Русин убил педофил и ја спасил жртвата , а сега му се закануваат 15 години затвор (ВИДЕО)

Владимир Санкин, механичар од градот Уфа во Русија, убил осуден педофил , а сега му се заканува затворска казна од 15 години.

Педофилот, 54-годишниот Владимир Зајцев киднапирал момче и се заканил дека ќе го расече со секира ако не се соблече.

Две момчиња влегле во станот на педофилот да се загреат, а кога влегле, тој ги замолил и двајцата да се соблечат. Сепак, едно од момчињата успеало да избега и да го извести Санкин за тоа што им се случува.

Во паника, му пришол и му кажа сè што се случило. Санкин отишол во станот без размислување и го слушнал момчето како плаче. Го ослободил, а потоа го претепал педофилот до смрт со дрвен стап пред да дојде полицијата.

Зајчев, кој им подлегнал на повредите, неодамна отслужил затворска казна за сексуално напаѓање на деца.

„Не очекував дека ќе умре. Јас спасив две деца ... од него“, изјави Санкин.

Тој бил приведен и обвинет за намерно предизвикување телесна повреда што резултира со смрт на жртвата од небрежност.Сепак, јавноста го поддржува и бара обвинението да се отфрли.Десетици илјади луѓе потпишаа петиција во која се бара ослободување на Санкин.

Тој во моментов е во куќен притвор и ќе остане таму до крајот на истрагата.

Сем Асгари ја брани Бритни по изјавата на поранешниот дека нејзините деца не сакаат да ја видат

Сем Асгари, сопругот на Бритни Спирс, се огласи по изјавите на поранешниот сопруг на пејачката, Кевин Федерлајн.

Имено, Федерлајн изјавил дека децата „не сакале да ја видат Бритни и не сакале да одат на нејзината свадба“. Спомна и како се чувствуваат непријатно бидејќи Бритни објавува разголени фотографии на Инстаграм.

„Му посакувам сѐ најдобро и се надевам дека ќе гледа попозитивно во иднината за доброто на сите вклучени. Но засега чувајте го името на мојата сопруга надвор од јавноста“, напиша Асгари на Инстаграм.

„Неодговорно е да се даваат такви изјави. Момчињата се многу паметни. Наскоро ќе наполнат 18 години и ќе можат сами да носат одлуки. Ќе сфатат дека е тешко да се има татко кој не направил многу да биде пример за нив. Ова наскоро ќе заврши. Не го познавам лично Кевин и немам ништо против него, освен што ја клеветеше мојата сопруга“, додал Сем, пренесува Page Six.

Потсетуваме, по изјавата на Кевин се огласи и Бритни.

"Тажно е да се слуша мојот поранешен сопруг како зборува за односот помеѓу мене и моите деца. Како што сите знаеме, никому не му е лесно да се одгледуваат тинејџери. Ме загрижува фактот што причината се базира на мојот профил на Инстаграм. Беше многу пред Инстаграм.Им дадов сѐ...Само, мама ми рече дека треба да им ги дадам на нивниот татко...“, напиша пејачката на Инстаграм.

Инаку, Кевин Федерлајн и Бритни Спирс беа во брак од 2004 до 2007 година.

Трифун Костовски утре во „Жешко политичко лето“

Утре (9.8.2022 година) во „Жешко политичко лето“ ќе гостува бизнисменот Трифун Костовски.

Доколку имате прашања до нашиот гостин испратете ги најдоцна до 12 часот (9.8.2022 година) на електронската пошта: [email protected] Ве молиме доколку сте од политичка партија праќајте од вашите официјални електронски пошти, а доколку сте граѓани, пишувајте ни од вашата електронска пошта, но прикачете и ваша фотографија.

Украинците тврдат: Спречивме руски атентат на нашиот министер за одбрана (ВИДЕО)

Двајца мажи кои работеле за руските разузнавачки агенции се уапсени за планирање на атентат врз украинскиот министер за одбрана и шефот на украинската воена разузнавачка служба.

Ова го соопшти денеска украинската безбедносна служба СБУ, која објави и видео за кое тврди дека го прикажува апсењето на руските атентатори.

СБУ објави дека открила план на руската воена разузнавачка агенција ГРУ, чии саботери планирале да го убијат украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, шефот на украинската воена разузнавачка агенција Кирил Буданов и познат украински активист.

Руските разузнавачи им ветиле на атентаторите од 100 до 150 илјади американски долари за секој од трите атентати, соопшти СБУ.

притисни ентер