Изнајдено конечно решение за обесштетување од поплавите во 2016 година

Изнајдено е решение за да може да се обесштетат жителите од поплавите во Скопско во 2016 година. 

Подготвено е законско решение со кое се е најдено конечно решение, соопшти министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Одговорајќи на новинарско прашање рече дека ќе одржат средба со претставници и дека ќе им биде соопштено решението.

– Иако се тие штети во секторот земјоделство штетите не може да ги исплати Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Се работи за штети кон земјоделци што не се исплатени од 2016 година, затоа што тогашната власт со една уредба го има скратео патот на документите. Бидејќи сите се започнати од локалните самоуправи, според Законот за заштита и спасување и таа уредба покажува дека владината комисија која ја врши проценката на штета и елаборатите каде што пристигнуваат ги пренасочува кон МЗШВ каде се во една слепа улица каде ние не можеме никако да постапиме. Тоа им е соопштено и на нив, појасни министерот Димковски.

Тој додаде дека започната е постапка и дека е најдено законско решение.

-Пред две недели се усогласени Законот за заштита и спасување, кое е под Министерството за одбрана, а последната информација е дека работната група го има усогласено, а тоа значи финансии, одбрна и земјоделство. Од кај нас е веќе пратено позитивното мислење, штом ќе се комплетира, а очекувам денеска, утре најдоцна, како владин предлог измени на Законот за заштита и спасување да биде испратен во Собранието. Тоа ќе ни овозможи токму документите што ги имаме тука во Министерството да бидат доставени до Владата каде ќе се одреди процентот за обесштетување. Ова може е начинот. Талкавме две години да го најдеме патот, но конечно е најдено законско решение, за да го исчистиме патот, рече Димковски.

Кочанчанецот кој изврши обид за убиство и побегна уапсен на Табановце

 Кочачанецот кој вчера изврши обид за убиство и побегна од местото на настанот бил лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

- На 14.09.2024 во 06.30 часот на Граничен премин Табановце М.Н. бил лишен од слобода од страна на полициски службеници, постапувајќи по претходна пријава од В.А. (38) од Кочани, дека на паркинг во Кочани на 13.09.2024, додека седеле во автомобилот на В.А. заради купопродажба на мобилен телефон, М.Н. извадил нож и со него го нападнал пријавителот, стои во соопштението од МВР.

Веднаш по добиената пријава, како што дополнуваат, се преземени соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, поднесена е кривична пријава, а М.Н. е изведен пред судија на претходна постапка и му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.

Од обвинителството во Кочани, претходно соопштија дека за 24-годишник постои основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“

Како што соопшти ОЈО, на 13 септември, во вечерните часови, осомничениот се договорил со оштетениот да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани заради купопродажба на мобилен телефон.

Кога се сретнале на наведеното место, осомничениот влегол во возилото на оштетениот, седнал на совозачкото место и започнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон.

По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот.

Меси се врати во игра и постигна два гола за успех на Интер

 Лионел Меси се врати по долго отсуство, постигнувајќи два гола и асистенција на третиот, а Интер Мајами ја победи Филаделфија Унион со 3:1 во американската МЛС лига.

Аргентинскиот напаѓач и осумкратен освојувач на „Златната топка“ нема играно за Интер Мајами од 1 јуни поради репрезентативни обврски и повреда на десниот зглоб, заработена во победата над Колумбија во финалето на Копа Америка на 14 јули.

Меси, кој продолжи со тренинзите пред три недели, постигна два гола во период од четири минути на средината на првото полувреме. Без него, Мајами забележа 8 победи и 2 порази и избори пласман во плеј-офот на шампионатот.

Луис Суарез се истакна со гол и асистенција. Тој погоди по додавањето на Меси во осмата минута од дополнителното време во вториот дел за конечни 3:1. Тоа беше 17-ти гол за Суарез сезонава. Уште еден негов гол во 45. минута беше поништен поради офсајд.

Пред неговото отсуство, Меси (37) имаше 12 гола и 13 асистенции во 12 првенствени натпревари оваа сезона.

Двата клуба продолжуваат со нови натпревари во вторник. Интер Мајами ќе гостува во Атланта, а Унион во ФК Њујорк Сити. /МИА

Приведен маж од Валандово кој запалил возило на сограѓанин

 Полицијата денеска привела 35-годишен маж од Вландово кој запалил возило на сограѓанин. 

На 14.09.2024 во 22.20 часот во Валандово полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода З.К.(40) од Валандово поради сомнение дека околу 21.40 часот во Валандово подметнал пожар на патничко возило „опел“ со валандовски регистарски ознаки, сопственост на Д.Б. (35) од Валандово.

З.К. претходно и телефонски му упатувал закани на Д.Б.. З.К. е задржан во Полициската станица Валандово, извршен е претрес во неговиот дом и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Гевгелија.

притисни ентер