Германскиот автомобилски гигант ќе укине 15 000 работни места - Канал 5

Германскиот автомобилски гигант ќе укине 15 000 работни места

Германскиот автомобилски гигант Дајмлер планира да укине 15.000 работни места, значително повеќе од првично планираните, да ги намали трошоците и да мине низ тешкиот период во автомобилската индустрија, јавуваат германските медиуми.

Германскиот автомобилски гигант ќе укине 15 000 работни места

Главниот извршен директор Ола Каелениус треба утре да го објави кратењето на работни места, паралелно со објавувањето на деловните резултати, пишува деловниот весник „Ханделсблат“, повикувајќи се на неименувани извори во компанијата.

Компанијата ќе се обиде да го намали бројот на вработените нудејќи им им отпремнина, односно предвремени или делумни пензии. Тие имаат за цел да ги намалат трошоците за повеќе од 1,4 милијарди евра, со оглед на тешката состојба во германскиот автомобилски сектор, додава весникот.

Досега луксузниот производител на автомобили од Штутгарт, во сопственост на Мерцедес-Бенз, планираше да намали 10.000 работни места.

Дајмлер одби да го коментира извештајот на Ханделсблат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Придвижија воз, долг 7,6 километри со 696 вагони- веруваат дека соборија светски рекорд (ВИДЕО)

Јужна Африка успешно лансираше товарен воз со необични димензии, долг 7,6 километри, со вкупно 696 вагони!

Придвижија воз, долг 7,6 километри со 696 вагони- веруваат дека соборија светски рекорд (ВИДЕО)

Овој огромен воз успешно го заврши пробното возење, а државната компанија Транснет верува дека ова постави нов светски рекорд за товарни возови.

Сериозен инженерски предизвик

Зафатот беше извршен на 18 октомври 2026 година на железничката пруга што го поврзува заливот Салдана, на западниот брег на земјата, со рударскиот регион на Северниот ’Рт. Во текот на два дена, возот помина приближно 860 километри и успешно ја заврши предвидената рута.

Зад овој проект стои сериозен инженерски предизвик. Преместувањето на речиси 700 меѓусебно поврзани вагони бара прецизна координација на моќноста на локомотивите и контрола на огромните сили што се јавуваат при забрзување, сопирање и минување низ одредени делови од железницата.

За да се постигне ова, Транснет користеше електрични и дизел-електрични локомотиви распоредени по целиот воз.

Сите локомотиви работеа синхронизирано, користејќи радио-базиран систем за дистрибуирана влечна сила познат како Радио Дистрибуирана Моќ. Оваа технологија овозможува влечење и сопирање да се распределат на различни точки по должината на возот, што го олеснува управувањето со екстремно долгиот воз.

YouTube video

Сите вагони беа празни

Интересен детаљ е што сите 696 вагони беа празни за време на пробното возење. Ова не беше нормална комерцијална операција, туку технички тест насочен кон испитување на однесувањето на воз од оваа големина и подобрување на идните операции за тежок транспорт.

Доколку резултатот биде независно потврден, тоа ќе значи дека јужноафриканскиот воз го надмина рекордот што го држи Австралија од 2001 година. Во тоа време, рударската компанија BHP користеше товарен воз од 7,353 километри со 682 вагони, објавува Diario UNO.

Транснет ќе ги анализира податоците собрани за време на пробното возење, а потоа ќе ги спореди со симулациите направени пред тестот.

Добиените податоци треба да помогнат во подобрувањето на распоредот на локомотивите, системите за сопирање и стратегиите за управување со екстремно долги товарни возови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апел од родителите на повредената Сара - „Не сакаме протести, туку правда“

Семејството на Сара во разговор за порталот OHRID1 кажало дека не поддржува протести за случајот...

Апел од родителите на повредената Сара - „Не сакаме протести, туку правда“

Тие се заблагодаруваат за огромната поддршка од јавноста, но по последниот развој на настаните во Обвинителството и повторното определување притвор за осомничениот, велат дека во овој момент единствено им се потребни мир и закрепнување на нивната ќерка.

Родителите нагласуваат дека нивната борба нема никаква политичка заднина, ниту пак сакаат трагедијата на нивната ќерка да биде искористена за политички цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неизвесна е судбината на 12 членови на екипажот во потонатиот брод во близина на брегот на Бугарија

Бугарија добила повик за помош од товарен брод што потонува во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море.

Неизвесна е судбината на 12 членови на екипажот во потонатиот брод во близина на брегот на Бугарија

Бугарија добила повик за помош од товарен брод што потонува во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, а судбината на 12-те членови на екипажот сè уште е непозната, соопшти денеска Министерството за транспорт на земјата.

Бродот што пловел под сомалиско знаме превезувал три тони пченица на големо од Романија до Египет, се вели во соопштението. Два бугарски, еден романски и еден турски бродови се испратени на местото на настанот.

Причината за инцидентот сè уште не е позната, а се случил во време на серија напади со беспилотни летала врз бродови покрај бреговите на Бугарија и Романија, за кои експертите велат дека се дел од војната на Русија против Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер