Мизрахи: Директорите на центрите за социјална работа биле под притисок од дополнителната заменичка Шкријељ

Директорите на центрите за социјална работа биле под притисок и добивале конкретни насоки, преку мобилна апликација од дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ.

Да одговорат позитивно во врска со измените на законот за социјална заштита, обвини техничката министерка Рашела Мизрахи.Таа додаде дека е симптоматично што од сите директори на центрите за социјална работа добивале идентични одговори.

Мизрахи вели дека и за време на нивните посети на социјалните центри наидувале на парализирани вработени, кои шепотеле и преку ливчиња со информации и давале дознаење дека системот нема да биде функционален, велејќи дека тоа укажувало на страв.

Од кабинетот на Шкријељ велат дека Мизрахи со ширењето на лаги и невистини докажува само дека работи против интересот на граѓаните, додавајќи дека граѓаните треба да да ја знаат вистината, односно дека центрите работат без пречки и само за бенефит на граѓаните.

Рашела Мизрахи вели, ваквите прашања треба да ги решаваат во рамките на министерството, а од нејзиното доаѓање, раката била подадена повеќе од еднаш и дека се оддржани неколку состаноци, но од спротивната страна немало добра соработка и сега веќе излегувале на виделина докази за опструкции на работата на кабинетот.

„Златаната топка“ на Марадона од Мексико во јуни оди на аукција

„Златната топка“ која поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Диего Армандо Марадона ја доби во 1986 година за најдобар играч на Мундијалот во Мексико, ќе се најде на аукција во јуни оваа година, објави денеска аукциската куќа Агутес.

Аукцијата треба да се одржи на 6 јуни, а вредноста на Златната топка се уште не е проценета. Претставници на аукциската куќа најавија дека од продажбата на Златната топка очекуваат милиони евра.

Во финалето на Светското првенство во 1986 година, Аргентина ја совлада Западна Германија со резултат 3:2.

Марадона ја доби „Златната топка“ за најдобар играч на Светското првенство во Мексико. На СП во Мексико постигна пет гола.

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина во ноември 2020 година.

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

притисни ентер