење на евентуални кривични дела против изборите и други нерегуларности досега нема добиено ниту една кривична пријава со елементи на сторени кривични дела ниту пак инциденти. Претходно полицијата извести за пријавени незаконски активности – обид за поткуп на гласачи во Охрид и Крива Паланка. Кривична пријава засега нема до обвинителството но случаите тги истражуваат.

-Има известување за сомнение за поткуп на гласачи каде беа примени известувања за Охрид о Крива Паланка, меѓутоа до овој момент за овие настани не е поднесена кривична пријава до надлежните обвинителства. Дејствијата се преземаат и доколку биде поднесена кривична пријава обвинителствата веднаш ќе преземаат за проверка на наводите во пријавите. Во овој момент станува збор за настани кои би можеле да имаат обележје на кривично дело, паможе да се даде една генерална оценка дека целиот изборен процес поминува без поголеми нарушувања од аспект на јавнообвинителското постапување,- изјави – Џељаљ Бајрами – Обвинител.

За случајот со селото Мелница во општина Чашка поради сомнежи за поткуп а вчера при претрес кај едно лице било пронајдено поголемо количество оружје, е отворена истрага и за него велешкиот суд определи притвор. И кај уште едно лице во велешко е извршен претрес поради сомнежи за изборен поткуп, сомнежите за поткуп се проверуваат.

Обвинителството, информираат оттаму, продолжува да го следи целиот тек на изборниот процес. Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства.

Македонија бира претседател и нов парламентарен состав

Македонија гласа на двојни избори..

Веќе осум часа повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас избираат претседател и нов состав на парламентот.. Нашите репортери се на терен и одблиску го следат изборниот процес.. Елизабета Дамјановска Спасеновска ја имаме во живо со најновите информации од ДИК.

Одиме прво во Државната изборна комисија.. Бети, колкава е излезноста досега и има ли посериозни нерегуларности..

притисни ентер