​СДСМ: ВМРО ДПМНЕ 13 години крадеше од граѓаните, наместо да инвестира во инфраструктура

Извршителу Мицкоски, кога ќе те фатат како препишуваш, се паѓа на испитот.

Мицкоски падна на испитот, може да се пријави за 4 години, ако се уште остане претседател на криминалната ВМРО-ДПМНЕ после поразот на 12 април.

Почитувани граѓани,

Денеска видовме како извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски, ја препишува, ја копира програмата на СДСМ за инфраструктурата.

Нема идеја, нема програма, фокусиран на одбрана на криминалот на Груевски, извршителот Мицкоски копира од СДСМ.

Па згора на се на прес- конференција реди проекти кои веќе се во реализација, влезени во програмата на Јавното претпријате за патишта.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата нереформирана, заробена партија од Никола Груевски.

Граѓаните знаат, за 11 години криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ се изградија вкупно 10 километри автопат!

Јавноста многу добро памети дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ парите од Буџетот се трошеа на барок, споменици и палми наместо на автопати, водоводи и канализации.

Секој проект беше криминалем, со коруптивни зделки и скандали, со проценти, како што чувме од разговорите на Јанакиески и Груевски во стилот „да не се претераме".

На започнатиот дел од автопатот Миладиновци-Штип затекнавме бандери на сред пат, немаше предвидено клучки ниту приклучоци за делницата на автопатот до Охрид.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во само 2.5 години мандат, изгради и рехабилитираше 750 километри патишта, го заврши автопатот Миладиновци-Штип и ги разреши сите недостатоци. Откочена е и изградбата на автопатот до Охрид, каде се поправија исто сите грешки и дупки во проектот.

Нема пат во земјава којшто не е обновен или веќе во фаза на обнова.

За само 2,5 години изградивме 400 километри канализации и водоводи.

Со еден збор, ВМРО-ДПМНЕ 11 години крадеше пари од граѓаните, СДСМ гради патишта, водоводи, канализации, се што е потребно за граѓаните.

Затоа следи одговорност за украдените пари и нов пораз од граѓаните на 12 април!

Режим никогаш повеќе!

Изјава за медиуми, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Стивен Спилберг откри за кој филм жали

Иако денес важи за еден од најуспешните режисери кои некогаш живееле, Стивен Спилберг зад себе има филмови за кои и денес жали.

И покрај тоа што работел на хорор филмовите „Jaws“ и „Poltergeist“, Спилберг смета дека вториот филм од серијата Индијана Џонс, „Indiana Jones and the Temple of Doom“, е премногу мрачен и не се гордее со тоа.

- Не бев задоволен од „Temple of Doom“. Беше премногу темно, премногу таинствено, премногу застрашувачко. Мислам дека беше пострашно од „Poltergeist“ – изјави Спилберг, пренесе „LADbible“ и додава „Нема ни зрнце мои чувства во „ Temple of Doom “. Проблемот со правењето продолженија е што не можеш да им угодиш на сите“.

Извор: Аваз

САД ќе инвестираат милиони долари да се спречи ширењето на птичјиот грип кај стоката и луѓето

Американската сојузна влада планира да потроши милиони долари за спречување на ширењето на птичји грип во стадата и фармите за млеко за да се спречи вирусот да мутира и се прошири меѓу луѓето, изјави денеска службено лице.

Според експертите, вирусот моментално циркулира низ пилешките фарми и говедата меѓутоа неодамнешното префрлање на вирусот и кај млечните крави е причина за узбуна бидејќи постои загриженост дека колку подолго се шири меѓу животните може да ги инфицира и луѓето.

-Нашата мисија е да го запреме ова како настан исклучиво поврзан со животните. Конечно, сакаме да го елминираме вирусот во индустријата и со текот на времето да развиеме вакцина за да спречиме уште една појава на N5H1 во стоката, изјави денеска министерот за земјоделие Том Вилсак.

Инвестицијата доаѓа по критиките од страна на јавните здравствени експерти до владата дека не се тестира доволно стока или работници изложени на инфицираните стада, со што се загрозува способноста на САД брзо да одговори на мутациите на вирусот. Според новиот план, владата ќе ги компензира оштетените фармери за трошоците поврзани со вирусот и ќе ги финансира напорите за негово лоцирање и следење.

Досега е забележан само еден случај на човек заразен од птичји груп, и тоа во Тексас, каде првпат беше регистрирана епидемија меѓу млечни крави.

Сега, со новите напори за лоцирање на вирусот Министерството за земјоделие (УСДА) објави дека четири дополнителни стада во Мичиген и едно во Колораде се тестирани позитивни за птичји грип со што сега се инфицирани се вкупно 42 стада во девет држави. /МИА

Белгија: Помош од 9 мил. евра за санирање на оштетената енергетска инфраструктура на Украина

Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да помогне во санирањето на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, објави денеска белгиската министерка за развојна соработка Каролин Женез.

„Со помош на ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воената поддршка, и овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина", рече министерката.

Според нејзините зборови, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, што е специјализирана за економски развој. /МИА

притисни ентер