Средба на министерката Мизрахи со генералниот секретар на Црвен Крст Саити

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска имаше работна средба со генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.

На средбата, како што информираат од МТСП, се потврдила партнерската соработка воспоставена децении наназад во интерес на создавање услуги за најранливите категории на граѓани и на повозрасните лица.

-Црвениот крст е партнер на МТСП во заштитата и поддршката на бездомните лица. Изминатите неколку години Министерството и Црвениот крст отворија пунктови во повеќе градови во државата, во периодот од годината кога се прогласува ладен бран. Министерството за труд и социјална политика обезбедува финансиски средства за поддршка на бездомните лица во текот на овој период од годината, информираат од МТСП.

Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст успешно соработуваат во обезбедувањето поддршка за повозрасната популација во Дневните центри за стари лица, како и поддршка во обезбедување дневни услуги за лица со интелектуална попреченост.

На средбата било потенцирано дека заедничката успешна сработка ќе продолжи и во иднина со цел поддршка и помош на најранливите граѓани на нашето општество. /МИА

„Златаната топка“ на Марадона од Мексико во јуни оди на аукција

„Златната топка“ која поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Диего Армандо Марадона ја доби во 1986 година за најдобар играч на Мундијалот во Мексико, ќе се најде на аукција во јуни оваа година, објави денеска аукциската куќа Агутес.

Аукцијата треба да се одржи на 6 јуни, а вредноста на Златната топка се уште не е проценета. Претставници на аукциската куќа најавија дека од продажбата на Златната топка очекуваат милиони евра.

Во финалето на Светското првенство во 1986 година, Аргентина ја совлада Западна Германија со резултат 3:2.

Марадона ја доби „Златната топка“ за најдобар играч на Светското првенство во Мексико. На СП во Мексико постигна пет гола.

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина во ноември 2020 година.

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

притисни ентер