Во хеликоптерска несреќа загина НБА ѕвездата Коби Брајант (ВИДЕО)

Легендарниот кошаркар загина на 41- годишна возраст во страшна хеликоптерска несреќа во Kалифорнија , со уште четири лица .Никој не го преживеал падот на неговиот приватен хеликоптер.

Според американските медиуми , никој од петте во хеликоптерот, не ја преживеал несреќата .

Легендата во НБА, Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Коби Брајант почина во хеликоптерска несреќа во близина на местото Калабасас во Калифорнија во неделата наутро .

Коби патуваше со најмалку 3 други лица во неговиот приватен хеликоптер кога се урна , по што избувна пожар, јавуваат американските медиуми . Персоналот за итни случаи одговорил, но никој во леталото не преживеал.Потведено е дека загинале сите 5 лица . Сопругата на Коби , Ванеса Брајант не била меѓу патниците во хеликоптерот .

Очевидци го слушнале моторот на хеликоптерот како пука пред падот. Причината за несреќата ќе се дознае по истрага.

Коби често го користел хеликоптерот за патување, и тоа со години , од времето кога играше за Лејкерс. Тој беше познат по патувањата од Њупорт Бич, Калифорнија до Стаплес центарот во ДТЛА со неговиот хеликоптер Сикорски С-76.

Коби зад себе ја остави неговата сопруга Ванеса и нивните четири ќерки - Џана, Наталија и Бјанка и нивното новороденче Капри.

Коби неодамна беше забележан на НБА натпреварите со неговата ќерка Џана - самата кошаркарка на која и се предвидува богата кариера . Нивната најмлада ќерка, Капри, е родена во јуни 2019 година.

Коби се смета за еден од најголемите НБА играчи на сите времиња – Учествувал во 18 тимови на All Star во текот на својата 20-годишна кариера со Лејкерси. Тој беше пик на првиот круг во драфтот во 1996 година, освојувајќи 5 НБА првенства, 2 МБП финалиња во НБА и беше МВП на лигата во '08 година.

Лејкерс славно ги пензионираше двата дресa на Коби, со број 8 и 24 ... единствениот играч во тимската историја што ја доби таа чест.

Во тек е истрага за инцидентот - што се случи во неделата наутро.Според извештаите, хеликоптерот експлодирал откако удрил на земја.

Смртта на легендата предизвика шок во целиот свет , а кошаркарите на НБА се простуваат од него на социјалните мрежи .

Sвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, твитна: „Не, ве молам, се тресам ова не може да биде вистина, ве молам“.

Фудбалерот на Кливленд Кавалирс, Кевин Лав напиша: "Те молам не. Те молам, не Боже. Не може да биде точно".

Тристан Томпсон додаде: „Се надевам дека не е вистина !!! Не Коби“.

Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден, упати честитика до православните верници.

-Честит и вековит нека ни е денешниот најголем христијански празник Воскресение Христово - Велигден. На сите кои го празнуваат денешниот празник им посакувам здравје, радост и благосостојба во домовите. Повикувам на хармонија и на обединетост во нашето општество. На овој најголем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон добри дела и иднина, се посочува во честитката.

Велигден, се посочува, носи голема духовна сила, но и порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех.

-Денешниот празник ја симболизира победата на животот над смртта, тоа е силна порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех, особено кога се работи за заедничкото добро. Овие големи празници носат голема духовна сила, да ги празнуваме секогаш заедно, во радост и спокој. Христос Воскресе!“, порача во честитиката претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Притвор за осомничен за спречување полициски службеници да фатат побегнат затвореник

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие .

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

- На 2 мај, во куќа на улицата ,,Димката А. Габерот” во Кавадарци, двајца инспектори од МВР преземале службено дејствие – фаќање побегнат затвореник од КПУ Гевгелија, кој бил роднина на сега осомничениот. Затвореникот давал отпор при обидот да биде лишен од слобода за доизвршување на затворската казна, во што сега осомничениот го поддржал, се нафрлил врз еден од полициските службеници, го влечел и го гребел, нанесувајќи му телесни повреди, се вели во соопштението од Обвинителството.

Затвореникот успеал да се ослободи и да побегне, но подоцна бил фатен и вратен во затворот. Осомничениот исто така избегал во прв момент, но бил лишен од слобода, а по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Кавадарци му определил притвор во траење од осум дена, се наведува во соопштението.

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Христовото страдање за човештвото и неговото воскреснување треба да ни помогне заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици. 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по повод големиот христијански празник Велигден до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски-македонски г.г. Стефан и до сите православни верници, посакувајќи празничните денови да поминат во добро здравје, неизмерна радост и среќа, исполнети со духовен мир и хармонија.

-Христовото страдање за човештвото и неговото воскреснување треба да ни помогне заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици. Да се спротивставиме на сите непогоди, да ги победиме искушенијата, да бидеме солидарни едни кон други и да ги отвориме нашите срца за безусловна љубов, сочувство и заедништво, истакнува спикерот Митрески.

На овој Велигден, се нагласува во честитката, да ги искористиме празничните моменти и да споделиме радост и среќа во семејството, помеѓу нашите најблиски, пријателите, познаниците, но и сите оние на кои им е потребна помош и поддршка.

-Да споделуваме, да пружиме рака, да шириме добра мисла и љубов и да му се радуваме на животот. Велигден, како празник на надежта, нека донесе благосостојба и сплотеност во нашите срца за сите, независно на која вероисповед припаѓаат. Заедно да посакаме подобар свет, повеќе емпатија и разбирање, свет без конфликти, со тенденција сите недоразбирања да се решаваат со дијалог и компромис, стои во честитката од претседателот на Собранието Митрески до поглаварот г.г. Стефан и до православните верници.

притисни ентер