Лефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанин
1Лефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанин
СветПожари , потоа дождови и град , а сега на Австралија и се закануваат отровни пајаци (ВИДЕО)Австралија веќе се соочи со екстремни пожари и град, пренесува Си-Ен-Ен. Сега експертите ги предупредуваат луѓето да внимаваат на смртоносните пајаци, затоа што се создадени совршени услови во кои можат да преживеат.Влажните шумски области во источна Австралија стануваат природно опкружување за неколку видови пајаци познати по нивниот многу токсичен отров што дејствува брзо. Меѓу нив е и пајакот Мите од Сиднеј (Atrax robustus). Во средата, во австралискиот Парк на влекачи, кој се наоѓа во Сомерсби, Нов Јужен Велс, беше речено дека активноста на пајаците се засилила последните денови. „Поради неодамнешните дождови и врелите денови како што се сега, очекуваме овие пајаци да започнат да се движат наоколу“, вели портпаролот на паркот Даниел Румси. „Сиднејските пајаци се потенцијално една од најопасните на светот кога станува збор за ефектите од нивниот отров и затоа мораме да ги третираме многу сериозно“, додава Румси. Австралија е опустошена од најтешките пожари забележани со децении, во кои што загинаа најмалку 28 луѓе, а над 3.000 домови се уништени во Нов Јужен Велс. Невремето со дожд донесе освежување во одредени области минатата недела, но поројните поплави создадоа нови ризици. Делови од Југоисточна Австралија се погодени од град со големина на топка за голф, доволно силни за да пробијат прозорци на автомобилите и да повредат птици. Тоа се случи по помалку од 24 часа откако регионот беше погодена од силни песочни бури. Ворен Бејли, сопственик на компанија за контрола на штетници во Сиднеј, рече дека овие пајаци обично се активни во текот на летото, но нивната сезона започна подоцна оваа година, бидејќи изминатите неколку месеци времето беше многу суво. „Нивниот отров е доста токсичен и може да убие човек. Овој вид пајак сега се појави заради дождовите што паѓаат и можат да влезат во домовите од под земјата или низ покривите“, вели Бејли. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанинВенко Филипче како прв човек на СДС, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи.Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите. Непокренувањето на обвинение е се, само не е доказ дека Филипче е невин. Зошто? Бидејќи од предметот за модуларната во Тетово, се гледа дека Филипче воопшто не го интересирало мислењето на вработените во Министерството за здравство и стручните лица. На вработените им било јасно дека Филипче сторил криминал во случајот со 19 модуларни болници. Поточно, ова било видливо од фактот што ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот на Филипче, изготвен по пожарот во модуларната болница во Тетово, а со цел тој да се спаси од одговорност. Почитувани, сведочиме на низа на пропусти при процедурата и самото поставување на модуларните болници. Воедно, факт е само тоа што Филипче не отстапувал од своја идеја. А сите знаеме дека резултат од тоа се изгорени 14 пациенти во модуларната во Тетово. Затоа талогот од СДС, заедно со првиот човек Филипче можеби е најдобро да не кажуваат дека се грижат за здравјето на граѓаните, бидејќи сите сведочиме како завршува нивната грижа, со мртви пациенти. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМФ: За првпат национален испит и сертификација на внатрешните ревизори во јавниот секторЗа првпат во земјава, преку Министерството за финансии, ќе се спроведе национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор.Ова претставува значаен исчекор во унапредувањето на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор и е дел од континуираните активности на Министерството за финансии насочени кон поодговорно, потранспарентно и законско работење на институциите. Со организирањето на националниот испит, за првпат преку Министерството за финансии се воспоставува национална сертификација на внатрешните ревизори во јавниот сектор, со што се создаваат услови за натамошно професионализирање и зајакнување на оваа значајна функција во институциите. Спроведувањето на испитот и сертификацијата на внатрешните ревизори ќе значат директно зајакнување на капацитетите на единиците за внатрешна ревизија кај субјектите од јавниот сектор. Истовремено, ова претставува уште една конкретна потврда на заложбите на Министерството за финансии за зајакнување на механизмите за борба против корупцијата и обезбедување законско и одговорно работење на субјектите од јавниот сектор. Воспоставувањето на националниот испит е значајно и од аспект на европскиот интегративен процес. Со неговото организирање се прави чекор кон целосна реализација на препораките на Европската Унија во овој сегмент од Поглавјето 32 – Финансиска контрола, а воедно се придонесува и кон успешна реализација на следните чекори од Реформската агенда во оваа област. Материјалите за подготовка и прашањата за испитот веќе се објавени на веб-страницата на Министерството за финансии. Испитните материјали се подготвени со техничка и експертска поддршка од Европската Унија за Министерството за финансии – Централната единица за хармонизација. Министерството ја изразува својата благодарност до Европската Унија за поддршката во реализацијата на овој значаен процес. Министерството за финансии во периодот што следи навремено ќе ја информира јавноста за следните чекори во процесот на организирање и спроведување на испитот за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор. За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот, заинтересираните може да се обратат до Централната единица за хармонизација при Министерството за финансии.Тагови: Министерство за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУнгарија се сомнева во измама: 17.000 респиратори купени за време на КОВИДУнгарското Министерство за надворешни работи поднесе кривична пријава до обвинителството поради сомнение за измама и други кривични дела поврзани со купувањето респиратори во 2020 година.Спорната набавка е извршена за време на пандемијата на коронавирусот за време на мандатот на поранешната влада, а информациите ги потврди и министерката за надворешни работи Анита Орбан, објави Ројтерс. Истрага за купувањето вредно 826 милиони евра Орбан им објасни на новинарите дека жалбата се однесува на купувањето на речиси 17.000 респиратори, чија вкупна вредност достигна 300 милијарди форинти (826 милиони евра). Таа нагласи дека министерството тогаш купило илјадници вишок уреди по надуени цени, кои во реалноста не можеле да се користат. Извор: Индекс.хрТагови: Ковид-19 Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter