Мираковска: Како законодавна власт го поправивме системот, сега се судовите на ред да донесат правда

Чекориме за правда затоа што борбата за правда се уште не е завршена, рече Соња Мираковска, пратеничка од НСДП и парламентарното мнозинство предводено од СДСМ.

Правдата не е ниту поезија ниту парола. Правдата е храброст, чесни луѓе, ефикасност но правдата пред се е систем. Што правевме овие години, го поправавме системот за да навистина се дојде до правда, тоа беше нашата работа во Собранието и тоа го заокруживме со вчерашниот ден со ЗЈО и со законот за совет на Јавни обвинители.

Морам да кажам дека овој систем кој досега владееше има фалинки и празнини кои беа користени силно против граѓаните. Законот за новата кривична постапка беше донесен далечната 2010 година, повеќе од 7 години имаме правосуден систем каде Јавното обвинителство не може да си ја изврши комплетно својата функција, тоа беше нашата заложба за да може да се доведе во ред, за да одговори на предизвиците. Но што се случуваше од 2013 до 2016 година, силно се газени човековите права, многу монтирани случаи, пресудени граѓани без докази.

Ни беше важно да го донесеме ЗЈО но тоа да го направиме со консензус, ако се движите кон НАТО и ЕУ вие сакате клучните закони кои се важни за сите, да ги донесете со консензус. Но не успеавме ВМРО-ДПМНЕ немаше намера да се вклучи во процесот. За нив беше важно да се заштити криминалот и нивната врхушка која преку луѓето кои се во Парламентот не сакаше да дозволи да дојдеме до решение кое ќе биде заедничко за сите. Но ова беше важно.

И на крај не добивме услов за влез во ЕУ, но добивме опомена дека исклучително е важно за да може да функционира системот, да го донесеме законот за јавно обвинителство, а зошто не сакаше ВМРО-ДПМНЕ? Затоа што сакаа сите предмети на СЈО да бидат уништени. Но тоа не се случи во новиот ЗЈО и никој да не се сомнева. Во ЗЈО нема амнестија и предметите од СЈО се заштитени и ќе се процесираат до крај.

Горди сме сите што вчера во Парламентот го изгласавме законот за јавно обвинителство, можеме слободно да кажеме дека успеавме последниот ден од нашето престојување во Собранието. Тоа беше мачен и тежок ден.

Јас сакам да им се заблагодарам на сите колеги кои беа храбри и мудри, кои помогнаа оваа одлука да ја донесеме. Донесовме еден важен и значаен закон за нашата иднина, закон кои многу ќе помогне за да стигнеме до правда.

И од овде можам да пратам порака до ЕУ. Ние нашата задача ја завршивме и онаа последна опомена која ја имавме дека треба да го донесеме законот за јавно обвинителство и тука, и сега вие сте на потег. Ние очекуваме Датум за почеток на преговори. Сметаме дека како држава сме спремни и тоа треба да го добиеме и таму е нашето место.

Таму ќе стигнеме со реформирано судство. И затоа сега ќе се обратам на судовите и до сите учесници во правосудниот систем. Ние нашиот дел како законодавна и извршна власт го завршивме го поправивме системот во раце имате ЗЈО коишто им дава право на Јавните обвинители да носат самостојно одлуки нешто поразлично од она што беше досега. Досега секој повисок јавен обвинител можеше да го преземе предметот, сега може само да дава насоки а предметот останува, и тоа е голема придобивка. Начините како ќе се избираат и како ќе се разрешуваат јавните обвинители е различен, за да не работат под притисок во иднина.

Сега се судовите на ред треба да се прочистат, да се извадат предметите од фиоки и треба да се казнат оние кои чуваа предметите, затоа што правдата мора да дојде и правда мора да има за сите. Затоа никој да не се чуди зошто уште чекориме за правда. Вие сте на потег, рече Мираковска од маршот „Чекориме за правда“.

Сиљановска-Давкова на трибина во Велес на тема: "Ранливи категории"

Во рамките на претставувањето на клучните точки од Програмата „Македонија повторно горда“ петтата трибина на тема: "Ранливи категории". 

На трибината свое обраќање имаше кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова. Исто така, беше промовирана и аудио-верзијата на програмата „Македонија повторно Горда“. На трибината учество зедоа преставници на различни групи на ранливи граѓани.

Сиљановска-Давкова истакна:

"Оние кои ме познаваат знаат дека нема луѓе со хендикеп, туку има држави со посебни потреби, како нашава.

Член 9 од Уставот е нецелосен, мора да се прошири со лицата со посебни потреби.

Никој подобро не може да ги застапува овие лица, од самите тие, преку нивна промоција во разни сфери.

Оваа држава не смее да се откаже од лицата со посебни потреби. Можеби им треба повеќе време за изразување, но ние имаме човечка обврска да го браниме и поддржиме тоа. Тоа е само различен начин на изразување, а не хендикеп.

Јас секогаш ќе водам сметка за сите категории на луѓе, вклучително и за овие лица. Тие луѓе можат на еден поинаков начин да придонесат за развојот на општеството.

Пресреќна сум што ВМРО- ДПМНЕ даде шанса на оваа категорија на луѓе да се промовираат себеси.

Јас ќе бидам промоторка и заштитничка на ранливите категории на луѓе, за да имаат шанса да го докажат она што го знаат."

Нова Алтернатива: Сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Во изминатите две години на место каде имаше дива депонија од над 50 илјади метри квадратни направивме мега парк во Ѓорче Петров, исчистивме над 280 диви депонии, каде некој трупа отпад, загадува и заработува.

Први поднесовме кривична пријава против еден од најголемите загадувачи во Македонија и без компромис се бориме против секој што се обидува да ги труе нашите сограѓани.

Затоа за обезбедување услови за Македонија во која ќе живееме здраво и во чиста животна средина мора да се пристапи кон:

-Кривично гонење на сите кои ќе се утврди дека извршиле дело против животната средина и здравјето на граѓаните

-Да се донесе Закон за комунална полиција

-Спречување на заадувањето од големите индустриски капацитети

-Нема да дозволиме рестартирање на рудниците и мора да се изврши ревизија на сите долгорочни договори за концесии за експлоатација на минерални суровини

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

притисни ентер